Ние сме ветена земја за терминолошка конфузија, култура на тешки зборови кои ретко - практично никогаш - немаат никакво значење, делата подобро и да не ги спомнувам. Со термините, особено оние од странско потекло, се мава наоколу како со минџа по самар.
Да го земеме зборот/терминот „фашизам“. Еден мој Марсовец еднаш ме праша: Кажи ми, за што спорат локалните политички партии кога сите до една се фашистички. И стварно, не мора да си Марсовец за да видиш дека членовите и симпатизерите на српските завојувани (ебани) партии се нарекуваат меѓусебно „фашисти“.
Да наречеш некого овде „фашист“ е како да си му кажал „добар ден“. Сакам да кажам, произведува ист ефект, т.е. никаков, т.е. силно куроболие. Никој не се навредува кога некој го нарекува „фашист“. А тоа би требало да биде страшна навреда. Истото важи и за етикетата „усташ“. Никој не се чувствува навредено кога ќе го наречат„усташ“.
А и зошто тоа би било чудно во земја каде блиските пријатели се поздравуваат со традиционалното: „Па кај си бе, пизда ти материна?!“
Нашите режими (од сите времиња и бои) беа (повеќе или помалку) насилни, но ниту еден од нив не ги исполнуваше ниту минималните услови за да се нарече фашистички, дури ни Недиќевскиот, кој беше крвав, но оперетски фашизам во изведба на Аматерски театар од Долен Пичковац.
За фашизмот и нацизмот воопшто да бидат можни, потребни се некои предуслови: меѓу другото, железна дисциплина, перверзен, но функционален систем, фанатична посветеност на „идејата“ и подготвеност да се умре за таа идеја. Сè се тоа работи кои се дефицитарни во Србија.
Просто кажано: немаме „висина“ за фашизам. А што е со револуцијата? Имаме ли „висина“ за револуција, со која исто така се млати ко со минџа по самар? Е, за тоа, имаме. Но, само за оперетска револуција како фамозната Јогурт револуција.
Револуцијата, во вистинската смисла, е радикална промена во политичкиот систем и државната структура. Немало многу такви револуции во историјата. Во овој момент, можам да се сетам на Француската, Октомвриската и Кубанската револуција, се сомневам дека имало повеќе.
Автентичните револуции - без разлика колку се крвави - секогаш се квалитативен скок напред, без оглед на постреволуционерниот квалитет. Со нашите револуции тоа не е случај. Јогурт револуцијата - која падна во неправеден заборав - беше скок назад, со кој синовите на комунистичките револуционери - со чест на исклучоците - ги поништија револуционерните придобивки и ги вратија работите на преткомунистички подесувања.
Фамозниот 5-ти октомври не беше револуција - не беше ниту преврат; Милошевиќ ги загуби изборите, па мораше малку да му се помогне да го признае тоа. Но ако 5 октомври не беше револуција, тоа не значи дека немаше контрареволуционери во редовите на Демократската опозиција на Србија, кои ги запреа реформите и ги вратија работите на јогурт-револуциионерни подесувања.