16 години немало премин од Реал во Барселона и спротивно

Во последните неколку години сè почесто дека Марко Асенсио ќе го напушти Реал Мадрид, а како следна дестинација изненадно се споменува Барселона. Одамна немало голем трансфер меѓу вечните ривали, а најпознат е оној на Луис Фиго кој направи голем потрес.

ТРАНСФЕРИ ОД РЕАЛ ВО БАРСЕЛОНА И ОБРАТНО

Марко Асенсио би можел да стане шести играч кој го сменил Реал за Барселона. Ако се сметаат фудбалери познати на широката публика, тоа се Фиго, Лаудруп и Луис Енрике. Претходно во далечната историја дресот на Реал за оној на Барса го смениле Хозе Куиранте (трансфер во 1906-та), Енрике Норманда (1909-та), Хозе Канала (1946-та) и Лусиен Милер (1965-та).

Што се однесува до премин од младинските категории од еден во друг клуб, последен пример датира од пред 27 години кога Луис Енрике неочекувано го сменил „Сантијаго Бернабеу“ за „Камп Ноу“.

ЛУИС ЕНРИКЕ

Талентираниот офанзивен фудбалер деибитирал во професионален фудбал на 20 години во родниот Хихон и набрзо станал важен дел од Спортинг. Во сезоната 1990/1991 клубот се вратил во Ла Лига каде Енрике постигнал дури 14 гола. Брзо го привлекол вниманието на големите клубови а најспретен бил Реал Мадрид.

Енрике бил пресреќен што ќе оди во за многумина најголемиот клуб на светот, добил и голема плата, но бавно се адаптирал. Во 2014-та во едно интервју раскажал: „Можно е дека требаше да останам во Спортинг уште една година и да се развивам во локална перспектива, а не под голем притисок каков што беше во Барса или Реал. Никогаш не сум мислел што ќе биде за мене голем клуб. Дури не сум ни сонувал за Реал Мадрид после пола година во Спортинг. Но на клубот му требаа пари“.

Реал Мадрид тогаш редовно менувал тренери и не бил постојан. Од 1989-та до 1996-та го воделе Лео Бенхакер, Џон Тошак, Алфредо ди Стефано, Радомир Антиќ, повторно Бенхакер, Бенито Флоро, Винсенте дел Боске и Хорхе Валдано.

Секој од нив во Енрике гледал нешто свое: го префрлале од крило во шпиц, од средина до последен играч за врска.

„Со соиграчите ми беше лесно да играм зошто беа висока класа. Дојдов како центарфор, а ме ставија во среден ред иако ниеднаш таму не сум играл. И што да правам? Беше тешко. Бев дури и офанзивен бек. Обично при такви услови играчот си оди“, раскажал доскорешниот селектор на Шпанија.

Во 1995-та Луис славел голема победа над Барса која Реал ја згромил со 5:0. Енрике емотивно го прославил совјот гол. Никој тогаш не можел ни да помисли дека после пола година ќе се слика во дрес на Барселона. И дека ќе биде пресреќен.

„Среќен сум и возбуден. Почнува нова ера, стара завршува. Да се замине не беше тешко, дури беше лесно. Потпишав 5-годишен договор со Реал Мадрид, го испочитував и никогаш не го нарушив“, рекол Енрике на промоција во Барселона.

Во Мадрид тој никогаш не стана идол, иако голот во Ел Класико го прославил емотивно пред навивчаите. Во одговор на ова предавство тој бил гаѓан со монети, разни предмети, бил навредуван и исвиркуван. А во Барса Лучо Енрике бил примен како што треба.

За пет години во Мадрид освоил шампионска титула, Куп и Суперкуп. За 8 сезони во Каталонија освоил многу повеќе: 2 шампионски титули, 2 Купа, Суперкуп на Шпанија, Суперкуп на УЕФА и Куп на куп победници. А после како тренер ја водеше Барселона до девет трофеи меѓу кои и тројна круна во сезоната 2014/2015.

