Off Topic

Ентони Хопкинс менува кариера

На 88 години, после шест децении минати како актер, Оскаровец и велшка културна икона, сер Ентони Хопкинс отвора ново поглавје во својата креативна кариера. Потпиша договор за албум со класична музика. Тоа е неговата прва љубов, уште кога на 4 години му купиле пијано. На 10 веќе го свирел Бетовен, на тинејџерски години почнал да компонира. 

Патeките кои ги избира животот

Ги знаете оние мали, природно разгазени кратенки вон пешачките патеки (обично по хипотенузата на некој агол). Во некои земји, кога се урбанизира некој простор, пешачките патеки не се прават однапред, туку се остава животот и луѓето сами да ги изберат оптималните патеки кои потоа само се потврдуваат со асфалт, павер, песок. Бродвеј улицата е така настаната.

Балканот како магацин за резервни делови

Блогерот Круле (Јадранко Ходак) за вечната тема која станува сè повидлива во посиромашките делови на Балканот. Дали живееме лошо затоа што толку сме заработиле и заслужиле или затоа што некои побогати и посреќни држави нè чуваат како резервати за квалификувана работна сила, од лекари и забари до плочкари и водоводџии. 

Линдзи Грем, Бог да го прости гадот

Има едно правило до кое се држиме дека за покојникот или се кажува „сè најдобро“ или се молчи. Бидејќи за ненадејно починатиот американски сенатор Линдзи Грем немаме да кажеме ништо добро а не па најдобро, само ќе потсетиме што пишувавме за него додека беше жив и ќе го оставиме со свои зборови сам да ви се огади. 

Носталгија по старата Америка

Стоунси го извадија својот 25-ти албум, Foreign Tongues. За некои тоа е најдобриот нивен албум со децении, нам повеќе ни се бендисуваше претходниот Hackney Diamonds, ама на новиот му должиме уште пар преслушувања. Една од песните е Ringing Hollow за која одма се извади муабет е дека против Трамп. Џегер и Ричардс дообјаснија: не е до Трамп, цела Америка денес е малку разочарувачка. 

Лов на воени регрути

Најновиот во серијата инциденти низ Украина кои ја покажуваат растечката фрустрација кај населението поради мобилизацијата во петтата година од војната со Русија се случи деновиве во Лвов. Единиците за регрутација пикирале маж роден 1996 година, баран заради нерегистрирање за воена служба. Но, акцијата не помина мазно. 

Ни библиотеки, ни легенди

Човек да не знае што повеќе да му е криво, тоа што нема шанси во некоја наша локална библиотека да се појави легенда од ваков калибар или пак тоа што дури и кога по некое чудо би се појавил, во библиотеката не би имало кој да го види. Од нигде никаде, Мик Џонс од Клеш, сам на гитара, со песната Train in Vain, напишана заедно со покоен Џо Страмер.

Храна за окото

„Да ти е жал да го јадеш“, се вика за оние јадења кои се убаво сервирани па е греота да ги расипеш. Нас никогаш не ни е жал да јадеме а и не сме од оние кои се ложат на „уметнички инсталации“ кои врескаат со предупредување дека ќе бидеш одран со сметката. Сепак ѕирнете, цели 9 минути такви штосови за кои е потребно и наивно да верувате дека дома ќе ви испаднат баш така како во видеото.

Концертот на кој Сузан Вега носела панцир

„Ме зезате?“, им рекла Сузан Вега на детективи на Скотланд Јард кои ја советувале да го откаже настапот на фестивалот Гластонбери во 1989 година, како прв женски хедлајнер дотогаш. Во тоа време добивала анонимни закани со смрт за кои полицајците проценувале дека се сериозни. Откако го одбила предлогот ѝ рекле да земе барем панцир. „Имав чувство дека секоја песна ни трае по 20 минути,“ се сеќава Вега.

Си немал Кинезот работа, си ги броел камењата

Кога ќе видиш ваков спорт кој се сведува на тоа да седиш и броиш камења кои минуваат под тебе (па кој е најпрецизен станува главен камењар), си викаш, како ова не им текнало на Црногорците? Ама па после ќе ти текне дека сите тие камења прво треба некој да ги ископа...

