Аргентина ѝ одржа лекција на Италија за пехарот во Финалисима

Првакот на Копа Америка, Аргентина и шампионот на Европа Италија го одиграа натпреварот Финалисима, меч за трофеј организиран со меморандум од УЕФА и КОНМЕБОЛ. Гаучосите предводени од триото Меси-Ди Марија-Лаутаро ја растурија Италија од која се прости Кјелини.

Шампионот на Јужна Америка во силен состав дојде на „Вембли“ иако сезоната во клупскиот фудбал и официјално заврши. Аргентинците со 3-0 ја совладаа Италија.

Прв кој ја затресе мрежата на аѕурите беше Лаутаро Мартинез, на прекрасна аситенција на Лионел Меси во 29’ минута.

Пред да заврши првиот дел, Мартинез возврати со асистенција, овојпат до Ди Марија и на пауза Аргентина отиде со 2:0. Конечните 3:0 пред преполн Вембли ги постави Пауло Дибала со шут во негов стил.

Ветеранот Џорџо Кјелини горчливо ќе го памети збогувањето од репрезентацијата. Долгогодишниот капитен на Јувентус и Италија, заминува во САД каде потпиша договор со ЛА Галакси.

Бонучи, оди на одмор, доста е фудбал летово

2 јуни 2022 - 08:57