Off Topic

Феѓа Штукан: Паметните веќе немаат луксуз да молчат

Дојдовме до апсурд паметните да мора да се повлекуваат и да бираат зборови за да не навредат нечија плиткоумност и суета. Дозволивме алгоритмите да станат судии, а толпата што во животот не прочитала три книги да држи предавања за медицина, историја, космос и морал. Дигитални дивјаци, вооружени со тастатури и комплетно отсуство на срам. 

Продолжение на „Баталете мајки, шајки“

Иако мојата преставка се однесуваше на дел од плажите во Струга, Инспекторатот направил вонреден инпекциски надзор на целото струшко крајбрежје, проверил 36 локации и ниту една од нив немала Одобрение за урбана опрема. Станува збор за 36 локации без дозвола. Не е можно советот на општината да ја нема оваа информација.  

Трамп се прогласи за најголем

Трамп нормализираше многу глупоштини што во некои други времиња ќе нè шокираа. Замислете, на пример, Гордана Силјановска да објави топ листа на досегашни македонски претседатели на која себе ќе се стави како најдобра од сите. Баш тоа го направи Трамп, среде нерешен Ормуски теснец и рекордни цени на гориво. Ако после Трамп не го изберат Мики Маус, нема како „нормално“ да се продолжи оваа линија на лудило.

Не баш силно светнал БДП

„Луѓе, какви 35 години!“, ќе каже Џамбазов на почетокот на спотот по повод 35 години од независноста на Македонија, како најава за караванот „Силно светнал ден“. Убаво му доаѓа на човек да се потсети на промоцијата на македонските пари, голот на Шаќири, кошаркарите во Литванија, Тоше... сето тоа со „Насмеј се и главата горе“, на Ана и Игор Дурловски. Само што, тие 35 години не беа скроз за смеење. А главата (главно) беше горе зашто ако беше поднаведната, ќе си го видевме џебот.   

На Трамп со трамповска цевка

„Да коментирам диктатор кој е крал на банкротирањето?“, потпраша гувернерот на Онтарио Даг Форд кого Трамп претходно во свој стил го испонавреди и го нарече лакеј и подлизурко. „Трамп е силеџија, од оние што ги познаваме од школо, што ќе ти ја изедат ужинката и ќе ти ги украдат парите, тоа е последниот чиовек од кој би примал совети“ со иста мерка возврати Канаѓанецот. 

Ако може вака, Скопје е веќе спремно

Пловдив беше Европска престолнина на културата во 2019 година, заедно со италијанска Матера. Имаа амбициозна програма „Заедно“ со над 320 проекти, околу 600 настани: изложби, театар, фестивали, концерти, улични уметности, проекти за интеграција (особено за ромската заедница во квартот Столипиново). Но, откако рефлекторите ќе се угасат а културата ќе си ги собере парталите, ќе останат само парталите. И Столипиново.

Кинезите можат да го префрлат Карпош 1 во Карпош 3

Мајчини, нашле начин да префрлат цел градски блок за да направат место за нов урбан проект. Го направиле тоа со армија од стотици роботизирани „нозе“ благодарејќи на кои спасиле историски вредни објекти. 432 такви, малку по малку, со ситни чекори, го префрлале блокот по десет метри на ден. Следен чекор ќе им биде да го научат блокот да игра „пајдушко“.

Лула: Бразил нема никому да му коленичи

Бразилскиот претседател ја раскринкува приказната на Трамп дека воведува тарифи за оние земји кои ги користеле и злоупотребувале САД заради што тие заглавивле во трговски дефицит. За 15 години, Бразил e оној кој има трговски дефицит со САД, и тоа од 15 милијарди долари. А за дигнитетот нема преговарање, му порачува на Трамп, Луиз Инасио Лула да Силва. Ако може со добро, може, ако не, реципроцитет.  

За ваше добро, намалете со тоа водата

До пред некоја деценија важеше правилото, кога ти се пие вода - напиј се вода. Ама недоволно беше тоа, па почаа со правила за минимум 6, 8, 10 чаши дневно. Денес носат шишенца вода кај и да тргнале, небаре ќе се исушат „до онде“. „Глупости“, вели доктор Адиел Тел Орен кој потсетува дека клеточната хидратација зависи од правилниот метаболизам а не од постојаното налевање. Башка, со опсесивното пиење вода ги збунувате бубрезите и ги разводнувате електролитите. 

