Off Topic

Трамп заминува, Кенеди се враќа

Кенеди центарот беше едно од многуте камчиња во чевелот на Доналд Трамп. Преку ноќ го смени раководството, постави свој човек, го стави своето име на чело и по некое време се најави дека центарот нема да работи две години поради неодложни реновирања. Ништо од тоа не издржа. Суд ја поништи одлуката за реименување а работници се фатија да го симнат новото име. 

„Равенка за сè“ именувана по македонски автори

Равенка која е екстремно едноставна но овозможува пресметувања на параметри што сите електрохемичари ги бараа 50 и кусур години, со цел да го најдат баш тоа - една равенка за сè! Се работи за едно од најголемите достигнувања во македонската наука (а посебно во електрохемијата) во последните неколку десетлетија, прва равенка именувана по македонски автори а доаѓа од необични и неконвенционални идеи на две млади девојки.

Саграда Фамилија е (речиси) готова

Папата го благослови завршувањето на највисоката од 18-те кули на божественото ремек-дело на Антонио Гауди во Барселона. Со тоа импозантниот објект кој се гради цели 144 години ја достигна својата финална височина од 172,5 метри. Во иднина ќе се доправа фасадата а потоа на ред ќе дојдат контроверзните скали за кои, во зависност кој план ќе се избере, можеби ќе треба да се преселат од 1.000 до 10.000 луѓе. А и Кичево-Охрид ќе биде...

Ентони Бордеин од 6.674 капачиња

Дечкото петнаесет години работел како шанкер. Позиција на која брзо отвораш пијачка и уште побрзо го фрлаш капачето. Не и тој. Други шанкери се по бакшишот, тој бил по капачињата. Ги собирал. Собрал стотици илјади капачиња. Ги сплескал, ги подредил по боја и дизајн и сега прави махерски портрети со закуцани капачиња.   

Марк Руте, човекот кој ќе ја клекне Русија

Првиот човек на НАТО е политички двовалентен. Од една страна има јако ниска точка на топење пред Доналд Трамп - му има праќано бесрамно ласкави СМС пораки, субмисивно му се обраќаше со „daddy“... Од друга страна јак е на вилица кога ѝ се заканува на Русија, порачува дека НАТО треба да биде посмртоносен... А уште од млади години е спретен, виспрен, снаодлив, жив ѓаол... 

Тргаме?

Науката не само што му ги проширува хоризонтите на човек туку и му креира шанси да сонува за далечни светови, светови ослободени од стегите на ограничените работни времиња на локалите, полициските рации и дрегери и слични овоземни секирации. Врзете се, одиме кон центарот на нашата галаксија. Е не, на периферија ќе ти седиме!   

Колку многу Палестинците се статистика за тебе од нула до Гардијан?

После децении чисто техничко известување за смртта и жртвите меѓу Палестинците, Гардијан некако природно продолжи на ист начин да пишува и за последната војна која се случува во Газа, во која според него, во ист пасос, израелската страна има „деца“ а палестинската „лица под 18 години“.

Месечина, Месечина, фејк, фејк

На Путин му кажуваат дека ВИ на Гугл и неговата неврална мрежа за анализа на фотографии кажува дека сите објекти на фотографиите од американското слетување на Месечината се лажни. „Ова не е наша анализа туку анализа на Гугл,“ му објаснува водач на истражувачкиот оддел на Сбербанк. Путин не изгледа многу изненаден. Само вика: Баш интересно.  

Кусто - Путин: Ја тебе војводо, ти мене сердаре

Лесно е на Путин да му објасниш во кој правец има забегано американскиот филм и нивните непишани но железни рамковни „квоти“ со кои се жртвува самата кинематографија на олтарот на политичката коректност, фамозната инклузивност и родовите секаквости. Оди пробај на Бајден да му го објасниш тоа а Џо да те разбере пред да заспие.  

