
1. На таблоидите и шунд телевизиите да им се одземе правото на информативна програма, објава на политички вести и какви било политички емисии. Рец цицки, ред газови, ред политичари - нè деградира и нас и власта.
2. Независна студентска комисија да ги среди избирачките списоци, наводно има повеќе бирачи отколку полнолетни граѓани.
3. Да се воведе законска обврска за гласање - демократијата е заложник на неодговорни апстиненти. Најревносни се овие што земаат пенкало в рака еднаш на 4 години па никако нејќат да го пропуштат доживувањето. Најнеодговорни се овие што мислат дека знаат сè па се однесуваат како да да избор за мис па никој не им се свиѓа.
4. Да се ограничи минутажата на појавување на политичари на телевизија. Овој се појавува 100 пати повеќе од Тито. Се сеќавам, Тито го имаше само во првите пет минути од дневникот а говори држеше само кога беше некоја фрка или прослава, еднаш во три месеци. Овој на телевизија е подолго од спикерите.
5. Во информативните емисии да се укинат информациите кој што рекол, да се остави само кој што сработил. Што стварно се случило. Од паламудење не се распознава што е а што не е.
6. Секоја вечер на ТВ дневник да се прикажуваат графикони за надворешниот и внатрешниот долг, број на невработени, топ листа на просечни плати во Европа.