„Тој пенал требаше да биде одново изведен, зошто топката не се ни мрдна од белата точка. Ако погледнете убаво, топката навистина не се помрдна и навистина не знам што направи судијата и Дени Милс кој беше наш ривал.
Во таа ситуација, направивме само една грешка. Единствена грешка е тоа што јас не притрчав прв до топката, требаше да му додадам на Пирес. Го направивме тоа многу пати на тренинзи, но на тренинг сè е полесно. Пирес не остана мирен во дадената ситуација и не знам зошто се обиде да ја удри топката со долниот дел од копачката“, раскажа Анри во понеделничкото вечерно студио на Скај Спортс.