Off Topic

Ентони Хопкинс менува кариера

На 88 години, после шест децении минати како актер, Оскаровец и велшка културна икона, сер Ентони Хопкинс отвора ново поглавје во својата креативна кариера. Потпиша договор за албум со класична музика. Тоа е неговата прва љубов, уште кога на 4 години му купиле пијано. На 10 веќе го свирел Бетовен, на тинејџерски години почнал да компонира. 

Патeките кои ги избира животот

Ги знаете оние мали, природно разгазени кратенки вон пешачките патеки (обично по хипотенузата на некој агол). Во некои земји, кога се урбанизира некој простор, пешачките патеки не се прават однапред, туку се остава животот и луѓето сами да ги изберат оптималните патеки кои потоа само се потврдуваат со асфалт, павер, песок. Бродвеј улицата е така настаната.

Балканот како магацин за резервни делови

Блогерот Круле (Јадранко Ходак) за вечната тема која станува сè повидлива во посиромашките делови на Балканот. Дали живееме лошо затоа што толку сме заработиле и заслужиле или затоа што некои побогати и посреќни држави нè чуваат како резервати за квалификувана работна сила, од лекари и забари до плочкари и водоводџии. 

Линдзи Грем, Бог да го прости гадот

Има едно правило до кое се држиме дека за покојникот или се кажува „сè најдобро“ или се молчи. Бидејќи за ненадејно починатиот американски сенатор Линдзи Грем немаме да кажеме ништо добро а не па најдобро, само ќе потсетиме што пишувавме за него додека беше жив и ќе го оставиме со свои зборови сам да ви се огади. 

Носталгија по старата Америка

Стоунси го извадија својот 25-ти албум, Foreign Tongues. За некои тоа е најдобриот нивен албум со децении, нам повеќе ни се бендисуваше претходниот Hackney Diamonds, ама на новиот му должиме уште пар преслушувања. Една од песните е Ringing Hollow за која одма се извади муабет е дека против Трамп. Џегер и Ричардс дообјаснија: не е до Трамп, цела Америка денес е малку разочарувачка. 

Лов на воени регрути

Најновиот во серијата инциденти низ Украина кои ја покажуваат растечката фрустрација кај населението поради мобилизацијата во петтата година од војната со Русија се случи деновиве во Лвов. Единиците за регрутација пикирале маж роден 1996 година, баран заради нерегистрирање за воена служба. Но, акцијата не помина мазно. 

Секирациите на еден шведски татко

Син му има 19 години и веќе три пати е нападнат и ограбен на улица; двапати од Сомалијци, еднаш од Арапи. Сега на дечкото му е страв да излегува сам во својот град. „Тоа не е оној Гетеборг во кој јас имам растено“, вика човекот. „Да имав ќерка, ќе ja следев во чекор со полна сачмарка кога излегува надвор“.

Во секоја цигла во Газа ли се крие Хамас?

Несфатлива е рамнодушноста и премолченото одобрување на огромниот дел од светската политичка јавност и главните западни столбови на „меѓународниот поредок базиран на вредности“ за страдањата кои Израел систематски ги наметнува на децата, мажите, жените и старите луѓе во Газа и она што остана од тоа. И бомбардирање на сè што постои и намерно изгладнување на оние што се таму. Несфатлива.  

Ако постои алфа мажјак, ова е алфа мажјак

Штитениците на стационар со ржење, лаење и покажување заби си ги позиционираат местата во кучешката хиерархија. Среде сеопштото курчење, се појавува тој, авторитетниот алфа мажјак на целиот клан, со доминантност каква што немал ни Мајк Тасон кога влегувал во ринг. Ќе го видите, ни оддалеку не е тоа најголемиот и најсилниот. Ама убер шеф кому му паѓаат на колена и се превртуваат на грб. Дури и еден Кане корсо.

Чехословачката Тина Тарнер

Чехословачка, 1978 година. На власт се комунистите, претседател е Густав Хусак, режимот прави сè за да се избришат сеќавањата од Прашката пролет. Омилени спортови се хокеј и гимнастика, официјална боја на џезот е сива. На пејачката (рахметли Валерија Чижмарова) ѝ е дозволено да облече и нешто шарено, колку луѓето да не се сомневаат дали телевизорот им е во боја, поради она силно сивило.

