Off Topic

Ентони Хопкинс менува кариера

На 88 години, после шест децении минати како актер, Оскаровец и велшка културна икона, сер Ентони Хопкинс отвора ново поглавје во својата креативна кариера. Потпиша договор за албум со класична музика. Тоа е неговата прва љубов, уште кога на 4 години му купиле пијано. На 10 веќе го свирел Бетовен, на тинејџерски години почнал да компонира. 

Патeките кои ги избира животот

Ги знаете оние мали, природно разгазени кратенки вон пешачките патеки (обично по хипотенузата на некој агол). Во некои земји, кога се урбанизира некој простор, пешачките патеки не се прават однапред, туку се остава животот и луѓето сами да ги изберат оптималните патеки кои потоа само се потврдуваат со асфалт, павер, песок. Бродвеј улицата е така настаната.

Балканот како магацин за резервни делови

Блогерот Круле (Јадранко Ходак) за вечната тема која станува сè повидлива во посиромашките делови на Балканот. Дали живееме лошо затоа што толку сме заработиле и заслужиле или затоа што некои побогати и посреќни држави нè чуваат како резервати за квалификувана работна сила, од лекари и забари до плочкари и водоводџии. 

Линдзи Грем, Бог да го прости гадот

Има едно правило до кое се држиме дека за покојникот или се кажува „сè најдобро“ или се молчи. Бидејќи за ненадејно починатиот американски сенатор Линдзи Грем немаме да кажеме ништо добро а не па најдобро, само ќе потсетиме што пишувавме за него додека беше жив и ќе го оставиме со свои зборови сам да ви се огади. 

Носталгија по старата Америка

Стоунси го извадија својот 25-ти албум, Foreign Tongues. За некои тоа е најдобриот нивен албум со децении, нам повеќе ни се бендисуваше претходниот Hackney Diamonds, ама на новиот му должиме уште пар преслушувања. Една од песните е Ringing Hollow за која одма се извади муабет е дека против Трамп. Џегер и Ричардс дообјаснија: не е до Трамп, цела Америка денес е малку разочарувачка. 

Лов на воени регрути

Најновиот во серијата инциденти низ Украина кои ја покажуваат растечката фрустрација кај населението поради мобилизацијата во петтата година од војната со Русија се случи деновиве во Лвов. Единиците за регрутација пикирале маж роден 1996 година, баран заради нерегистрирање за воена служба. Но, акцијата не помина мазно. 

Колку би платиле за ќесиче шајбни?

Мајкл Волц е поранешен специјалец во американската армија, конгресмен и актуелен советник за национална безбедност. Вади ќесе полно со метални шајбни, веројатно едни од најчестите ситни делови во механиката. Се купува за помалку од 100 долари. Шајбни набавувала и американската авијација, ама за 90.000 долари за истата количина.

Јапонија, земја на луѓе

Ни најмалку немаме намера сами да се посипуваме со пепел или да навестуваме некаква инфериорност на нашите луѓе. Сигурно и кај нас ќе се најдат такви што ќе му помогнат на човек кому му се случила некоја беља (на пример падне па му се истури сè од раце) ама вака беа размислување и инстинктивно да притрчаат во помош толку многу луѓе, алал вера. 

И Дипсик знае да се прави на будала

Кинескиот ВИ четбот Дипсик го здрама светот а во престолнината на ИТ империјата, Силициумската долина, беше доживеан како атомска бомба. Паметен, ефикасен, истрениран со 90% помалку пари, достапен за сите, транспарентен во кодот....  Супериорна алатка која сепак има граници до каде смее да чепка. На пример, прашајте го Дипсик за Тиенанмен, одма влегува во мод „ја нисам одавле“.

Кои сте вие и долго ли свирите?

Жена ова ги прашува никој друг туку Браjaн Mej, Џими Пејџ, Ерик Клептон и Џеф Бек! Не е чудно што не знае кои се овие гитарски чинари а уште помалку „колку долго“ со тоа се занимаваат, бидејќи нејзиното „долго“ беше различно од она што е долго за останатите смртници. Кралицата Елизабета, која круната ја носеше 70 години, повеќе отколку што се стари овие „клинци“.