ОД БАРСА ВО РЕАЛ ПРЕМИНУВАЛЕ ЧЕСТО, НО ПОСЛЕДНИОТ ПРИМЕР Е УШТЕ ОД 2007-МА

Маршрутата меѓу Сантијаго Бернабеу и Камп Ноу никогаш не била едноставна, иако меѓу младинците има чести премини кои не се забележани од јавноста.

Од 2007-ма се случиле шест трансфери: пет играчи ја смениле академијата на Барса за онаа во Кастиља. Најпознат беше Кико Феменија кој подоцна играше за Вотфорд во Премиер лига а сега е во Виљареал. Тој не дебитирал ни за Барса ни за Реал.

Познат е и случајот со Дани Гудјонсен, син на познатиот исландски фудбалер Ејдур. Малиот Дани почнал во академијата на Барса па преминал во Реал Мадрид но никогаш не добил права шанса. После четири години во престолнината заминал во Малме и веќе се губи на фудбалската мапа.

ПОСЛЕДЕН ГОЛЕМ ТРАНСФЕР ПРЕД 16 ГОДИНИ

Аргентинецот Хавиер Савиола пред 16 години дојде во Реал Мадрид во обид да ја возобнови кариерата, но слабо играше и за цели две години постигна само 5 гола на 29 меча. Тој во Реал пристигна бесплатно од Барселона, а подоцна доигра во Бенфика, Малага, Олимпијакос, Верона и Ривер Плејт.

„Реал ми е најтежок момент во кариерата. Кога фудбалер не игра, тогаш не е среќен во тимот. Беше тешко. Најсреќен момент ми е првата сезона во Барселона! Давав многу голови, уживав во тоа време“, рекол Савиола во 2018-та.

Пред него тивко било седум години. Во 2000-та се случи најскандалозниот трансфер за кого ден-денес се снимаат документарки. За 60 милиони евра од Барселона во Реал замина Луис Фиго. Навивачите на Барса го наведуваа, го гаѓаа со мобилни телефони и свинска глава на првото следно Ел класико.

Самиот Фиго признал подоцна дека самиот не сакал да замине и дека бил принуден.

ЛАУДРУП Е НАЈТРОФЕЕН ОД СИТЕ КОИ СМЕНИЛЕ ДЕН РИВАЛ ЗА ДРУГ

Познат е и случајот со Лаудруп. Данецот одбивал да го продолжи договорот со Барселона и бил продаден во Реал Мадрид. Во главниот град на Шпанија помина две сезони и ја продолжи маестралната, феноменална серија со пет титули по ред (4 во Барса и 1 во Реал).

„Кога се вратив на „Камп Ноу“ со Реал не беше баш пријатно. Но кога ја завршив кариерата, немаше проблеми. Често сум во Шпанија, со мене добро се однесуваат и на „Камп Ноу“ и на „Сантијаго Бернабеу“ и во Севиља и во Билбао“, рекол најдобриот дански фудбалер во историјата. 

Бернд Шустер е еден од првите современи играчи кои се решил за таков храбар премин. Тој од Барселона заминал за Реал Мадрид а после две години отишол во Атлетико Мадрид. Во Каталонија Германецот постојано правел конфликти, се карал и тепал со соиграчи, се расправал со тренери и управа и решиле да се ослободат од него.

Никогаш не бил искрено засакан ни од едните ни од другите, но подоцна го водеше Реал Мадрид како тренер од клупата.

Меѓу најпознатите играчи е и Бразилецот Роналдо кој меѓу Барса и Реал играше за италијански Интер. Георге Хаџи меѓу двата гиганти настапуваше за Бреша, Хулен Лопетеги за Логроњес, Роберт Просинечки за Овиедо а Самуел Ето во Мајорка.

Кој ќе биде следен на оваа релација?

21 февруари 2023 - 14:47