Економски лекции за Трамп

Трамп тврди дека цел свет ја краде Америка за што сведочи нејзиниот трговски дефицит. Тоа е како да тргнеш со кредитна картичка по дуќани и сè изнакупуваш што сакаш а после ги обвиниш дуќаните дека те крадат пошто имаш трговски дефицит со сите нив. „Тоа јас го предавам на вториот ден од Меѓународната монетарна економија, ама Трамп нема стигнато до вториот ден,“ го заплеска професорот Џефри Сакс.

Браво ма, Мегин Кели

Џејк Тапер, една од главните вилици на CNN против Трамп, деновиве е пуштен по медиуми и подкасти во промоција на својата нова книга во која, една од најзвучните поенти му е дека кругот околу Бајден знаеле ама криеле за неговиот ментален фејд аут. „Ајде?“ вика Мегин Кели во стил на Били Питон па го потсети Тапер каква улога имаше тој во таа фарса. - Не е точно. - Не е точно? Мегин му пушта видео.

Југо версус Тесла

Не само што Тесла нема клуч а Југо има три туку супериорен е и во пепељари. Тесла нема ниедна а Југо не само што има една пепљара напред туку има и две позади, за децата. Да не зборуваме дека некои модели на Југо водат посебна грижа за зимско возење- она кога ставаат грејачи на задното стакло, да не ти мрзнат рацете кога го буткаш за да запали.

Пирс Морган налета на професор од Техеран

„Два смо света различита“ од Тома Здравковиќ би била совршена музичка позадина на овој судир на претставникот на Западот, водителот Пирс Морган, и неговиот гостин од Иран, професорот Мохамед Маранди. Правата на жените и замолкнувањето на непожелните гласови се логични аргументи на западниот наратив, додека некој не потсети на ликови како Епстин или протерување студенти заради про-палестински ставови.

Како ќе изгледа кино во 2050-та година

Интересна и многу веројатна перспектива на одењето во кино во догледна иднина. Денес треба само да го одберете филмот кој сакате да го гледате. Тогаш ќе ве прашаат како денес за месото или зеленчукот, дали сакате регуларна или органска верзија. Кога ќе ја слушнете разликата во цената, јасно е што ќе одберете. Но, тоа нема да биде последното прашање. Уа, шнајдери!

На европски тапет: Каја Калас

Мартин Сонеборн е германски пратеник во Европскиот парламент и го покажа најдоброто од себе во неговата основна професија, сатиричар и екс уредник на магазинот Титаник. Нагази на надмената Естонка Каја Калас, шефица на европската дипломатија која ги има споделено своите мудри проценки дури и за ситуацијата во Куба. Каков лик е таа Калас? Жена која има напишано помпезна автобиографска книга на цели 432 страници. Мислиш Черчил е. 

Departed во знакот на Икс

Двапати го имаме гледано ама уште три пати да го гледавме, немаше да ја приметиме оваа цака. Дека во филмот „Departed“, режисерот Мартин Скорсезе го има вметнато симболот „X“ онолку пати колку што има убиени ликови во филмот, што е омаж на оригиналниот „Скарфејс“ на Хауард Хокс од 1932 година. Додуша, и да броевме, после онаа сцена со лифтот, ќе го изгубевме рачунот.

Сите проблеми водат кон Британија

Од Индија и Пакистан, преку Блискиот исток до Кипар (каде што ја дава изјавата), професорот Џефри Сакс тврди дека сите проблеми на светот водат назад кон Велика Британија, која цели 200 години беше најмоќната империја на светот. Каде и да беа и од каде и да заминаа, оставија конфликти, потсетува професорот од Универзитетот Колумбија. Палестина, на пример. Меѓу 1915-та и 1917-та, им ја ветуваат истата територија и на Арапите и на Французите и на Евреите.

Толку од обуката

Мексикански брод за морнаричка обука со 200 луѓе на него, од комплетно несфатливи причини, со јарболите се зачука во Бруклинскиот мост. Дел од од екипажот беше парадно наместен на јарболите, оригинално високи 45 метри, пред да бидат објективно скастрени од мостот висок десетина метри помалку. Двајца загинале, 19 се повредени. Изгледа на обука бил капетанот иако е можно и да откажале некои системи. А требале до Исланд да стигнат.

