Прописно маскиран (оти па некој ќе го препознаеше од реднеците), Саша Барон Коен на група локалци од Кингмен, Аризона (35.000 жители) им најавува економски бум и 385 милиони инвестиција во нивното место. Нивниот аплауз брзо замре кога им кажа дека се работи за мега џамија. Кога фатија да се бунат, ги праша, е добро, каква е џамијата од вашите соништа? После призна дека биле спремни некој од присутните да потегне пиштол.