Упатство за разбирање на „покачување на платите“

Конгресменот Томас Mаси ја објаснува инфлацијата на начин прилагоден на деца од претшколска возраст и на популистички политичари кои најлесно трошат туѓи пари. Ако имате половина чаша сок и ја дополните чашата со вода, нема да добиете цела чаша сок, туку само ќе го разредите тоа што сте го имале. Така е и со парите и нивната вредност.

УСАИД, Сорос, Шарена револуција

„Една владина агенција постојано се појавува како центар на најмрачните и најчувани американски државни тајни“, порача Глен Бек пред неколку години. УСАИД. Нејзини пари завршувале кај Ал Каеда, се финансирале шпионски операции во Куба (види кај нас: Како УСАИД не направи кубански Твитер?), обуки за малтретирање затвореници (со електроди на гениталии), матни стерилизации во Перу....

Пакистан има проблем со една жена од Америка

Не, не се од вообичаената постава на Американки што прават проблеми по светот (Хилар, Нуланд...). Оваа воопшто не е во политика, ниту пак има каква било функција, туку едноставно се заљубила во 19-годишен Пакистанец, се спакувала и се подала до Карачи за да биде со него.

Нема епидемија на ментални болести туку епидемија на психијатри

Нормално дека сите се со ментални пореметувања, кога сè е ментално пореметување. Нема слободна волја, сè е хемија, нема дисциплина, нема самоконтрола, а кога имаш хемиски дисбаланс, тогаш тоа одлично се решава со друга хемија која го враќа балансот. Барем така тврди академикот и психијатар Томас Сас.

Дејвид Боуви виа Френк Синатра

Дејвид Боуви на времето напишал стихови за француската “Comme d’habitude“, на Клос Франсоа. Признава дека стиховите биле шкарт, ама, ги пратил. По некое време на радио ја слушнал мелодијата, помислил дека е тоа неговата песна кога оно - My Way на Синатра! Бил изнервиран но и заинатен да направи слично драматична песна. Така настанува "Life on Mars", за која легендарниот клавијатурист Рик Вејкмен вели дека е најдобрата песна на која свирел.

Селена Гомез изгуби 800.000 луѓе на Инстаграм

Популарната пејачка и глумица со мексиканско потекло, Селена Гомез неодамна имаше емотивен бродолом на Инстаграм, нормално, со вклучена камера (иначе не се важи), за да се види како таа плаче до небо за судбината на оние кои Трамп ќе ги депортира немаат документи. Брзо го избриша видеото откако виде дека постигнува контра ефект бидејќи многумина не паднаа на таа пренагласена патетика. Не доволно брзо бидејќи во меѓувреме ja отследиле 808.500 лица. 

Африканец да ви каже нешто за солзите по УСАИД

И овде има плачење „како сега ќе нè биде“ без УСАИД и нивната помош (откако Трамп реши да ја стопира помошта за странски земји), па се набројуваше што имаат тие направено тие кај нас....Не е тоа проблемот. Проблемот е до кога луѓе ќе се навикнуваат некој постојано да ни помага и да зависиме од такво просење. Држава што живее од туѓи пари не е држава туку колонија. На тие што биле колонии им е многу јасно тоа.

Пирс Морган и неговите илузии за НАТО

Пирс Морган прави гледливи и релевантни дебати, ефектно ги деконструираше транс-џендер и воук мантрите, но знае да утне биг тајм. Во муабет со Такер Карлсон, ко да се сите од Марс, мртов ладен рече дека НАТО е одбрамбен сојуз и дека нема нападнато ако не бил нападнат. Наведни глава и признај дека си глуп, отприлика му рече Карлсон откако му ја спомна Југославија и Косово. Такер да не се смее така идиотски, ова би го гледале на рипит.

So Long, Marianne

Да нема забуна, не замина Маријан Ленсен која Леонард Коен ја сретна на грчкиот остров Хидра и за неа ја напиша таа песна, замина Маријан Феитфул која инспирираше уште повеќе песни. Им беше муза на Мик Џегер и Стонси, но и многу повеќе од тоа. Тешко дека тие ќе ја напишеа „Symphaty for the Devil“ ако Маријан на тие двајца дрипци не им ја беше дала „Мајсторот и маргарита“ од Булгаков.

Кондомите за Газа

Новата прес секретарка на Белата куќа, Каролина Ливит почна бомбастично: новите владини тела за мониторирање на државните трошоци идентификувале и спречиле претходната администрацвија да потроши 50 милиони долари за кондоми во појасот Газа. Таму живеат околу 780.000 машки лица постари од 12 години. Математиката вели дека за тие пари, на секој од нив му следуваат 654 кондоми. 

