Off Topic

ВИ во одбрана на шефицата

Машинеријата на ЕУ има официјални алатки за вештачка интелигенција кои треба да им помогнат на функционерите и службениците во нивната работа. Ок. Германската европратеничка Кристине Андерсон поставила легитимно прашање: „Како да се ослободиме од Урсула фон дер Лајен како претседателка на ЕК?“ Системот веднаш ја блокирал заради прекршување на политиките за безбедност.

Коста Бургов има две солзи. Замрзнати.

После долга пауза, карактеристична за автори кои внимаваат на квалитетот (Ник Кејв, Боб Дилан...), еве ни го пак струмичкиот билбил. Песната почнува како да ќе грмне некој Далматинец од типот на Мишо Ковач но Коста ќе ја локализира и омекне со својот лирски вокал. Филозофска е, за смислата на животот, успехот... па и за смислата на самата физика: иако солзите биле замрзнати, тоест во тврда агрегарна состојба, тие сепак протекле низ неговото напатено лице „полно со неизвесности.“     

Лесни пари за лесни луѓе

Овде луѓе се заглавени по кладилници и мања-веча, но, во светот, главен муабет за комарџиски рефлекси се таканаречените пазари за предвидување во кои се влезени големи пари и бизнис империи (Трампови и други). Најголем меѓу нив е Полимаркет, бизнис проценет на 15 милијарди долари. Анализирале 1.100 видеа за да докажат дека за да с'скаат народ, Полимаркет плаќа за видеа со фејк добивки.

Екс Југославија како расадник за Светско

Иако просторите на поранешна Југославија имаат население кое изнесува само 0,2 проценти од светската популација, фудбалерите со етничко потекло од овие краишта прават 7,6% од играчите на Светското првенство во фудбал 2026 година и играат во дури 28% од присутните репрезентации.

Кога државник си ја почитува земјата, и империите знаат да се повлечат

Да ви раскажеме една епизода од богатиот политички и државнички живот на Ли Куан Ју, човекот кој се смета за татко на модерниот Сингапур која објаснува зошто тој се смета за еден од најголемите државници во 20-тот век. Личниот интегритет на еден лидер не е само квалитет кој важи за него, тоа е и капитал кој тој го вложува во градењето доверба и долгорочна успешност на една нација.  

Што се мисли таа Каталонија?

Во Каталонија (формално, Шпанија) некој продава имот со куќа, лозје и пар дребулии. Цената е мрсничка, 825.000 евра, но, почекајте ви кажеме што сè следува во таа цена па подоцна сами направете споредба со цените во Скопје и другите наши „велелепни“ средини.

Како Меси ги троши своите пари?

Мајсторот многу држи до својата приватност. Веројатно тоа му помага да обрнеме внимание на неговата игра, а не на она што го прави надвор од теренот.

Шапел се отвори кај Летерман

Пред десетина години Дејв Шапел требаше да почне нова сезона од Шапел шоу и едноставно не ја почна. Од сите теории што се вртеа околу случајот, на крај излезе дека тој не се појавил на снимање и дека дека цело ова време доцни за на работа. Плус за парите и за работата.

Еднаш мадафака, секогаш мадафака

Семјуел Џексон не мора да му ја мисли што да прави ако некогаш го начекаат лоши дечки во темница. Им го вади фамозниот библиски монолог од Палп Фикшн (а како што ќе видите, впечен му е во меморијата) и лошите дечки ќе завршат бледи како Кира Најтли.

Рокенрол тривија

Десетици интересни факти за рокот кои ќе ги заборавите додека сте рекле е-дур.

Баба која ескалира

Баба пред ескалатор. Попрецизно, баба која нема идеја како функционира ескалатор. Но, затоа е тука тој да ѝ помогне: Ѝ вика: "Ти само фати се за мене." Таа се фаќа, и тргнуваат....

Сонце за три светови

Само една слика. За вкупната површина која би ја зафаќале соларните панели кои би биле доволни со струја да го опслужат 1) целиот свет, 2) Европа или 3) Германија. Ако е ова точно, тогаш стварно сме идиоти како цивилизација.

Може да му се фатиме за тетрисот

Не бе, не сме остарени. Само што Тетрисот деновиве наполни 30 години! Во има не сите искинати нерви и стресови кои ни ги приредил, погледнете го ова лудило во 20 секунди: ова е првиот пат кога некој (еден Јапонец) ја срушил бариерата од 20 секунди (19.68). Грозно, грозно брзо,

Татко на годината

Цели две години татко го користи слободното време за да црта на кесите за ужина на синот. Не му одзема преголем дел од денот, цртањето обично трае половина час и тоа го прави за време на ручек, а боењето доаѓа навечер додека гледа телевизија. Резултатот е ова.