Гушни Американец

За да го ублажат актуелниот анимозитет меѓу САД и Канада, туристичкиот совет на Квебек ја објави оваа реклама директно насочена кон Американците. Проаѓа многу добро по социјалните мрежи, особено меѓу Американците кои емотивно се разнежнија од идејата дека на планетава постои место  каде локален човек би ги гушнал. 

Генијалец во пелени

Откако го изгледа видеово за едно мало генијалче, родител се пожали: „Она моено, на три години уште верува дека кака чоколадо“. А малово ептен, ептен надарено. На 14 месеци веќе ги знае сите букви од азбуката и знае да множи (?), и не само што обожава планети, знае и од што се создадени.  Ќе знае како е да си оглупен дури кога ќе дојде време првпат да се заљуби. 

10 чекори кон автократија

Американската политичарка и активистка, Стејси Абрамс, прецизно опишува образец по која една демократија постепено преминува во автократија. Во српскиот твитер свет во кој го најдовме видеото се уверени дека огромен дел од работата е завршена и дека се наоѓаат меѓу 9-от и 10-от чекор. Не дека ние не препознаваме некои од фазите од кај нас и тоа така темелно изведени што веќе не памтиме кој беше првиот кој тргна по тој пат.

Трамп ја откри формулата за тарифите

Држави и економисти по светов не можат да се изначудат и доакаат врз основа на кои критериуми Доналд Трамп ги одредува трговските тарифи кои им ги наметнува на другите. Добар дел од нив се убедени дека има тука голем волунтаризам, согласно табиетот на Трамп. За да ги замолчи, тој до последен детал ја откри софистициранарата формула по која го казнува светот. Ах, каков шалабајзер.... 

Шангајската опера и нејзините скали

На меѓународен конкурс победи проект на норвешкото студио Снохета и кинески партнери и импозантниот објект веќе е во изведба, на 147.000 квадратни метри, три сали со 2.000, 1.200 и 1.000 места, книжарници, галерии, мини кино-сали, простори за едукација... Проектот е спој на архитектонска драма и културна отвореност а најимпозантни се скалите кои ги спојуваат земјата и небото а се инспирани од кинеските лепези.

Виртуелна реалност на руски начин

Дечкото ја претворил својата соба во комплетна реплика на купе од воз. Наместо џам ставил телевизор на кој му врти соодветна видео снимка. Не е само тоа, внимавал на сите можни елементи и детали, потребни да мисли дека е на пат па може малку и да попие. А ако претера (а ќе претера), може да го скроти погледот и да прилегне. Наш дечко на тие години не ни знае како изгледа купе. 

Што сè финансирале либтардите во Америка

Пазете, со даночни пари била финансирана конференција на тема „Родова еднаквост во математичката студија на комутативната алгебра“. Молам? Дале грант и за темата: „Жени и нон-бајнари математичари“. Или пак најјакото: „#ТрансцендентноЗдравје – Адаптирање на ЛГБТ+ инклузивна програма за превенција на тинејџерска бременост кај трансродови момчиња“. Па, браво.

Епстин има од некого изгубено на „Бесилка“

„Епстин требаше да биде магионичар за да се обеси во таа ќелија,“ сведочи гангстер кој добро ја познава ќелијата во која сконча Епстин. На таванот немало ништо за да закачиш а креветот e низок. Како човек се обесува во таков простор? Но, како што велеумно кажа Алексеј Дума за „смртта во кофата“, човекот или се убил или се самоубил. Пошто трето нема, па јебо рак рака.

Американците и македонската 2001-ва

Соговорник на Такер Карлсон зборува за нешто за кое македонската јавност над 20 години го претпоставува за оние кои во 2001-ва ја нападнаа Македонија од Косово за овде да разгорат војна која заврши со Охридскиот договор, менување на уставот и легализирање на нивната политичка дивоградба - дека не беа сами. Ги имаат обучувано елитните американски Делта форс. 

Ако ова ви е леб, јадете го

Илјадници години човекот јаде некаков леб (пченка, пченица, наут, хељда, што и да е), ама баш последниве години време настана епидемија од луѓе кои се нетолерантни на глутен. Дали тоа човековиот организам неочекувано потклекнал пред толку позната храна, после толку време совршен соживот со неа, или пак, можеби, денешниот леб баш и не е леб?

Азија има луди реклами

Кај нас адвертајзингот го допира своето креативно и продукциско дно откако го презедоа „контент креатори“ па на социјалните мрежи трујат видевца на ниво на рекламни пораки на Радио Шабац, со едно резил аматерско глуматање и драматургија како во најлошите години на Македонски народни приказни. Идеја, луцидност, саспенс, хумор, пресврт, закуцување со јебитачен слоган: ну-ла! Азија скроз поинаку, не знаеш на каде ќе ја отераат приказната.

