Off Topic

Феѓа Штукан: Паметните веќе немаат луксуз да молчат

Дојдовме до апсурд паметните да мора да се повлекуваат и да бираат зборови за да не навредат нечија плиткоумност и суета. Дозволивме алгоритмите да станат судии, а толпата што во животот не прочитала три книги да држи предавања за медицина, историја, космос и морал. Дигитални дивјаци, вооружени со тастатури и комплетно отсуство на срам. 

Продолжение на „Баталете мајки, шајки“

Иако мојата преставка се однесуваше на дел од плажите во Струга, Инспекторатот направил вонреден инпекциски надзор на целото струшко крајбрежје, проверил 36 локации и ниту една од нив немала Одобрение за урбана опрема. Станува збор за 36 локации без дозвола. Не е можно советот на општината да ја нема оваа информација.  

Трамп се прогласи за најголем

Трамп нормализираше многу глупоштини што во некои други времиња ќе нè шокираа. Замислете, на пример, Гордана Силјановска да објави топ листа на досегашни македонски претседатели на која себе ќе се стави како најдобра од сите. Баш тоа го направи Трамп, среде нерешен Ормуски теснец и рекордни цени на гориво. Ако после Трамп не го изберат Мики Маус, нема како „нормално“ да се продолжи оваа линија на лудило.

Не баш силно светнал БДП

„Луѓе, какви 35 години!“, ќе каже Џамбазов на почетокот на спотот по повод 35 години од независноста на Македонија, како најава за караванот „Силно светнал ден“. Убаво му доаѓа на човек да се потсети на промоцијата на македонските пари, голот на Шаќири, кошаркарите во Литванија, Тоше... сето тоа со „Насмеј се и главата горе“, на Ана и Игор Дурловски. Само што, тие 35 години не беа скроз за смеење. А главата (главно) беше горе зашто ако беше поднаведната, ќе си го видевме џебот.   

На Трамп со трамповска цевка

„Да коментирам диктатор кој е крал на банкротирањето?“, потпраша гувернерот на Онтарио Даг Форд кого Трамп претходно во свој стил го испонавреди и го нарече лакеј и подлизурко. „Трамп е силеџија, од оние што ги познаваме од школо, што ќе ти ја изедат ужинката и ќе ти ги украдат парите, тоа е последниот чиовек од кој би примал совети“ со иста мерка возврати Канаѓанецот. 

Ако може вака, Скопје е веќе спремно

Пловдив беше Европска престолнина на културата во 2019 година, заедно со италијанска Матера. Имаа амбициозна програма „Заедно“ со над 320 проекти, околу 600 настани: изложби, театар, фестивали, концерти, улични уметности, проекти за интеграција (особено за ромската заедница во квартот Столипиново). Но, откако рефлекторите ќе се угасат а културата ќе си ги собере парталите, ќе останат само парталите. И Столипиново.

И Линдзи го пушти Зеленски низ вода

Нашиот „омилен“ злотвор и воен хушкач меѓу американските политичари, сенаторот Линзди - до последниот Украинец - Грем, после скандалот во Белата куќа ладно му сврте грб на својот довчерашен миленик, Володимир - до последниот Украинец- Зеленски, рече дека срамно и катастрофално се однесувал во Белата куќа и предложи да размисли за оставка. Така изгледа кога веќе не си им корисен на големите.

Депресијата е божји благослов

Шуќур некој да ни каже нешто утешително и благопријатно на темата со која се бавиме и кога мислиме дека не се бавиме. Зошто депресијата е божји благослов? Затоа што тоа некогаш и за некои луѓе е единствен начин човек да биде натеран да погледне во себе. Кога работите одат добро, човек не го занима многу она внатре.... 

Не дека ни фалат, само да се потсетиме

Од времето на „нека цветаат илјада родови“ и „јас сум жртва и не знате како ми е.“ Девојката (се извинуваме ако грешиме) му вика на соговорникот  дека тоа што го рекол (што и да рекол) е мизогинија. Да, можеби било мизогинија, не знаеме. Овој ја прашува што за тебе е мизогинија? Најнормално, Оваа почнува да плаче и да сака да си оди.  

Кираџии од пеколот

Врз основа на нивни и други сведоштва за тоа како изгледало првото станче во кои Ролинг Стонси биле под кирија, им го реконструирале просторот и направиле „спомен соба“ во чест на хаосот во кој живееле четворицата Стоунси во Челзи во 1962 година. Да не беа талентирани, упорни и успешни, овие ќе умреа од некоја инфекција. 

