Off Topic

Ентони Хопкинс менува кариера

На 88 години, после шест децении минати како актер, Оскаровец и велшка културна икона, сер Ентони Хопкинс отвора ново поглавје во својата креативна кариера. Потпиша договор за албум со класична музика. Тоа е неговата прва љубов, уште кога на 4 години му купиле пијано. На 10 веќе го свирел Бетовен, на тинејџерски години почнал да компонира. 

Патeките кои ги избира животот

Ги знаете оние мали, природно разгазени кратенки вон пешачките патеки (обично по хипотенузата на некој агол). Во некои земји, кога се урбанизира некој простор, пешачките патеки не се прават однапред, туку се остава животот и луѓето сами да ги изберат оптималните патеки кои потоа само се потврдуваат со асфалт, павер, песок. Бродвеј улицата е така настаната.

Балканот како магацин за резервни делови

Блогерот Круле (Јадранко Ходак) за вечната тема која станува сè повидлива во посиромашките делови на Балканот. Дали живееме лошо затоа што толку сме заработиле и заслужиле или затоа што некои побогати и посреќни држави нè чуваат како резервати за квалификувана работна сила, од лекари и забари до плочкари и водоводџии. 

Линдзи Грем, Бог да го прости гадот

Има едно правило до кое се држиме дека за покојникот или се кажува „сè најдобро“ или се молчи. Бидејќи за ненадејно починатиот американски сенатор Линдзи Грем немаме да кажеме ништо добро а не па најдобро, само ќе потсетиме што пишувавме за него додека беше жив и ќе го оставиме со свои зборови сам да ви се огади. 

Носталгија по старата Америка

Стоунси го извадија својот 25-ти албум, Foreign Tongues. За некои тоа е најдобриот нивен албум со децении, нам повеќе ни се бендисуваше претходниот Hackney Diamonds, ама на новиот му должиме уште пар преслушувања. Една од песните е Ringing Hollow за која одма се извади муабет е дека против Трамп. Џегер и Ричардс дообјаснија: не е до Трамп, цела Америка денес е малку разочарувачка. 

Лов на воени регрути

Најновиот во серијата инциденти низ Украина кои ја покажуваат растечката фрустрација кај населението поради мобилизацијата во петтата година од војната со Русија се случи деновиве во Лвов. Единиците за регрутација пикирале маж роден 1996 година, баран заради нерегистрирање за воена служба. Но, акцијата не помина мазно. 

Запознајте го нашиот нов матичен лекар

Доктор Велибор Цаниќ отворено порачува дека возрасен организам може дневно да преработи само 180 милилитри алкохол. Но, доктор Цаниќ е доволно хуман па оваа доза је претвора во нам познати форми. Ракија од 40 проценти е всушност 60 проценти вода, ви текнува? За пивопии: десет шишиња на ден, како ви звучи?

Мрачната страна на Франкфурт

Франкфурт, финансиската престолнина на Германија, често асоцира на сјајот на небодерите и пулсот на бизнис-елитата. Но, зад светкавите фасади, постои друга реалност – мрачна и сурова, која ја избегнуваат не само жителите и туристите туку и полицијата. Јутјуберот Курт Каз ве води низ срцето на Таунусштрасе, озлогласениот кварт во Франкфурт во кој „живот живеат“ наркомани, дилери и бездомници.

Туристички "Hunger Games"

Никогаш нема да ги разбереме овие луѓе. Ќе дадат вагон пари и ќе се злопатат со транспортни и предизвици, за во летниот шпиц да го прават ова: рано наутро, подготвени на низок старт, во очекување на официјалниот старт на денот: трка за фаќање лежалка покрај базенот. Дента ќе се сликнат како уживаат. А со трчањево никако да се пофалат.

Не ставајте бензин после првиот „клик“

Многу луѓе (и ние меѓу нив), продолжуваат да ставаат гориво и откако сензорот на пиштолот ќе регистрира дека е доста, ќе кликне и ќе запре со дотур. Го правиме тоа колку да заокружиме некоја цифра, поретко литрите, почесто цената. А стварно небитна е округла цена, кога се плаќа со картичка. „Кога продолжувате да ставете после првиот клик, фрлате пари во ветар,“ открива експерт.