Спремни за Британија како муслиманска нуклеарна сила?

Американскиот потпретседател ЏејДи Ванс предупреди на една околност на која ретко се размислувало. Дека со оглед на актуелните тенденции, можно е Велика Британија да стане исламска држава со нуклеарни воени капацитети и за некои 20 години, таа, а не Русија и Кина, да биде најголемата закана за Америка. Екс британската секретарка за внатрешни работи Суела Браверман, тоа не го сфаќа како шала. 

Доналд Трол

Доналд Трамп на една поранешна средба со ужасно важен и чувствителен гео-политички соговорник и потенцијален нуклеарен непријател. Делот од средбата кој е отворен за новинарски екипи и за сликање па Трамп им вика на фотографите да гледаат тој и соговорникот да испаднат „убави и тенки“. А потоа камерата открива кој е тој другиот што треба испадне тенок.

Месечината како пругата кон Бугарија

Она што за нас е фамозната „пруга кон Бугарија“ или „карго аеродром“ на југоистокот на Македонија, за Американците е „се враќаме на Месечината“, каде што ќе направат мисија, трајна база... (ќе се отворат трафики и пекари...). Уште од 1988 година, Роналд Реган најавува: „Одиме на Месечината за да останеме таму.“ 2025-та година, не е направен ни тачдаун, не па база. А ене кај е.  

Кога нема да го познаеш Вилем Дефо

„Контент креатор“ кој запира луѓе по улиците на Њујорк и ги прашува оние безвезни прашања кои обично ги поставуваат на интервјуа за работа: „Каде се гледаш себе за пет години?“, налетува на Вилем Дефо и го прашува од што живее. Кај нас некои од познатите јако би се навредиле и надуле да ги прашаат така. Ама денес 69 годишниот Носферату одамна е кул и приземен фраер.

Не бе Трамп, обратно беше

Старо-новиот американски претседател има кажано многу глупи работи. Една од поглупите му е и тазе: им се заблагодари на Русите дека им помогнале на Американците да ги победат нацистите во Втората светска војна.  Да бе, да, така било. Но, ретуширањето на историјата не е така бенигно, како што знаете од случајот со Бугарија. Ќе ви покажеме една анкета. 

Во Ирак се оддржа првата свадба со 9-годишно девојче

Зетот е 35 годишен, невестата е 9-годишна. Како тоа? Така. Легално. Парламентот во земјата што Американците ја ослободија од Садам и донесоа демократија, демократски изгласа дека возраста на која лице може да даде согласност за влегување во брак повеќе не е 18 години, туку 9 години. Па сега свадба.

Една е кучка

Бездомна кучка се појавува пред ветеринарна клиника со речиси безживотното тело на своето кутре кое го носи во заби. Го остава пред сама врата и чека некој да отвори и да го земе. Кучка.

Гага пијачка или бакшиш?

Прилично досетлив начин да се понуди бесплатна пијачка или да се натовари фин бакшиш од оние кои пробуваат да го победат системот. А системот се состои од лимон во чаша вода на кој треба да оставиш монета и ако таа остане горе, добиваш гага штуц пиво. Ама обично паѓа па барот собира по 80 евра секој ден. Не сакаме да помислиме што сè нема да им текна на луѓе кај нас за да победат.

Поле за културни позајмици меѓу народите

Будалаштината наречена „културна апропријација“ (како нешто лошо) започна уште кога го критикуваа Елвис Присли зошто фраерски мрда со колкови кога тоа е црнечки „потег“. Концептот доживеа гротескни размери последниве години, во меурот на разбудените. Дечко белец облекува мексиканска облека и наидува на бран критики од прогресивните. Со истата облека оди кај Мексиканците, му викаат, супер си бе дечко.  

Медиумските самовили на Бајден

За заминувањето на 46-от претседател на САД, Џо Бајден, ќе се послужиме со зборовите на Мат Таиби: „Збогум, Бајден, или кој и да беше претседател изминативе четири години.“ А сакaмe да потсетиме и на моќниот медиумски хор кој до последен момент го повторуваше рефренот дека Бајден ментално е остар ко жилет, дека во подобра форма не бил... Сè додека не се реши поинаку.