Старбакс нејќе да се пресоблекува

Разгалените баристи од стотина дуќани на Старбакс прекинаа со работа за да протестираат за новиот дрес-код кој го донела компанијата и пропишува малку построги правила за облекување на работа отколку што беа навикнати. Ќе треба да се носат црни маици или блузи со каки, црни или тегет панталони, за зеленото лого да се истакнувало. Не може тоа така, велат „осакатените“ работници.

Вини Џонс за денешниот фудбал

Фудбалскиот грубијан дополнително прославен со филмовите на Гај Ричи коментира моменти од актуелниот фудбал кој ги немаше во негово време. За оние дупки во чорапите вика, ако ги стегаат чорапите, нека си купат поголеми. Особено го нервира ВАР-от со кој се поништуваат голови за безначајни офсајди а навива и за повеќе црвени картони - за фолирантите.  

Виетнамски маљчики

Денот во Виетнам почнува несфатливо рано. Луѓето стануваат в зори и масовно одат на плажа, на јога и гимнастика, за да се растегнат и да се брцнат во море пред да почнат горештините. Во пет и дваесет сабајле веќе врие. Во пет и четириесет почнуваат од досада да се закопуваат во песок. Бурек или чорба ни на повидок. Температурата на морето во зима е 20, летно време 29 степени.

Полициска корпа за секакви муцки

Велика Британија. Дечкото почнал да напаѓа луѓе без врска. Кога дошле полицајци да го смират и апсат, пробал да ги гризе. Го легнале на тротоар ама па почнал да ги плука. Ок, има полицијата опрема и за тоа. Не знаеме дали ја бираа бојата, да не го навредат случајно на расна основа.

Јаболкото на Карл Саган

Концептот на четвртата димензија е отаде нашата способност, како тродимензионални суштества, да разбереме нешто повеќе од тоа. Дури и да се разбире концептот, речиси е невозможно да се замисли во умот, кој е лимитиран од реалноста на физичкиот свет околу нас. Пред 45 години, за да ни го објасни тоа, на неповторливиот комуникатор Карл Саган му требаше едно јаболко и тесеракт.

Човекот кој го заборави Мерцедес

Прашуваат човек кои марки германски автомобили ги познава па овој исцрпно ги реди сите оние кои му се познати. Притоа воопшто не го спомнува Мерцедес па на таа марка мора да го потсетат. Добро, позната му е и таа марка. А потоа човекот седнува во својот службен автомобил. Генијално.

Моден победник: Селото

Запираат на улица вистински господин човек, возрасен Италијанец, среден од глава до петици. Спастрена брада, пура, мантил, вратоврска во соодветна комбинација. А таму долу, на петиците, се разбира, кожни чевли во кожа боја. Само што, врз, нив - натнати калјачи! Оние гуменине што селаните ги ставаат кога цапаат по калливите ниви и дворишта. Кул.  

Колач со алергија

Еве една идеја за пролетен колач, како што го викаат во источна Азија. Потребен ви е ситен црвен грав (Vigna angularis) кој прво се потопува, па се вари и на крај се меле додека не се добие паста. Врз тоа се става главната состојка, полен од шишарки, помешан со вода и шеќер. На крај се додава мед. На здравје кивање.

Живеевме во време на Принц

Не е годишнина ни од раѓање ни од умирање ама и не треба повод да се потсетиме за „Кралот што го викавме Принц“. Роџер Нелсон замина пред девет и нешто години и беше талент кој се раѓа еднаш во генерација. Мулти-инструменталист на преку 20 инструменти, креативец, музичар, продуцент, изведувач со харизмa ипол и човек кого Мајлс Дејвис го сметаше за генијалец. И голем, голем фраер. 

Правда за Казахстан

Борат е урнебесна пишурија, и како концепт и како изведба на брливиот Саша Барон Коен. Во суштина, поентата не е ругање со родната земја на Борат туку со незнаењето, стереотипите и самодоволноста на американската култура. Ама сепак, замислете наместо Казахстанец да одбереше да биде Македонец. Вуду кукли со негов лик ќе боцкавме сиве овие години.   

Твојата гитара звучи крадено

Џакомо Тура е/беше јако популарен гитарист на Инстаграм и другите платформи се дека Јутјуберот Дени Сапко не ги раскринка дека добар дел од неговата музика и вешти нео-фанк сола е позајмен/украден од други артисти. Имаше преку 720.000 следбеници на Инстаграм но после скандалот, тој број рапидно опаѓа а спонзори како Фендер и Д'анџелико преку ноќ се повлекоа од соработката.