Off Topic

Феѓа Штукан: Паметните веќе немаат луксуз да молчат

Дојдовме до апсурд паметните да мора да се повлекуваат и да бираат зборови за да не навредат нечија плиткоумност и суета. Дозволивме алгоритмите да станат судии, а толпата што во животот не прочитала три книги да држи предавања за медицина, историја, космос и морал. Дигитални дивјаци, вооружени со тастатури и комплетно отсуство на срам. 

Продолжение на „Баталете мајки, шајки“

Иако мојата преставка се однесуваше на дел од плажите во Струга, Инспекторатот направил вонреден инпекциски надзор на целото струшко крајбрежје, проверил 36 локации и ниту една од нив немала Одобрение за урбана опрема. Станува збор за 36 локации без дозвола. Не е можно советот на општината да ја нема оваа информација.  

Трамп се прогласи за најголем

Трамп нормализираше многу глупоштини што во некои други времиња ќе нè шокираа. Замислете, на пример, Гордана Силјановска да објави топ листа на досегашни македонски претседатели на која себе ќе се стави како најдобра од сите. Баш тоа го направи Трамп, среде нерешен Ормуски теснец и рекордни цени на гориво. Ако после Трамп не го изберат Мики Маус, нема како „нормално“ да се продолжи оваа линија на лудило.

Не баш силно светнал БДП

„Луѓе, какви 35 години!“, ќе каже Џамбазов на почетокот на спотот по повод 35 години од независноста на Македонија, како најава за караванот „Силно светнал ден“. Убаво му доаѓа на човек да се потсети на промоцијата на македонските пари, голот на Шаќири, кошаркарите во Литванија, Тоше... сето тоа со „Насмеј се и главата горе“, на Ана и Игор Дурловски. Само што, тие 35 години не беа скроз за смеење. А главата (главно) беше горе зашто ако беше поднаведната, ќе си го видевме џебот.   

На Трамп со трамповска цевка

„Да коментирам диктатор кој е крал на банкротирањето?“, потпраша гувернерот на Онтарио Даг Форд кого Трамп претходно во свој стил го испонавреди и го нарече лакеј и подлизурко. „Трамп е силеџија, од оние што ги познаваме од школо, што ќе ти ја изедат ужинката и ќе ти ги украдат парите, тоа е последниот чиовек од кој би примал совети“ со иста мерка возврати Канаѓанецот. 

Ако може вака, Скопје е веќе спремно

Пловдив беше Европска престолнина на културата во 2019 година, заедно со италијанска Матера. Имаа амбициозна програма „Заедно“ со над 320 проекти, околу 600 настани: изложби, театар, фестивали, концерти, улични уметности, проекти за интеграција (особено за ромската заедница во квартот Столипиново). Но, откако рефлекторите ќе се угасат а културата ќе си ги собере парталите, ќе останат само парталите. И Столипиново.

Првиот Мис Стон беше Цезар

Уште Плутарх има пишувано за ова ама накратко: Во 75 год п.н.е. 25 годишниот Гај оди на дошколување на Родос ама во Егејско море бива киднапиран од сицилијански пирати кои побарале откуп за него. Тука паднала навреда која не им ја простил. Барале премногу малку пари за таква фаца како него, па со време им рекол дека кога ќе заврши епизодата, ќе дојде и по парите и по нивните глави. Така и бива. 

Бора Спужиќ Прогресив Квака

Од кујната на алхемичарот Апостолски доаѓа уште една халуциногена комбинација. Бора Спуќиж Квака и Dream Theater. Легендата вели дека Квака еднаш ги има сретнато Мајк Портној и Џон Петручи и кога чул како свират, зацвилел три ноти повисоко. „Дајте секира да си пукам во белите дробој!“

Мона Лиза, кога беше небитна

Фамозната Мона Лиза била не многу впечатлив ренесансен портрет, сè додека не ја украле од Лувр во 1911 година. Толку небитна што дека ја нема приметил после цели 28 часа. Дури тогаш медиумите ја претвораат во мит. Ја има украдено вработен во музејот а меѓу испрашуваните од полицијата биле и Пабло Пикасо и поетот Гијом Аполинер, пошто асистент на вториов две години пред тоа има украдено две бисти кои завршиле кај Пикаасо.    