Киргистан убер алес

Од февруари 2022 до септември 2023, бројот на население на Киргистан е останат отприлика ист од 6,7 милиони на веројатно некоја илјадарка плус, ама затоа па извозот на возила од Германија за Киргистан е зголемен за 5.500 (со букви: пет и пол илјади) проценти. И тука нема ништо сомнително ни за Германија, ни за ЕУ. Кој ги знае Киргизите што прават, може почнале по три коли одеднаш да возат.

Орбан ја сумира војната во Украина

Кога Русија прв пат ја нападна Украина во 2014, Европа се собра и го реши проблемот за кратко врем. Кога Русија втор пат ја нападна Украина, Европа реши војната да ја претвори во глобален проблем и сега сите губиме.

Потеклото на „патлиџанот“ како збор

Во целото видео се објаснува од каде доаѓа зборот томат / домат, а доаѓа од таму од каде што доаѓа и доматот, за на крај од спунт да го спомене асирискиот збор за црн патлиџан „бадимџан“ што звучи најблиску до патлиџан. За „френки“ уште нема абер.

Да ти се смачи колку многу треба да пазиш да не те хакнат

Постои нешто што се вика О.МГ кабел, личи на кој било УСБ-Ц кабел, само разликата е што во едниот конектор има сместено мини-компјутер и вифи, кои на првото приклучување во УСБ портот на твојот компјутер почнуваат да роварат по него. А и не е нешто скап, околу 200 долари е.

Е не, само од милион евра ќе прават свадба

Во Версај се случи свадба од 59 милиони долари, за која беше закупена целата палата, а пееа Марун 5, кои за првиот танц напишаа и сосема нова песна. Младите се извесна Меделин Броквеј, 26-годишна наследничка на ланец на авто-салони во Флорида и нејзиниот долгогодишен дечко Џејкоб Лагрон. Како што изгледаат снимките од свадбата пирошки сигурно немало.

Ајде да ја видиме Кина

Вакви сцени порано гледавме главно од Америка или Јапонија. Кина беше резервирана за сцени на колективен чемер и комунистичко сивило. Сега од Америка стигаат сцени од бездомници во Холивуд, мигранти на јужната граница или наркомански зомбија во Филаделфија и Балтимор. И како во басната на Езоп, додека американскиот штурец чекаше да го вратат на бис, кинеската мравка вредно работеше.

Како луѓето и ВИ ќе ја поделат планетата, според мозокот зад ЧатГПТ

Без да се оспорува улогата на Сем Алтман во создавањето на ЧатГПТ, консензусот е дека Русинот Илја Суцкевер (инаку ко-основач на ОпенАИ) е генијалецот зад целиот проект и достигнувањата што ги имаат во полето на ВИ. Пред некое време тој објасни како според него треба да изгледа коегзистенцијата меѓу човештвото и вештачката интелигенција.

Деца не треба да се тепаат, ама па види колку се воспитани

Вака високо ниво на свесност околу сопствените грешки и последиците од истите не е видено на нашиве простори па можеби најмалку 20 и кусур години. Главната промена од видеото до сега е тоа што на ќотекот со децении тераат црна кампања.

Тага по фрижидерот на тато и мама

Една од животните лекции гласи: Додека не почнеш да живееш сам и сам да го полниш фрижидерот немаш поим колку биле богати татко ти и мајка ти. Како што ќе каже девојкава „три путера имаат“.

Микеланџело на Екселот

Кога се пензионирал, решил дека сака да слика. Ама, 77 годишниот Тацуо Хориучи ќе да е скржав човек, па не му се давале пари за платна. четки и бои. Постојат и одлични компјутерски програми за цртање и сликање но и тие треба да се платат. Така стариот доаѓа до финансискиот Ексел на кој во меѓувреме се има екселент навежбано. Денес се жали дека сликите тешко се продаваат.

