"Moscow on the Hudson" (1984), Вилијамс глуми руски саксофонист кој се сели во Њујорк.
"Good Morning Vietnam" (1987), за улогата на ДиЏеј на радиото на американската армија за време на војната во Виетнам, Робин Вилијамс доби номинација за Оскар.
"Dead Poet's Society" (1989), уште една номинација за Оскар за Вилијамс, за улогата на инспиративниот професор по англиски.
"Aladdin" (1992), Вилијамс беше перфектен избор за гласот на анимираниот дух на Дизни.
"Mrs. Doubtfire" (1993) веројатно e најдобрата комедија во кариерата на Вилијамс.
"The Birdcage" (1996), Вилијамс е татко на младоженецот, а инаку е сопственик на клуб за трансвестити.
"Jack" (1996), по неколку години комедии, во филмов Вилијамс повторно се враќа на посериозните улоги.
"Good Will Hunting" (1997), конечно Вилијамс го освојува Оскарот, за улогата на психијатарот Шон Мегваер.
"Patch Adams" (1998), докторот што со смеа ги лекуваше децата.