Да не ти се враќа дома

Мажот од оваа американска брачна двојка работи по 13 и кусур саати ама па затоа кога ќе дојде дома, го чека готова вечера подготвена од неговата драга. Говедско од конзерва (на куче да не му го дадеш), компири во прав и дехидрирани смрзнати компири. Мх-мх. Дехидрираната храна има и по 20 години рок на траење, што значи овој јаде свежо, на американски начин. Му се свиѓа. Што да прави кутриот.

Песна за другарот Зохран

Во поларизирана средина каква што денес владее во целиот свет, сечија победа предизвикува дијаметрално спротивни реакции. Така и за победата на Мамдани во Њујорк, имате од егзалтирана радост на оние кои го гласаа до уплав кај овие другиве. Некој од вториве добро се потрудил да склопи забавна а лута политичка сатира (по ново: хејт) на звуците на градската химна од Френк Синатра, за тоа каков Готам сити ќе направи „другарот Мамдани“   

Сликата и огледалото

Интерсен детал за една уметничка слика на морнар. Лицето на морнарот не му е насликано баш под винкла ама па и на Пикасо не му се. Но, сликата сосема го менува изгледот и атмосферата штом таа се погледне заедно со огледало, ставено на едната па на друга половина. Случајно ли е, намерно ли е, веројатно никогаш нема да дознаеме.

Пилкингтон прегледува простата

Еден од најголемите заеби на Рики Џервејс на сметка на неговиот пулен, човекот кој го прогласивме за наш Буда, господарот на здравиот разум, шаолин мајсторот на способноста ништо да не може да те одушеви, Карл Пилкингтон. Го убеди дека на негови години доктор мора да му прегледа простата. Аха, со прст. 

Градоначалникот на Њујорк се лути ако го викате Зоран

Нов шериф на Њујорк е 34 годишниот Зохран Кваме Мамдани, роден во Кампала, Уганда. Средното име му е во чест на првиот претседател на Гана, Кваме Нкрумах. Но, не е проблем средното, туку првото име. Тврди дека неговиот ривал намерно го викал - Зоран! Значи Зоран - не (ете колку некој го има упропастено тоа име). А Албанците нека му ја мислат со нивниот дифолтен проблем со гласот „х“. 

Нобеловката за мир: Бомбардирајте нè

Нобеловата награда за мир за 2025 година отиде во рацете на Венецуелката Марија Корина Мачадо. Што мустра е тоа стана јасно откако наградата му ја посвети на Доналд Трамп кому и му се јавила за да му каже дека ја „примила во негова чест бидејќи тој навистина ја заслужува“. Еве ја сега миротворката, порачува дека само воена ескалација може да го тргне Мадуро.  

Злото наречено фентанил

Пред две години, само во САД, од предозирање со фентанил умреле преку 70.000 луѓе. Го мешаат со други дроги па на пример, луѓе кои шмркаат кокаин не се свесни дека всушност се зависни од фентанил. Мала образовна и показна вежба за тоа колкаво количество од која дрога е доволна да се убие човек. Фентанилот не е дрога, тоа е чиста смрт.

Еден ден ќе ѝ се одјаде

Компилација од она што еден син редовно ѝ го прави на својата мајка. Секогаш ја начекува на јадење за да ѝ го зачини со некој ултранекоректен, што би се рекло „мрсен“ виц. Нејзе ѝ станува јасно што ја чека штом овој ќе ѝ каже: „Еј, мамо.“ А добри вицови има на лагер.

Рекламите се враќаат на подзаборавените вредности

Рекламата со Сидни Свини и фармерките („Љубомора во прогресивно руво“) го скрши повеќегодишниот пуритански мраз кој го наметнаа лажните прогресивци, гадливи на секој призвук на сексипил или еротика а компаниите беа смртно уплашени толпите од социјалните мрежи да не ги означат како сексистички па да се најдат под бојкот. Една по една, компаниите сега се охрабруваат.

Временска машина за совршен дејт

Дечко сака да смува девојка на клупа. Како и секој дечко, знае да утне муабет. За среќа, со себе има временска машина која го враќа на моментот пред да ја утне работата. За несреќа, таквиот рестарт има своја цена.. За среќа, таа не е глупава. Краткото филмче има инспирирано епизода на Рик и Морти ("Vat of Acid") за која добија награда Еми. 

Уште политичките елити да не се прават енглези

 Илон Маск смета дека граѓанска војна во Британија е неизбежна и дека тоа е само прашање на време, поради сè поголемите тензии меѓу „домородното“ население и огромниот број имигранти (додека за нас уште ги држат визите). Анкета меѓу возрасни Англичани: луѓето не можат да си го препознаат ни градот ни државата во која пораснале и живееле и да се сега млади - би емигрирале.