Кога ти глуми „јака“

Девојки често се жалат дека имаат проблем со денешниве дечки бидејќи поради којзнае кои причини, им е фуфка да им пријдат и да стартуваат нормален муабет за запознавање. Но, има и такви кои приоѓаат и не им проблем да стартуваат, ама знаат да наидат на гранитна “одбрана“, која неретко е мрежна, „борговска “одбрана. И после некој ќе се чуди што им е на ова машкиве денес.

Кога убиениот ќе му се врати на убиецот

37 годишниот Џон Пелки бил убиен во пукање во една сообраќајна кавга во Аризона. Три години подоцна, му се враќа на човекот кој го уби, извесен Габриел Хоркасита. Се случува тоа во судница, на денот кога ќе му се изрекува пресудата на Хоркасита. Ликот и гласот на Пелки се ре-креирани од вештачка интелигенција а пораката ја напишала сестрата на убиениот, жена која знае колку брат ѝ знаел да  простува.    

Чиста Индија

Пред 15-тина години, студии покажуваа дека во Индија околу 400.000 до 500.000 луѓе годишно умираат од болести поврзани со лоши санитарни услови и нечиста вода (дијареја, колера, тифус...). Од нив, околу 100.000 се деца под пет години (300 на ден). Државата спроведуваше големи акции како онаа „Swachh Bharat Abhiyan" (Чиста Индија), ама сега ќе видите тоа како оди.

Исчашени песни

Арон Стерлинг е музичар, тапанар и продуцент кој си поигрува со познати песни така што ги вади од своето природно ритмичко лежиште и им дава сосема друга конотација и атмосфера. За среќа, не е единствен кој се бави со вакви занимации (нам ни е тоа ептен забавно) и кои докажуваат дека и кавер на некоја песна не мора да звучи тезгарошки досадно.  

Како (и каде) несакајќи се купува коњ?

Имаат рубрика во која еден од нив раскажува приказна која му се случила и другите на крај погодуваат дали приказната е вистинска или измислена. Кевин Бриџес им кажува како еднаш несакајќи купил коњ. Етe така. Сакал само да го изнајмат на 25 минути а испаднало дека го купил за негов да биде. Никој не му поверува. Вие нема причина да не поверувате ако знаете дека дилот се случува во Бугарија.

За погрешната претстава за животот

Размислете за овие нејзини умни зборови: „Она што не можам да поднесам на ТикТок е кога девојки ги подучуваат другите девојки и жени да не се задоволуваат со малку; видeте ми ја чантата, чевлите, видете како ми изгледа спалната....“ Што се постигнува со тоа? Со тоа ве форматираат и подготвуваат да бидете клинички незадоволни од партнерот и она што тој може да го понуди.

Двете страни на билдањето

Пред некој ден Јана во Офф кафе ви ја покажа докторката што се боцкала само на едната страна на лицето за ви ги долови гипсените ефекти на ботоксот. Најдовме бетер абдал. 19 годишен ТикТокер кој билдал само една страна на телото. Му текнало дека има мисија: да ги разбие доминантните принципи за убавина кои ја фаворизираат симетријата на телото. И ене го сега искривен.  

Да ве видиме на караоке со оваа песна

Бендот се вика ХАКУ, составен од четири јапонски срцки од Осака, имаат преработка на песна од групата MONO NO AWARE која ем е ужасно заразна, ем ќе посакате да ја научите на памет, ем ќе сфатите дека нема шанси за тоа. Песната се вика Kamukamo Shikamo Nidomokamo (Може да те гризнам, можда и двапати) ама чекајте да го видите целиот текст. Учете или просто уживајте.

Се моли четата да се разбуди

Како би изгледало да се воведе задолжителен воен рок денес, за генерации кои се малку повеќе разгалени од некогаш и чија лежерност не е компатибилна со ригидниот ритам на војничкиот живот. Додуша, симулацијата важи и за ситуација кога воен рок би им се наметнал на Црногорци.

Школки ја контролираат водата за пиење во Варшава

Се земаат школки од многу чисто езеро. Се ставаат во резервоар во кој протекува вода од Висла, наменет за резиденцијалните делови од градот. Ако школките стојат цело време 100% отворени, водата е чиста и неконтаминирана. Доколку 6 од 8 школки се затворат или повеќето се затворат на 25% ...тоа е знак за аларм и преземање мерки. Кај нас би се блиндирале уште кога ќе ја „помирисаат“ водата на Вардар.

