25.000 меча во Серија А која ја издржа само Интер

Фудбалерите на Киево и Милан во недела со почеток од 12:30 ќе имаат чест да означат голема јубилејна бројка во италијанскиот фудбал.

Италијанското фудбалско првенство под името Серија А ова коло на мечот меѓу Киево и Милан ќе го одбележи јубилејниот 25.000 натпревар. Оваа лига потекнува од 1929 година, а единствениот клуб кој не испаднал од неа е Интер.

30 сезони се одиграа со 16 екипи, 36 сезони со 18, една сезона со 21 тим, а оваа тековна 17 сезона се игра со 20 тимови.

На досегашните 24.966 натпревари, 12.278 победи оствариле домаќините, 5.115 победи гостите, а 7.603 средби завршиле натпревари.

Вкупно вo сите сезони постигнати се 63.427 гола од кои 39.165 na домаќините, 24.262 na гостите, а биле досудени 5.195 пенали. Во просек се даваат по 2,53 голови по натпревар.

Интер има рекордни 84 сезони, Јувентус и Рома по 83, Милан 82, Фиорентина 78, Лацио 73, Торино 72, Наполи 70...

Рекордниот број на настапи го држи Паоло Малдини со 647 меча во Серија А за Милан, а најдобар стрелец е Силвио Пиола со 274 гола за Про Верчели, Лацио, Јувентус, Новара.

Јувентус е лидер со 31 титула, а Милан и Интер имаат по 18.

11 март 2016 - 16:38