Човекот од Стар трек на кој сè му беше јасно

Многу генерации се имаат зезнато и разочарано на ист начин, предвидувајќи дека иднината ни носи коли што летаат. На Дејвид Геролд, наградуван сај-фај автор и пишувач на оригиналните Стар Трек епизоди, работата му била мноооогу појасна.

За еден магазин го прашуваат за негово мислење што тоа иднината носи. Важно за контекстот, го прашуваат тоа во 1999 година, ера на пејџери, осум години пред да се појави првиот ајфон.

Сега имам безжичен телефон, џепен организатор, дигитрон, дигитална камера, музички плеер а се наоѓа и телевизор во боја.

Во некоја од наредниве години, сите овие уреди ќе бидат споени во еден. Ќе биде тоа кутија потенка од два сантима и помала од шпил карти (големината ќе биде одредена од тоа што е згодно за држење а не од технологијата која е внатре). Кутијата ќе има екран со висока резолуција, микрофон, приклучок за слушалки, леќи за камера, безжична конективност, функционалности на пејџер и телефон, ТВ и радио приемник, дигитален рекордер а ќе има доволно процесорска сила и меморија да служи како декстоп. Ќе може да се поврзе со тастатура и монитор. И да, ќе средува имеили. 

Најважно од сè е што ќе има препознавање на говор и синтетизиран говор. Ќе слуша и ќе одговара на англиски или на кој било друг јазик кој сакате а ќе биде и преведувач.

Ќе биде и агент кој ќе ви помага за разни работи. На пример: сакам јапонски ресторан во Тулса, близу Рамадан инк. Ќе ви закаже маса и ќе ви организира транспорт до таму.

Јас го викам Personel Information Telecommunications Agent или скратено Пита. Акронимот може да доаѓа и од Pain In The Ass, што најверојатно и ќе биде, затоа што поседувањето на целата таа конективност, ќе го уништи и она што е останато од личната приватност.

Фасцинантно, јелда? Човекот е жив и ако се прашувате што според него е следно и што нема да може да се избегне во техолошкиот развој, тоа е вештачката интелигенција.

 

15 ноември 2021 - 15:20