Да се потсетиме на Газа, дур не станала „ривиера“

Доналд Трамп не само што ги сподели со светот своите замисли како сака еден ден да изгледа појасот Газа туку деновиве објави и еден неверојатно кичест видео спот за неговите фантазии.  Кичест не само по изведбата на спотот туку и по моралната димензија на неговите неимарски идеи. Личи ли во Аушвиц да отвориш продавница за плински боци?

Не паркирај - правам утоп

Овдешните варијанти за предупредување на оние кои со колата мислат да ти блокираат влез во двор гласат, „не паркирај - бушам гуми“, „не паркирај - викам пајак“, „не паркирај - фрлам клетви...“ Ок, фини се тоа пораки, ако веруваш дека си имаш работа со разбрани и пред сè писмени луѓе. Некој смислил малку подобро решение: автоматизирано прскање со вода.

Ние во 2Д сообраќај сме хаос, не па во 3Д

За првпат во урбана средина бил тестиран модел на Алеф Аеронаутикс, сто проценти електричен автомобил способен да вози и по улици, но и вертикално да полета и да слета. Извршниот директор на Алеф, Џим Духовни, се пофали дека  веќе имаат неколку илјади пред-нарачки за колата и тврди дека ова е историски момент од калибарот на летот на браќата Рајт. Допрва ќе биде (не)весело.

Трамп ќе продава „златна карта“ за имигранти

Покрај прочуената фамозна зелена карта која на човек му го легализира престојот во САД и правото да работи и живее, Трамп сака да ги привлече богатите аспиранти за живот во Америка. За пет милиони долари ќе се дава златна карта која ќе ги нуди бенефитите од зелената, плус ќе биде патека за добивање државјанство. „Ќе ни доаѓаат богати луѓе, ќе носат пари, ќе плаќаат даноци...“, резонира трговецот од Белата куќа.   

Да се потсетиме на Бордејн, царот

Еден од фраерите кои многу недостасуваат на оваа планета. Сцена со неговиот пријател, шпанскиот готвач Хозе Андрес, пробуваат некои ферментирани сирења и Хозе му вика дека тој што го јаде тоа сирење, никогаш не се разболува бидејќи во себе има многу пеницилин. Тони Бордејн закуцува: Фино, може ќе ми го исчисти сифилисот. Цар.

Предвоена обука на Мерц

Новиот германски канцелар, Фридрих Мерц, ги подучува децата како да се победи Владимир Путин. Накратко, главната лекција е да не му се плашат на Путин и да му се даде до знаење дека не може воено да победи. Ако сцената ве асоцира на некои други сцени со германски деца, грешка сте. Тоа беше еден Австриец.

Кога родителите се гледаат како пречка за нечија агенда

Мајка на дете кое сакаат да го запишат во државно школо, се соочува со училишниот одбор поради нивното игнорирање на родителските забелешки за планот да се инсистира на родово образование на најмала школска возраст. Без врескање, смирено но самоуверено и елоквентно. Родителите рекле НЕ, одборот гласал 16:0 ЗА. Како да ви го дадам? - прашува мајката.

Кошмарот на Зеленски

Ѕирнете еден кратко видевце кое влегува во жанрот „Вештачката интелигенција ви претставува“. Украинскиот претседател е заробен во некаков подрум во кој се појавуваат неговите архи-непријатели, Путин, Лавров, Маск, Трамп... За среќа, Зеленски само го сонува тоа. За несреќа, и јавето не е нешто подобро туку се покажува како дупли кошмар.

Политички ММА: Трамп - Милс

Трамп е задоволен што националната атлетска асоцијација на колеџи која опфаќа млади спортисти од преку 1.100 американски училишта (и едно од Канада) веднаш ја прифатила извршната одлука на Трамп за забрана на учество на мажи (трансџендер жени) во женски спортови. Но, разбрал дека одлуката ја нема прифатено сојузната држава Мејн. Гувернерката на Мејн, Џенет Милс, е таму. Вака оди муабетот.

Брајан Сетцер веќе не може да свири гитара

Рокабили легендата Брајан Сетцер од Stray Cats соопшти дека му е дијагностицирана автоимуна болест поради која не е во состојба да свири гитара, инструмент на кој беше прав враголан. Вика: „Како да имам ракавици на рацете кога пробувам да свирам.“. Имало моменти кога не можел да држи ни пенкало но сега малку е подобро и човекот верува дека еден ден ќе се врати меѓу жиците и праговите на гитарата.

