Off Topic

ВИ во одбрана на шефицата

Машинеријата на ЕУ има официјални алатки за вештачка интелигенција кои треба да им помогнат на функционерите и службениците во нивната работа. Ок. Германската европратеничка Кристине Андерсон поставила легитимно прашање: „Како да се ослободиме од Урсула фон дер Лајен како претседателка на ЕК?“ Системот веднаш ја блокирал заради прекршување на политиките за безбедност.

Коста Бургов има две солзи. Замрзнати.

После долга пауза, карактеристична за автори кои внимаваат на квалитетот (Ник Кејв, Боб Дилан...), еве ни го пак струмичкиот билбил. Песната почнува како да ќе грмне некој Далматинец од типот на Мишо Ковач но Коста ќе ја локализира и омекне со својот лирски вокал. Филозофска е, за смислата на животот, успехот... па и за смислата на самата физика: иако солзите биле замрзнати, тоест во тврда агрегарна состојба, тие сепак протекле низ неговото напатено лице „полно со неизвесности.“     

Лесни пари за лесни луѓе

Овде луѓе се заглавени по кладилници и мања-веча, но, во светот, главен муабет за комарџиски рефлекси се таканаречените пазари за предвидување во кои се влезени големи пари и бизнис империи (Трампови и други). Најголем меѓу нив е Полимаркет, бизнис проценет на 15 милијарди долари. Анализирале 1.100 видеа за да докажат дека за да с'скаат народ, Полимаркет плаќа за видеа со фејк добивки.

Екс Југославија како расадник за Светско

Иако просторите на поранешна Југославија имаат население кое изнесува само 0,2 проценти од светската популација, фудбалерите со етничко потекло од овие краишта прават 7,6% од играчите на Светското првенство во фудбал 2026 година и играат во дури 28% од присутните репрезентации.

Кога државник си ја почитува земјата, и империите знаат да се повлечат

Да ви раскажеме една епизода од богатиот политички и државнички живот на Ли Куан Ју, човекот кој се смета за татко на модерниот Сингапур која објаснува зошто тој се смета за еден од најголемите државници во 20-тот век. Личниот интегритет на еден лидер не е само квалитет кој важи за него, тоа е и капитал кој тој го вложува во градењето доверба и долгорочна успешност на една нација.  

Што се мисли таа Каталонија?

Во Каталонија (формално, Шпанија) некој продава имот со куќа, лозје и пар дребулии. Цената е мрсничка, 825.000 евра, но, почекајте ви кажеме што сè следува во таа цена па подоцна сами направете споредба со цените во Скопје и другите наши „велелепни“ средини.

Феноменалната презентација што не доби ниту еден аплауз

На видеово единствено лажно нешто е водителката, која е актерка, а не специјалист за маркетинг. Сè останато, секој збор што го кажува за храната и маркетингот се чисти факти. И публиката е вистинска и нејзините реакции се тотално автентични.

Натпреварот пред натпреварот

Најдобрата реклама за Бразил 2014-та до сега, што никаде не го спомнува Бразил 2014-та. Рекламата е за Beats Audio слушалките, и е сериозен аргумент зошто Оскар би требало да воведе категорија - реклама на годината. Во неа многу луѓе - Нејмар, ЛеБрон, Сања, Швајнштајгер, Фабрегас, Суарез, Серена Вилијамс, Рио Фердинант... и многу луѓе што имаат своја репрезентација за навивање на Светско. "Трчај како да си лудак што ја брка среќата."

Полициска бруталност, Норвешка

Продолжува скандинавската недела на офф.нет.мк. Овој пат двајца норвешки полицајци се справуваат со еден прилично непријатен локален алкос. Треба да се има предвид дека постапките на полицајците се под влијание на целиот товар на одговорноста од нивната работа, стресот од секојдневното справување со криминалци и генерално стравувањето за сопствената безбедност.

Бијонсе, свадбарски подготовки

Се што имаме ние да го кажеме за ова видео, Бијонсе ќе ви го каже многу подобро. Секоја чест за тој што открил како ќе и легне српско на Бијонсе, нас само нè интересира кој е процесот на размислување за да се стигне до ова.

Ко писне, говно стисне - сад!

Не ни се верува дека играва стигна и на телевизија, и тоа преку еден од најгледаните фаци, Џими Кимел. Уште еден доказ дека од устата си патиме.

Сè што е погрешно во "Гравитација"

Водителот на Космос, Нил ДеГрас Тајсон, натенане ги мези сите научни и драматуршки небулози кои ги има во еден од најголемите филмски хитови од 2013-та година. Се откачуваат од јажето и Клуни заминува? Не баш.