Нема подобра жена од маж?

Гламурозните женски магазини секогаш имале комплицирана задача: како да убедиш жена дека си од нејзина а воедно да се осигураш дека таа никогаш нема да се чувствува добро со себе бидејќи - заради огласувачите - треба да биде премногу дебела, премногу стара, премногу немодерна... Сега отидоа чекор понатаму па на насловна, за жени на годината прогласија мажи, нагалено наречени транс-родови жени.  

Плашејќи нè со коњи, нè направија магариња

Ивермектинот беше најнапаѓаниот и најомаловажуваниот лек во времето на пандемијата, потсетивме во 2023 година во статијата „Ивермектинот не чинеше затоа што беше евтин“. Кенеди ја дообјаснува приказната: не толку познат федерален закон забранува да се даде дозвола за итна употреба на вакцина доколку постоечки и одобрен лек е ефикасен против болеста. Ама така ќе пропаднеше бизнис од 200 милијарди долари. 

Џефри Сакс за Венецуела: Просто е

Венецуела ги има најголемите резерви на нафта во светот. А ние сакаме да им ги украдеме, просто и едноставно. Воопшто не е комплицирано. Ова нема никаква врска со борба против трговијата со наркотици. САД се обидуваат да ги соборат властите во Венецула повеќе од 20 години. Обичен гангстеризам.

Нешто е (премногу) бело во државата Данска

Пазете што објавува данската државна телевизија: дечко и девојка, белци, се муваат на кауч и ситуацијата ќе се развиеше во очекуван правец ако не им се убацеше „експерт“ кој ќе ги предупреди дека етничката хомогеност на Данска носи ризик од инцестоидност и ги охрабрува да се мешаат со други раси за појаки гени на нивните поколенија. 

СССР беше мало дете за пропаганда

Западна Европа има сериозен проблем со сексуалното насилство и силувањата од мигрантите со кои е преплавена. Но, ако некој паднал од Марс па го погледне спотот против сексуално насилство кој го финансираше градоначалникот на Лондон, Садик Кан, ќе помисли дека главен хорор во јавниот превоз го прават бели банкари кои малтретираат жени од етнички малцинства. 

Ако Никола Бадев беше роден во Њу Орлеанс

За вакви постмодернистички заебанции со музичките стилови и жанрови порано требаше огромна доза талент и вештини. Сега треба само да ја најдеш вистинската апликација, да напишеш неколку вешти промптови и инстантно да добиеш резултат за кој некогаш биле потребни месеци. Бадев заминува со параходот ама обратно: од Њу Орлеанс до - сакаме да веруваме - Егејска Македонија. Тешка е судбината на црните печалбари.

Точниот момент кога културата умре

И да не те занимаше филмот Титаник, немаше шанси да не ти е позната онаа сцена на бродот или песната да не те погоди од некој спунт. Исто со Династија; апсолутно не те занима ама знаеш за Блејк Карингтон, Алексис... Денес нема веќе споделена култура. Денес секој е сам со неговиот алгоритам кој му го крои светот. На крајот омилена песна ќе ти биде онаа која никој на светот не ја слушнал.

Најубавото село на светот

Пред скопјани да почнат да се бунат и да објаснуваат дека најубаво е нивното село: ова е избор на Форбс. Тие го прогласија Бајбури за најубаво село на светот за 2025 година. Се наоѓа во руаралната област Котсворт во јужно-централна Англија. Идиличен предел со куќички од камен во боја на мед, пасишта, мрзлива река, патки, пастрмки, раат. Ех, раат. Сега кога ќе нагрнат туристи.....

Зошто се прават сè поглупи филмови?

Денес филмовите се прават за публика за која се знае дека додека тече филмот, дел од нејзиното внимание ќе остане на нивниот матичен екран, оној од телефоните. Затоа заплетите мора да бидат едноставни до ретардираност а дијалозите инфантилни, за да може да сфатат што се случува и оние кои додека го гледаат филмот, продолжуваат да скролаат по телефонот. Генијално е како (дополнително) ќе оглупиме.  

Принципиелноста на Кир Стармер

За фотографиите и снимките од Украина: Ужасни сцени на кои никој не може да остане рамнодушен и важно е да ги нареќеме воени злосторства. За фотографиите и снимките од Газа: Не е паметно политичар да гледа фотографии и снимки и веднаш да суди за нив.