Off Topic

Со ВАР, Голијат секогаш ќе го плеска Давид

Лука Модриќ, број 1 на целиот хрватски фудбал, златен гарант на сите хрватски победи, на овој натпревар изгледаше, се однесуваше и се движеше како Број 1 од Алан Форд. Се разбира, тој не е виновен за поразот. Виновен е како и сите други на теренот, а тие, пак, се невини во однос на оној што ги составил во тимот. А и тој не е толку крив колку очекувањата на заедницата. Таа би сакала играчите што ги правеа среќни да останат вечно млади.

Предупредувачки писма на читатели

Се јавив на сите Владини и НВО институции, по мејл, по телефон е џабе, никој не одговори, ама баш никој. Решив да ти пишам, онаа клупата на Водно се направи. Ова сигурно нема да се поправи, но можеби ќе спасиме некое дете кое дошло со родителите на викенд на Марков манастир, да се избања.

Трамп и Мелони пак ја спукаа

На Г-7, Трамп и Мелони во неколку наврати беа сликани во добро расположение, што се толкуваше како знак дека ги надминале претходните кавги. Ама, сељак каков што го дал Господ, Трамп отпосле кажа дека Мелони го молела и преколнувала да се слика со него. Таа не остана без зборови. Порача дека е згрозена од комплетните измислици. „Ни Италија ни јас никогаш не молиме!“

Илон Маск е клошар за Џингис Кан

Нето вредноста на Елон Маск од 1,3 билиони долари е потврдена од неколку извори, вклучувајќи ги Форбс и Блумберг и се очекува човекот да тргне накај два. Импресивни цифри и никој жив ни приближно не му е рамен. Па сепак, во однос на тоа што го поседувал самиот, Џингис Кан би можел да ги списка парите на Маск за бакшиш. Ако Џингис имаше навика да остава бакшиш. 

Вишок колумни

• Тато, тато, мама ја згази кола!
• Почни да плачеш, одма доаѓам!
Значи, почна фудбалот. Тоа е она за што се мажи секоја жена, без да знае.

Прашање - автогол

Новинар (Питер Дуси): „Еден мудар човек, еднаш, во јануари 2020-та кажа: „Иран никогаш не добил војна, ама, никогаш не изгубил на преговори.“
Доналд Трамп: “Кој го има кажано тоа?“
Новинарот: “Доналд Трамп“.

СССР носталгија

Не по Сталин или Брежњев, не по фармерки пеглани на шпиц и бадијала вотка, туку по времето, односно климата. Погледнете ја временската прогноза за 8 август 1989 година. Рај! 

Да не ги укинеа „ангелите“ на Викторија, немаше да знаеме како треба

Ангелите на ВС вечно ги снема затоа што колективно беа прогласени за нездрави и нереалистични прикази на женското тело и убавина. Во меѓувреме, новите, здрави прикази на женското тело стануваат се поразнолики.

Спектаклот од студио на Би-би-си спорт за Токио 2020

За почеток студиото и спектакуларната панорама на Токио од него воопшто не е во Токио, туку целосно е во Манчестер, и не е ни приближно живо и шарено, туку досадно зелено.

Брејзерс романтика

Музиката одма може да влезе како саундрак за Фрозен, текстот малку потешко. Жанрот е „степ-бро/степ-сис“ со најава за мала измена во следната варијанта.

Бескрајна вакцина

Во име на сите оние кај кои меѓу некои лични дилеми од една страна и од друга, доминантните научни и медицински сознанија (сесрдно подржани од државен апарат, полиција, медиуми, што треба) сепак превагнало второво и прописно се вакцинирале два пати, еден австриски новинар прилично незгодно сумира низ каков ролеркостер минуваат луѓето. Или и тоа не смее, само за да не го кокодакаат по социјални мрежи како антиваксер?

Полудуваме ли колективно и зошто да

Ако сте баш сигурни дека вие конкретно не сте полудени, погледнете коментари на социјални мрежи. Ако за повеќето од нив се прашувате од каде само изникнаа волку гневни и наапани горштаци, тогаш сите заедно имаме проблем.  А не сме ни први ни последни на кои им се случува тоа.

Ако веќе е жешко, тогаш барем нека е “Highway to Hell”

Том Морело од Реиџ со распалени и зажарени гитари а бензин на огнот со своите гласови додаваат Брус Спрингстин и Еди Ведер. Пржење!

Што научивме од овој клип?

Како прво, дека имало луѓе кои себе се опишуваат и претставуваат како кученца, маченца или зајачиња. Таквите да ти биле невродивергентни. Тоа да ти било кога некој чувствува дисконектираност од човечкиот род и од социеталните очекувања од родот кој му е даден од раѓање.  

Ќе те зезнат, вака или онака

Дечкото има гледано доволно клипови со оние турски сладоледџии кои се вешти со тоа корнетите и знаат бескрајно го дриблаат муштеријата додека навистина му го дадат сладоледот, па затоа изгледа спремен на сè. Речиси на сè.