Велосипед кој сам држи рамнотежа

Да научиш дете да вози точак знае да биде дисциплина кичме за родителите. Особено што баш и нема што да му кажеш како се прави тоа правилно. Исто како и кај пливањето, све правиш исто и ништо не дава резултати и одеднаш - си научил! А вакa, и баба ми може.

Школски ручек, Шведска

Не сме точно сигурни што и како, ама сигурни сме дека постои основа по која ова е прекршување на човекови права во однос на нас, затоа што ние како нација сме растени на компир манџа, а они еднаш неделно во школо имаат лосос (или некоја рибетина) со неограничен зеленчук. Ова објаснува прилично многу разлики меѓу нас и нив.

Зошто комунистите пропаднаа?

Меѓу другото, пропаднаа затоа што беа глупи па сакаа све нешто да регулираат (ало, вие горе, ви текнува?). Имаме една пишурија листа на забранети песни во Украина од советското време. Не од времето на Сталин, ами од 1985-та година.

Јужна Кореја против затната ВЦ шоља

Да беше до нас, ние можевме да смислиме само многу поголем одзатнувач на ВЦ шољи. За среќа, Јужна Кореја не чека некој други да и ги реши домашните проблеми со фекалиите. Плус, вака изгледаат некако многу паметно пред цел свет. П.С. боја е.

Народна република Донетск, кадровски решенија

Министерка за култура: Наталија Воронина
Јавна Обвинителка: Марија Катасанова
Министерка за надворешни работи: Екатерина Губарева

Реакција на семејство на екстремно ослабен син

Како реагира фамилија кога првпат ќе го види синот откако ослабел 60 килограми? Да, се радуваат. Многу. Пошто веќе нема да мораат да ја хранат свињата :)

Руски православен рап

Се викаат Руска православна армија и се некаква про-руска милиција во Доњецк. За да придобијат нови регрути, снимиле православна рап песна. Ај песната ама да видите каква рап атмосфера има спотот!Грендмастер ортодокс флеш! Еден куп рамнодушни православни рап фаци седнати на рамнодушна православна рап маса. Тој со грмушката - најјак. Можда е металец.

Навиваме за Чиле

33-та чилеански рудари кои во 2010-та 69 дена беа заглавени под земја, снимија видео за поддршка на својата репрезентација кое сериозно ќе ви ги разниша симпатиите што ги имате на Мундијалот. Чиле моментално има коефициент 41 дека ќе победи на мундијалот. Рударите тоа не ги интересира.

Упатства за паралелно паркирање

Последното домашно видео на тема жена версус паркинг, ја потврди тезата дека Господ на жените им дал да живеат просечно 8 години подолго од мажите само за да им го компензира времето изгубено на паркирање. Да пробаме да помогнеме на темава:

Оди па наведни се

На Земјата ја колнеш гравитацијата кога ќе ти се испушти чекан од раце. На Месечината ја колнеш кога треба да го земеш чеканот. Астронаутот Дејвид Дјук и неговите домаќински проблеми.

Пивски стомак проговара

Немаме ништо против пивскиот стомак ама некогаш човек треба да се запраша до кога ќе тера така. А моментот кога треба да се запраша е кога самиот стомак ќе го праша: "Уште едно? Ти озбилен си??"

Немирната мисла на Карл Пилкингтон

Го седнале пред камера со една цел, да ја промовира неговата книга за патувањата низ светот. Ама тој и кога има само една цел, на памет му доаѓаат секакви работи.

Лесно е да си жена, сè додека маж не проба како е

Алтернативна реaлност во која сè е потполно исто, само што жените и мажите ги имаат сменето улогите (во општеството, не биолошките). Жените се нафрлуваат и довикуваат, а мажите се послабиот пол, возат колички и им треба заштита. Ќе видиш, исто е, ама не е исто.

Сонцето е ладно

пишува: Слаѓана Велков, првоборец против вакцината и поборник на јадење сирова храна.

Перспектива на животот

Како изгледа од твоја гледна точка, наспроти како навистина изгледа.

Балет за вас, укочени луѓе

Просечен македонски познавач на балетската уметност знае дека постои Бољшој и знае дека жена му на Мијалков се занимава со тоа. Ама, во тој свет има разни чудесии. Балетот на Вашингтон ќе ни покаже некои од најзезнатите фигури. Забавено, за да сфатиме дека не сме ние за Балет. Освен за кај оној на Зоки Панкерот.

Колку добро ти работат ушите

Целосниот распон на идеален, неоштетен човечки слух се движи од 20 до 20.000 херци. Ние на 14.500 почнавме да лажеме дека уште слушаме. Пробајте се и вие.