Бог е математичар

Д-р Вили Сун признава дека како млад, долго време бил сомничав и го предизвикувал Бог со нешто да му докаже дека постои. Потоа се нурнал во темата со која се занимава (Сун е астрофизичар од Харвард) и математичката елеганција на природните закони и... Како кога ќе најдеш часовник и ќе ги сфатиш неговите сложени механизми, јасно ти е дека мора да постои некој часовничар. 

Бенини од Газа

Ахмед Абу Амша е учител по музичко во Газа. Позалуден позив не можете да смислите за таму. Но, не е така. Ахмед верува во онаа партизанската „песма нас је одржала“ па како Роберто Бенини во филмот „Животот е убав,“ со музиката и илузијата што таа ја креира, на децата им ја прави реалноста поднослива. Кога доминантен звук е звукот на дроновите, Амша и малите се штимаат по тој тон. 

Тропаме на врата на заборавените диктатори

Нема поинтересни луѓе од диктатори (само дома да не ти се). На времето во Он.нет имавме рубрика „Катче за диктатори“ со ѕвезди како Нурсултан Назарбаев (Казахстан), Гурбангули Бердимухамедов (Туркменистан) и слични. Немавме многу вести за Иди Амин, нагалено наречен „Касапинот од Уганда“ бидејќи одамна беше мртов. Да се потсетиме на него, кога го одликуваше својот роден син со највисоката државна награда. Малиот имаше 6 години.

Кога Седи Винтерс ќе доаѓа во Скопје?

Музичкиот продуцент, Јутјубер и мулти-инструменталист Рик Беато, со пар промптови за ВИ, од нула создаде инди пејачка (Седи Винтерс) и чичка нова песна (Walking Away). Со помош на Суно, за само четири секунди бил генериран ликот на Винтерс и текстот на песната, додека мелодијата и вокалите биле завршени за околу две минути. И сега песната станува хит. 

Верувајте ѝ на половина од науката

Популарниот невролог Ендрју Хуберман вели дека еден од најголемите невро-хирурзи на сите времиња му рекол дека барем половина од оние информации што ги има денес во учебниците по медицина се комплетно погрешни. Кога го прашале колкаво е влијанието на ова врз човечкото здравје, рекол дека тоа не може ни да се пресмета. 

Апдејт за Палестинците во Данска

Во 1992 година, Данска носи посебен закон со кој им се додели азил на 321 Палестинци од Либан. Законот беше донесен првенствено како хуман гест кон овие луѓе кои главно потекнуваа од палестинските бегалски кампови во Либан, земја која беше девастирана во 15 годишна граѓанска војна.  321 Палестинец легално се населија во Данска. Што стана со тие луѓе и како се покажа овој лекс специјалис?

Вегзоризам

Еден поинаков егзорцизаам, кога растителните демони панично го напуштија измаченото тело на една млада и кревка девојка која после 10 години, првпат пробува стек. Душата ѝ дојде на место, насмевката ѝ се врати, тетоважите ѝ се разиграа. „Голем е, се плашам,“ вели таа пред да загризе. „Тоа што јаде месо и мисли дека е голем, оваа девојка ја прави идеална,“ коментира сеирџија.  

Не знаеш кој сè може да ти помогне

Голферот Томи Флитвуд годинава го подели четвртото место на престижниот BMW турнир во Мериленд, кој има импозантен награден фонд од 20 милиони долари. Таа позиција му донесе 910.000 долари. Ако дечкото е фер, неочекувана асистентка која беше клучна да дојде до тие пари, треба да ја почасти со кофа говна.

Еди Рама да си ги собере криминалците од Англија

Лидерот на британските Реформисти долго време предупредува за напливот на илегални албански имигранти преку Ла Манш. Пред некое време му реагирашe премиерот Еди Рама, дека манипулира со погрешни бројки. Фараж тврди дека бројките му се точни но дека е поважно, колку и да се на број Албанците зад решетки, Рама да дојде и да си ги земе. Како што ги зема оние по договор со Италија. 

Како изгледаа Европејците во Белата куќа?

Реално, не знаеме. Имаше доста фотографии (од кои највпечатливи беа оние на кои Трамп ги имаше наредено пред себе „фаците“ како пионерчиња), но немаше видео од она што се случувало зад затворени врати. А мора да било сочно. Ништо страшно, затоа ги имаме Топ листа надреалиста кои пред скоро 40 години предвидоа, покажаа или предупредија како изгледа тоа.     