Мик Џегер: 10 работи кои ги научив за половина век рокенрол

Број 10: На концерт никој не сака да слушa нeшто од твојот последен албум. Број 8: Пред да ѝ викнеш на толпата: „Здраво Сиетл!!!“, биди сигурен дека си во Сиетл (Цане Партибрејкерс би рекол: „Краљево, Ваљево, исти курац“.). Број 4: Добар начин да се зезаш е на секој десетти автограм да се потпишуваш како Дејв Голдблат. Број 2: You Can't Always Get What You Want....

Што има полошо од тоа да ти поплави цело маало?

Одговор: Да ти поплави цело маало а потоа водата да смрзне. Тоа деновиве му се случи на Детроит каде пукнала главната, 100 години стара цевка за вода. И тој пех им се случува баш кога надворешната температура била минус 21 целзиусови степени. До колите ќе дојдат кога времето ќе попушти. 

Има ли жена во авионот?

Авионот кој лошо нагази при слетување на аеродромот во Торонто при што се преврте и запали (за среќа, сите се живи) бил управуван од мал регионален авио-превозник. Компанијата се вика Endeavor Air и според нивните сметки на социјалните мрежи биле фокусирани на „диверзитет, правичност и инклузија“ и горди на своите летови „без машки екипаж.“

Кој е за една незападна компилација?

Не дека Русија нема сличен блоковски багаж и геостратешки намери како Запад и „нашите партнери од НАТО“ (нели бе кога ќе седевме на иста маса, ќе можевме да тропнеме?), ама овие вториве забегаа во лаги. Компилацијата е за истите оние кои викаа дека Садам ќе нè отруе, дека Либија и Србија мора да бидат бомбардирани, дека во Авганистан држат контрола и дека мозокот на Бајден е остар како жилет.

ВИ видео чудесии

Дека допрва ќе се изнагледаме чудесии со вештачката интелигенција, тоа е јасно.  Освен ако не нè победи баш преку ноќ па ни забрани да се чудиме. Во секој случај, интересно е да се следи како тоа си брка работа, додека ние сме заглавени во истите дилеми (дали дома на боранија за ручек или да се оди во кафана). Две видевца од актуелната, прилично уверлива моќ на вештачката интелигенција.   

Кратка приказна за Блискиот исток

Ашкенази Евреин, за двајца Мизрахи (ориентални) Евреи помислил дека се Арапи и пробал да ги убие. Мизрахи Евреите за среќа преживеале а потоа ги обвиниле Арапите за пукањето врз нив. Ќе беше јако да е пародија на тамошната калакурница, само што, не е.

Кенеди против Оземпик

Потсетување кога Роберт Ф Кенеди Јуниор (неодамна назначен за американски секретар за здравје и човечки услуги) предупреди дека корумпирани конгресмени буткаат навидум благородна идеја, ефикасниот лек за дијабетес и слабеење да биде ставен на позитивна листа поради ендемскиот  проблем  на Американците со вишокот килограми. Со тие пари, вика Кенеди, можеме за секој човек да обезбедиме три здрави оброци дневно и членска карта во теретана.  

Рециклирање, лудом радовање (2)

Дечките од CBS News решиле да го тестираат многу фалениот канадски систем за рециклирање. Купуваат 9 тони пластичен отпад и го предаваат во три надлежни за тоа компании, секоја од нив со звучен слоган за рециклирање, ре-употреба, ре-ова,-ре-она. Само што претходно, во предадениот отпад сокриваат ГПС уреди за сателитско следење.

Гренланд сонува за независност

Злато. Литиум. Плин. Нафта. Под ледената покривка на Гренланд се наоѓа вистинско богатство, вклучувајќи резерви на ретки метали кои се доволни да ги покријат потребите на целиот свет во следните 150 години. Ова е богатство што може да им помогне на Гренланѓаните да остварат еден свој стар сон.

Како се снимаше песната „За милион години“

Верувале или не, навршуваат 40 години од проектот ЈУ Рок Мисија, југословенскиот одговор на акцијата на Боб Гелдоф за помош на гладните во Африка. Американците ја имаа We Are the World (на Мајкл Џексон и Лајонел Ричи, во продуција на Квинси Џонс), Британците Do They Know It's Christmas? (Боб Гелдоф и Миџ Ур) а обединетите сили на југословенскиот рокенрол ја изнесоа песната за која се однесува оваа 30 минутнa приказна.