Исчашени песни

Арон Стерлинг е музичар, тапанар и продуцент кој си поигрува со познати песни така што ги вади од своето природно ритмичко лежиште и им дава сосема друга конотација и атмосфера. За среќа, не е единствен кој се бави со вакви занимации (нам ни е тоа ептен забавно) и кои докажуваат дека и кавер на некоја песна не мора да звучи тезгарошки досадно.  

„Stayin Alive“, како излезена од филм на Гај Ричи.

Pearl Jam, со мирис на Led Zeppelin

Лени Кравиц; првите тактови „гребат“ ама после песната си легнува

Има и од The Police, ама грев е Стјуарт Копланд да се пипа.

Еве еден гитарски бонус, кога Мрк Нофлер би го свирел солото на Хотел Калифорнија:

 

 

5 мај 2025 - 17:37