Пола век бевме пред Французите

„Франција стана првата држава во светот која со устав го заштити правото на абортус!“ Вака деновиве консензуално гласат насловите во западниот печат за веста дека францускиот парламент со огромно мнозинство го внесе правото на абортус во својот устав. Браво за Французите, Билобил за сите оние кои заборавија дека некогаш постоеше Југославија.

Во уставот на СФРЈ од 1974 година беше внесена одредба која гласи:

„Човек има право слободно да решава за раѓањето деца. Ова право може да се ограничи само заради заштита на здравјето.“

„Во тогаш новата југословенска политика, тежиштето на здравствената заштита беше ставена на превентивната дејност. Лекарите сметаа дека одредбите на новиот устав треба да се толкуваат како обврска за сите, а не само за здравството и гинеколозите. На тој начин, согласно законските решенија, во сите републики и покраини приоритетно стана масовна едукација за примена на современи контрацепциски средства, за што задолжени беа здравствените, социјалните и образовните институции“, пишува Ивана Милановиќ Храшовец во својот осврт на генезата на семејното планирање во Југославија.

********

5 март 2024 - 12:18