Колку опасно беше чистењето на Чернобил

Тешко се забораваат оние сцени од серијата Чернобил кога за расчистување на радиоактивниот хаос се јавуваат доброволци (додуша, немало само доброволци). Она што серијата го покажуваше на еден начин, оваа табела за нивото на радијација на која биле изложени луѓето го покажува уште пореално и подраматично.

Девојката со точакот

Еве едно дупло уживање: и во вештините на девојката и во преубавиот, питом и мирен австриски пејсаж. Кај нас малава не би имала ни шанси вака да се навежба, пошто навреме ќе ја реши некое брзо збогатено залетано говедо со бесна кола.

Мосад и атентатот на Кенеди

Мартин Сандлер, автор на „Писмата на Џон Кенеди“ вика заборавете на ЦИА, Линдон Џонсон, Кастро и други „usual suspects“ за атентатот. Кенеди направил фатална грешка кога на основачот на израелската држава, Бен Гурион, му пишал дека Израел не смее да поседува нуклеарно оружје. После ова, едниот се простува од премиерската функција, другиот се простува скроз.

Продадени души вегански

Ако некогаш ве интересирала до каде е границата на веганските убедувања и од каде почнуваат да попуштаат, кај овие на клипов тоа е некаде околу 1.000 евра.

Украина нема да види мир

Процената на Џон Мершајмер е дека во најдобар случај Украина ќе добие замрзнат продолжен конфликт, во најлош случај, освен сегашните 4, Русија ќе сака да освои уште 4 соседни области. Шансата за мир беше во април 2022, и таа е неповратно изгубена.

Да ви воведеме нов страв околу ВИ, ЧатГПТ и Алтман

Исклучително пристојната индустрија зад вештачката интелигенција во петокот беше раздрмана од неочекуваната одлука за отпуштање на ЦЕО-то на ОпенАИ и еден од ко-авторите на ЧатГПТ, Сем Алтман. Се работи за исклучително важен лик, кој стои зад веројатно најважниот изум по интернетот, што само по себе е премногу големо за да мине без неколку верзии на настаните.

Правнук ли е „Лудиот“ на Анте Павелиќ?

Актуелниот претседател на Чиле, Габриел Бориќ, по потекло е од хрватскиот остров Угљан, но таа фамилија има мигрирано уште во 1897 година. Многу поинтригантна е семејната историја на новоизбраниот аргентински претседател: наводно мајка му на Хавиер Милеи, Алисија Луциќ, е внука на усташкиот поглавник Анте Павелиќ кој во 1948 бега во Аргентина.    

Харвард, храм на неслободата

Не знаеме дали ја фативте таа вест, ама престижниот Харвард годинава успеа да добие полош извештај и од оној на Европската комисија за Македонија. Некаде во септември, тој беше прогласен за најлошо рангиран американски универзитет во поглед на слободата на говорот. Муабетат Морган и Питерсон, кому екс колеги од Харвард му кукаат какви времиња дошле.

Песно моја, прејди на друг

Иако снимкава предизвика многу зајадливи коментари од типот „вака ли изгледа победничка војска?“, „украинската војска е полна со млади и мотивирани војници“и слични сеири, дечкиве стварно се греота. Елем, на регрути на Украина им викнале некоја певаљка малку да ги развесели. Ко да не им е јасно дека одат во кланица. Пазете ги тие лица.

Дали капитулацијата вака изгледа?

Најмногу што полицијата на Лос Анџелес може да превземе во врска со криминалот и грабежите што им се случуваат по нивните улици и продавници, е да ги предупреди граѓаните да не изгледаат скапо, а ако се затекнат сред групно пљачкосување да најдат место да се скријат.

Златно славејче на израелски начин

Семето на омразата не само што одамна е посеано е таму, туку својски се работи на јакнење на новите фиданки. Израелска ПР компанија пушти видео на песна која се вика „Пријателска песна.“ Во неа деца од Израел пејат како за една година ќе ги уништат сите во Газа. „За една година таму ќе нема ништо а ние безбедно ќе се вратиме во своите домови.“ Баш пријателска песна.