Америка метричка да е, секој да ја знае

Не само што САД имааат потпишано дека ќе го усвојат метричкиот систем туку сите они нивни будалести мерки како стапки, инчи и галони со кои мака мачи остатокот од светот, всушност им се дефинирани со метрички единици.  

Орангутани, наши луѓе

На посетителка во Зоолошка во Индонезија ѝ паѓаат очилата за сонце во просторот на орангутаните. Ги наоѓа женка, точно ѝ е јасно како се носат, ги пробува и по некое време решава да ги врати, односно да ги трампа за нешто покорисно. Со нула жалење што не станала човек.

Феминистка во стапица

Прашањето е: Ако компаниите помалку ги плаќаат жените од мажите, нели е логично да вработуваат повеќе жени, затоа што се поевтини? Реакцијата сте ја виделе во дебатни емисии: кога наместо одговор, му префрлаш на соговорникот дека е нервозен, дека се поти... А нит е нервозен, нит се поти, само си ти фатен во небрано. 

Вие кога ќе дознаете дека сте бели?

Робин ДиАнџело е автор на извиканата книга „Бела фрагилност“ која  - буквално расистички - сугерира дека белците треба да го признаат примордијалниот грев што се бели. Во ова интервју, таа открива дека сфатила дека е бела на свои 34 години и тоа шокантно сознание трајно ѝ го сменило животот. Се почувствувала толку гласно бела што ѝ било срам да излезе на улица зашто сите ќе забележале дека е бела. Накратко, Робин ДиАнџело, кретен.

Бебиситерки, специјални единици

Школата ги кошта 21.000 долари годишно но затоа после може да очекуваат поголема плата од адвокати, отприлика околу 170.000 долари годишно. Учат боречки вештини, возење кола во опасни ситуации, шијат, плетат, виткаат суши и... не доцнат сабајле по 40 минути.

Олимписко тегнење за уши

Американските староседелци цели 60 години секое лето одржуваат свои Олимписки игри во Фербанкс, Аљаска. На Ескимско-Индијанските олимписки игри можат да се видат секакви дисциплини, од кои ја издвојуваме дисциплината „тегнење за уши.“ Треба и кај нас тоа. Чие уво испадне најјако за тегнење, станува Никола Димитров.

Багерист со краток фитил

Хотел во Ливерпул на багерист кој работел за нив, требало да му исплати хонорар од 600 фунти во петок. Проверувал човекот во петок, сабота, недела, па во понеделник веќе му зоврело, се качил на багерот и им улетал низ предна врата, деконструирајќи им ја рецепцијата. Фанови на вакви потези, на GoFundMe собрале 3.000 фунти донации за праведниот багерист.

Брутална рецензија за Смедеревка

Дечкото пишува под името „Сомелиерско катче“. Ако поради тоа очекувате суптилни рецензентски финеси, шармантно нијансирани сомелиерски оценки и ларпурлартистични описи од типот „на рабовите на вкусот се чувствуваат трагови од ливадско цвеќе низ кое протрчал елен лопатар“, сте се зезнале отприлика исто толку како кога би помислиле дека Смедеревка може и на голо да се пие. 

Разочаран ваксер

Американскиот актер Мајкл Рапапорт (сте го виделе ама небитно) беше доста гласен критичар и хејтер на анти-ваксери (Вакцинирајте се, курви едни! - затворен цитат). И сега, после примени две прописни дози вакцина, врховниот бог Ентони Фаучи вика дека вакцинираните во себе можат да имаат исто вирално полнење како и невакцинираните и дека можат да бидат супер - ширачи на вирусот.

Кокаинскиот блуз на Џони Кеш

Оваа верзија досега не е слушната. Изведена е во април 1968 година, во Карусел Болрум (Грејтефул Дед едно време го држеа местото) и според Кеш, тоа бил еден од најинтимните концерти кои ги имал.

Гладен човек, жив ѓаол

Mожеби е точно дека „ти не си ти кога си гладен“, ама што фали за момент да не си ти туку да станеш бестрашен фајтер? Се тепа и гризе!

Бајден против Бајден

Колку што Џо Бајден има кажано и направено против дилерите на крак, излезе дека син му Хантер толку има направено за дилерите на крак. Некому му текнало да ги спои овие две достигнувања.

Оксана „Челик“ Чусовитина

Што прави денес на 46 години Узбекистанката Оксана Чусовитина? Истото што го правеше и во 1992 на 17 години, се натпреварува на Олимпијада во гимнастика. Чусовитина нема пропуштено ниту една Олимпијада од 1992-ра, и зависи од годината го носи дресот (трикото) на СССР, Германија или Узбекистан.

Товариш Фау Чи

Ако против САД и Западот се води хибридна војна со пропаганда и лажни вести кои внесуваат збунетост и немир на населението, тогаш доктор Ентони Фаучи, со оглед на тоа што сè има кажано само на тема маски, е еден од највредните тајни агенти на руско-кинеската агентура.

Миротворецот

Ќе го познаете сами, во светла кошула е и има телефон во рака. Еден од оние луѓе кои неправедно биваат игнорирани за Нобелова награда за мир.