Твикс, од здравите

Секому му е јасно дека оние близнаци се вкусни, ама полни со шеќер, еден од најомразените елементи на денешната исхрана. Како истиот тој Твикс, на наједноставен начин да ги задржи шеќерите и вкусот, ама на луѓето да им изгледа дека купуваат нешто здраво, нешто што ја обвновува енергијата и мускулите и е збогатено со витамин Б? Со промислен редизајн на опаковката. А притоа ништо нема да излажете.  

Е-густината на кечапот

Кечапот е околу 30 проценти доматно пире а остатокот е вода, шеќер, сол, тракатанци. Ако е 70 проценти вода, како онда е толку густ? Одговорот гласи: Е-415. И пазете, ова ги учат, им го покажуваат и им отвораат очи на ученици некаде во Индија, додека овие нашиве ги тераат да учат органи и институции на Европската Унија.    

Цивилизациски разлики

1963 година ние засекогаш ќе ја паметиме по катастрофалниот земјотрес кој го сотре Скопје. Други земји имаат поведри настани за паметење. Советскиот сојуз, на пример, во јуни 1963 година, ја испрати Валентина Терешкова и Восток 6. И додека СССР ѝ мафташе на првата жена во вселената, во Алабама, САД за првпат на факултет влегоа двајца црнци. 

Пазете ја оваа финта

Убаво е кога видеото и аудиото од едно парче се однесуават на иста работа. Ама, не секогаш. Овде звукот е додаден само за да можете на раат да го гледате видеото (одново и одново, ако сакате), без да предизвикате сомнеж и дигање веѓи кај женскиот дел од домата. Па нека мисли „ќе ме умре со тоа фудбалот.“

Музиката на 1991 година

Пред неколку години, „The Daily Beast“ за најплодна година во популарната музика ја избра 1991 година. Ќе ви покажеме седум ауди касети (за копиљаци: некогаш така се слушаше музика), сите издадени во период од само 44 дена во 1991 година. Кај нас таа година албуми издаваат Мизар, Архангел, Меморија (и Канго, молим лепо) а се формираат ТБ Трачери, Рок Агресори, Паркети, Ареа...

Сакаме вака!

Акција на турски надлежни служби за расчистување на тротоарите на кои, како и кај нас, како кој стигне става табла, знак, знаме, гајби, столчиња, маси... Го прават тоа прилично ефикасно, без непотребни детали од типот „каде е газдата“, „да видиме дозвола“ (знаат дека немаат дозвола) и слично. Одат по тротоар и фрлаат во камионче сè на што ќе наидат. Тамам.

Една ластовичка не ја прави цивилизираноста

На Балканот, што лаички, што систематски, се регистрира тивко заминување на ластовичките и сè поголем број на празни гнезда. На хрватска фарма со кози, на пример, некогаш имале по 40 активни гнезда, денес ни половината од тоа. Некои од нив можеби нашле посреќни решенија. Јапонија на пример. Таму ластовици направиле гнездо во кое растат млади баш кајшто минуваат луѓе. Им го срушиле гнездото? Никако.

„Кога ќе се сменат околностите, го менувам мислењето. Вие?“

Горниот цитат кој дава прилика за размислување и преиспитување многу често му се припишува на славниот англиски економист од минатиот век, Џон Мајнард Кејнс. Не го прават тоа само лаици, туку и кејнсијанци, оние економисти кои веруваат во неговите теории. Погрешна е референцата но приказната е интересна и покажува дека има зошто некои изјави им се припишуваат на некои луѓе, дури и кога не се нивни автори. 

Оригинални преработки

На наши музичари и групи кои ни праќаат песни обично не им објавуваме кога се работи за преработки, сакајќи да промовираме авторска музика. Може е тоа малку нефер бидејќи и во прерабоките може и тоа како да се вбризга авторски печат. Јутјуб каналот „Кавер на лице место“ има одлични примери за тоа. Им пуштаат песна, ги оставаат да смозгаат како ќе ја скоцкаат и после овие ја свират нивната верзија. Супер интересни идеи. 

Сепак постои надеж

Искрени муабети меѓу млад црнец и стар, штрбав, олдскул американски расист. Има некоја симпатија и ведрина меѓу нив иако стариот е жилет. Младиов го прашува што ќе помислат неговите комшии ако видат дека се вози со него? Веројатно ќе помислат дека те држам како заложник. А она „сепак постои надеж“, се мисли на надеж за разбирачка меѓу луѓето? Не, друго е.