Како во Јапонија се демолира зграда

Во светот тоа се прави со паметно распореден експлозив и прецизен тајминг па таа паѓа со огромен тресок, облаци прашина и вагони градежен шут. Во Јапонија поинаку: на зградата ѝ прават шасија и одвнатре ја делкаат. Тивко, мирно, без бучава и без прашини. Само што, ако минуваш често покрај таква зграда а таа секојпат е сè помала и помала, можеш да помислиш дека си се штракнал во главата.

Фрлен двосед како туристичка атракција

Кај нас на секоја педа може да се најде нешто од што се прави понуда за секаков тип туристи - оние што ги занима историја, култура, уметност, храна, музика... Па ништо од тоа. На другиот крај на приказната е една запуштена парохија во Глочестер, Англија, за која TripAdvisor до толку не знаеле што да кажат зошто треба да се посети што пишале дека има таму еден оставен двосед. И ете ти, луѓе сега нагрнале да се сликаат со каучот.

Првата пунџа на бивша Југославија, Јованка Броз

Архивот на Србите од Хрватска донесуваат досега непознати сведоштва на сопругата на Јосип Броз Тито, со која пред доста години разговарал некогашниот новинар и денешен дипломат, Драган Бисениќ. Разговорите неколкупати биле водени од 2010 до 2012 година во вилата Бор во Белград каде Јованка ги мина последните денови од животот. Политички афери и сплетки, одземање имот, грст дијаманти....

 

Тегет критика на Трамп

Медиуми деновиве се бавеа со ама баш секакви детали околу погребот на папата Франциско бидејќи тоа навистина беше голема глобална вест. Дел од тоа покривање на церемонииите, кој како дошол, кој со кого се ракувал и слично, беше дижестирано низ пропагандниот наратив на медиумот. На пример, дека Ватикан ги замолил сите што ќе дојдат на мисата, да бидат облечени во црно. А Трамп, једини сељак, дошол во тегет.

Гањо, Тито и Боб Дилан

Кога го снимате Тито на брод и маршалот за момент ја остава пијачката на маса за да запали пура, што би ви паднало на памет? На Гањо му дошло да проба виски баш од таа чаша. Што да не? Ај да речеш еднаш, ама нашиов трзнал и по втор пат, само што тогаш некој од обезбедувањето дискретно му дал до знаење дека ако уште еднаш ја пипне таа чаша, со пливање ќе се враќа назад.

Пост-УСАИД признанија

Не се баш чести признанија како што е ова на пакистанскиот министер за одбрана, на обвинувањата дека долго време вршеле обуки, финансирање и поддршка на разни терористички организации. „Три децении ги вршевме валканите работи на Америка, Велика Британија и Западот,“ вели министерот на државата која брои речиси 250 милиони луѓе.

RIP Дејвид Томас

На 71 годишна возраст почина Дејвид Лин Томас, вокалистот на култната група Pere Ubu. Долго време бил болен но го завршувал новиот соло албум за кој знаел дека ќе биде последен. Имаше препознатлив, висок глас, кој се опишуваше како „Џeјмс Стјуарт заробен во обоа.“ Починал дома покрај својата сопруга и поќерка. На радио свиреле MC5. 

Љубовна кавга со хепиенд

Дечко и девојка се карааат околу нешто и тој во еден момент на очај решава да се фрли преку џам! Таа се обидува да го спречи во намерата но тој сепак успева да го скрши прозорецот и да се фрли преку него. Како тогаш викаме дека ова е љубовна кавга зо хепиенд? Ќе видите.

Бустирана забава на американски начин

Просечните европски умови никогаш нема да сфатат како е можно Американците толку долго и натаму сè палат на нивните кечери. Аргументот е оној прастариот, дека све тоа е наместено и дека не се тепаат вистински. Ела да видите колку е тоа, не само стварно, туку и стварно забавно. А за тепањето.... оти па на Евровизија вистински се тепат.

Го врати на фабрички подесувања

- Сакам да се извините, тоа е навредливо, вели навреденото лице.  - Транџа е навредливо за тебе? - Па, да. - Транџа, транџа, транџа... Да чуете само како еден умиљат „женски глас“ на навреденото лице веднаш беше заменет со оној глас кој дошол во биолошкиот пакет.