Ова беше прва победа на Германија после дебаклите на Мундијалот, серијата од 4 порази и 1 нерешена средба со капак на сè очајните 1-4 дома со Јапонија во пријателски меч.
Германците го сменија селекторот Ханси Флик и додека бараат негова замена привремено од клупата ги водат Руди Фелер и Сандро Вагнер.