Како најбрзо се минува граница?

- Имате нешто да пријавите?" - Тоа не е најважното прашање во животот, му одговараш на граничниот службеник по што му вадиш Библија и го прашуваш дали има 10 минути за да му објасниш за што се работи. Генијално.

Како да расплачете 1.000 луѓе?

Ако сакате да имате видео спот во кој илјада луѓе заедно ќе почнат да плачат, сè што ви е потребно е: а) да имате илјада чили пиперчиња (ghost chill, најлутите) и илјада храбри луѓе кои не се плашат да пуштат солза.

Сакате Закерберг да ви гледа на кафе?

Баш таква е оваа алатка која ви предлагаме да ја пробате. Ги анализира вашите постови на Фејсбук и врз таа основа ви нуди психолошка проценка што човек сте.

Што се случи вчера со ТвитДек

Дечкото мисли дека ова разбирливо го објаснува, ама премногу е возбуден и премногу е програмер (а ти не си) за било што од ова да ти биде разбирливо. Сепак, генерално е гневен на ТвитДек што оставиле аматерски безбедносен пропуст во својата апликација, што "никогаш, никогаш, никогаш, никогаш... никогаш, не требало да се случи."

Писмото на Стенли Кјубрик

1970-та година. Стенли Кјубрик дознава дека студиото MGM планира да сними продолжеток на неговиот филм Одисеја 2001. Нему не му се сака тоа, ама адвокатот му вика дека според договорот, имаат право на тоа. "Ако, ја ипак ќе им пишам едно писмо," вика Кјубрик.

ФИФА, мамата мамина

Пред некое време зборуваше за нет неутралност па потоа неговите фанови со срушија сајтот на американската комисија за комуникации. Овојпат Џон Оливер ѝ се намерачува на ФИФА и нејзината корумпираноста и ја прави такво ремпере да е уживање да се гледа. Многу добар, многу.

Године су прошле пуне мука

Анкета која во Франција се спроведува од 1945-та до 2004-та, со едно единствено прашање - која нација во Втората светска војна најмногу придонесе во победата над Хитлер, Германија, нацизмот?

Колку многу сакате да пишувате пораки додека возите?

Два одговора ни требаат на прашањето, пред и по гледање на видеото. Ако случајно ве откаже од пишување, кажете му фала на Фолксваген.

Не ви се оди на работа?

Ако сабајле ве фаќа мрза, не ви се мрднува од кревет а не па да го минете оној цел досаден пат до работа, разгледајте ја оваа алтернатива. Работното место е на море и имате прекрасен поглед. Уште ова да знаете и спремни сте: како изгледа смена на дежурствата на еден светилник?

10-те омилени фантастики на Нил ДеГрас Тајсон

Човекот е астрофизичар од Харвард, со посебна дарба да преџвака комплексни концепти околу физиката, вселената и општо науката, и да и ги послужи на публиката во "човечка" верзија. Освен ова посебно има мерак да уништува филмови кои безобѕирно ги игнорираат законите на физиката (како сцената од Ѕвездени патеки во Темнината, кога Ентерпрајз се крие под вода). Ова се неговите омилени научно-фантастични филмови.

Baby got Bach?

Од Бинг Крозби до Прл Џем, Сиетл отсекогаш бил урбан расадник на добра музика. Тамошниот симфониски оркестар го знае тоа па паметно пробува да се очеша од брендот правејќи споеви на класична и модерна музика. Не оди виолина и рап? Кој вика?

Амбалажа со логика

Луѓето имаат многу добра поента - зошто ако млекото има рок на траење од неколку месеци, на тетрапак кутијата и се потребни десетина години за да се распадне. Нема зошто така да биде. Еве го нивниот предлог.

Водич за автомобили за идиоти

Ако се согласуваш со дефинициите од фотките, тогаш со жалење општеството сака да ти порача дека всушност ти си проблемот во сообраќајот што го бараш.

Песна на летото

Поточно песна на секое лето во изминатите 100 години. За годинава не знаеме која песна ќе ни се заглави во глава, ама еве што се случувало од 1914-та па се до Blurred Lines.

Приемен испит Хонг-Конг

Прашањето е од приемен за прво оделение. Идните првооделенци имаат 20 секунди за да го одговорат. Може и вие да се пробате. Бонус факт: во Хонг Конг очигледно имаат приемен испит за прво.