Документарецот за Газа кој BBC нејќе да го видите

„Газа: Нападнати доктори“е документарец кој го нарача BBC но после неколку одложувања, дефинитивно реши да не го емитува, со објаснување дека дошле до заклучок дека може да се создаде перцепција за пристрасност. Продуцентите од Basement Films, одговорија дека вистината мора да се каже но дека тоа очигледно не е можно под сегашното раководство на радиодифузерот. 

„Иде Дунав“ во Тексас

Засега се регистрирани 82 загинати лица од поплавите во Тексас, најмногу во регионот Тексас Хил. Меѓу настраданите има 26 деца. Едно од најнастраданите места е еден стар христијански камп за девојчиња. Гувернерот на Тексас објави дека се трага уште по 40-тина лица. Тајм-лапс снимка покажува како тоа водата брзо надоаѓа и после „на своју вољу, ризик јак, мила душа...“

Соларните планини на Кина

Кина започна со соларни инсталации на планините Гинжу во 2015 година. До 2023 година произведуваа 15 милиони киловати. Годинава започнуваат со нов „Соларен парк“ со 94MW а планираат уште една фарма со 100MW. Да видите како тоа сега изгледа. А викаа дека соларната енергија е еко-френдли. Само ако не си животно, бубачка или билка во Гинжу.

Италијанскиот „Драги Црни“

Дедо Фаустино е италијанска верзија на маченикот со погана уста од околината на Лесковац кого го обожаваме (ако неодамна имате паднато од Марс: Да ве запознаеме со Драги Црни). И двајцата се со краток фитил, и двајцата си патат од својот подмладок, и на двајцата главна одбрана им се сочните пцовки. Ако за Драги најдрагоцена работа на светот е нафтата, за Фаустино тоа е пршутата. А внук му го знае тоа.

Бијело дугме и Оливер Драгојевиќ? Да.

1975 година. Горан Бреговиќ добива понуда која не може/не смее да ја одбие. Со Бијело дугме да снимат песна за Денот на младоста. Но, Жељко Бебек нешто се разболува па по негова препорака, го менува Оливер Драгојевиќ. Песната се вика „Младости, хвала ти за радости,“ ја има напишано Зринко Тутиќ. „Сакаш ил нејќеш, еднаш ќе пораснеш“, гласи еден стих-спојлер од песната.

Дојде време 27 годишна портпаролка да ги шамара BBC

Керолајн Левит од Белата куќа, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со Газа, вика дека тие не ги земаат информаците од Хамас здраво за готово туку сакаат да ги проверат. За разлика од BBC и нивните драматични наслови кои подоцна испажаат „пу, пу, не важи“ па самите ги симнуваат со објаснување дека не нашле никакви докази за нв. 

Му го плесна во фаца

Тинејџерка решава да ги праша своите татко и мајка за која особина што таа ја има од другиот родител им е криво. Таткото ја закопа одговарајќи ѝ дека не му се свиѓа тоа што многу зборува, ко мајка ѝ. Но, допрва следува главното закопување, и за малата а особено за таткото, бидејќи на ред за одговарање на истото прашање доаѓа мајката.    

Може во шах нè претицаа ама во фудбал (сè уште) ги кантаме

Во Кина го отвориле првиот турнир во мал фудбал на светот за роботи водени од вештачка интелигенција. Многу забавно за гледање иако се невидени трупови, на ниво на дечиња од 3-4-5 години или на ниво на возрасни луѓе после некоја Ракијада. Само што, тие немаат друга работа освен да учат и да напредуваат, додека нивните фудбалски колеги од крв и месо ќе се дефокусираат со пари и спонзоруши. Се гледаме за некоја година.

Мехди го изеде Пирс

Пошто имаат иста рaбота, Мехди Хасан и Пирс Морган често се имаат соочувано и дебатирано. Знаат и да се сложат еден со друг. Ама кога Пирс Морган ќе реши апла да ја држи страната на Израел, тешко му оди да убеди некого во својата принципиелност. - Зошто толку го браниш Израел? - Затоа што се наш сојузник. - Значи некој смее да убива цивили затоа што е наш сојузник? Тонч.

Словенија има претседателка

Се вика Наташа Пирц Мусар и доби пленарни аплаузи на нејзиниот говор пред пратениците на Европскиот парламент. „Она на што сведочиме во Газа е геноцид а ние молчиме,“ кажа таа во обраќањето, обвинувајќи ја Европската унија за пасивност и неединство во одговорот на кризата во појасот Газа.