Off Topic

Феѓа Штукан: Паметните веќе немаат луксуз да молчат

Дојдовме до апсурд паметните да мора да се повлекуваат и да бираат зборови за да не навредат нечија плиткоумност и суета. Дозволивме алгоритмите да станат судии, а толпата што во животот не прочитала три книги да држи предавања за медицина, историја, космос и морал. Дигитални дивјаци, вооружени со тастатури и комплетно отсуство на срам. 

Продолжение на „Баталете мајки, шајки“

Иако мојата преставка се однесуваше на дел од плажите во Струга, Инспекторатот направил вонреден инпекциски надзор на целото струшко крајбрежје, проверил 36 локации и ниту една од нив немала Одобрение за урбана опрема. Станува збор за 36 локации без дозвола. Не е можно советот на општината да ја нема оваа информација.  

Трамп се прогласи за најголем

Трамп нормализираше многу глупоштини што во некои други времиња ќе нè шокираа. Замислете, на пример, Гордана Силјановска да објави топ листа на досегашни македонски претседатели на која себе ќе се стави како најдобра од сите. Баш тоа го направи Трамп, среде нерешен Ормуски теснец и рекордни цени на гориво. Ако после Трамп не го изберат Мики Маус, нема како „нормално“ да се продолжи оваа линија на лудило.

Не баш силно светнал БДП

„Луѓе, какви 35 години!“, ќе каже Џамбазов на почетокот на спотот по повод 35 години од независноста на Македонија, како најава за караванот „Силно светнал ден“. Убаво му доаѓа на човек да се потсети на промоцијата на македонските пари, голот на Шаќири, кошаркарите во Литванија, Тоше... сето тоа со „Насмеј се и главата горе“, на Ана и Игор Дурловски. Само што, тие 35 години не беа скроз за смеење. А главата (главно) беше горе зашто ако беше поднаведната, ќе си го видевме џебот.   

На Трамп со трамповска цевка

„Да коментирам диктатор кој е крал на банкротирањето?“, потпраша гувернерот на Онтарио Даг Форд кого Трамп претходно во свој стил го испонавреди и го нарече лакеј и подлизурко. „Трамп е силеџија, од оние што ги познаваме од школо, што ќе ти ја изедат ужинката и ќе ти ги украдат парите, тоа е последниот чиовек од кој би примал совети“ со иста мерка возврати Канаѓанецот. 

Ако може вака, Скопје е веќе спремно

Пловдив беше Европска престолнина на културата во 2019 година, заедно со италијанска Матера. Имаа амбициозна програма „Заедно“ со над 320 проекти, околу 600 настани: изложби, театар, фестивали, концерти, улични уметности, проекти за интеграција (особено за ромската заедница во квартот Столипиново). Но, откако рефлекторите ќе се угасат а културата ќе си ги собере парталите, ќе останат само парталите. И Столипиново.

Трамп ќе го тужи Тревор Ноа за воа

За наградата „Песна на годината“ на Греми која годинава ја собра Били Ајлиш за песната ‘Wildflower’, Тревор Ноа кажа дека тоа е награда што секој артист ја посакува скоро толку многу колку што Трамп го посакува Гренланд бидејќи по смртта на Епстин, што е логично бидејќи му треба нов остров каде што ќе се забавува со Бил Клинтон. И Трамп се узјогуни.

Ocean's 0,11

Ричмонд е еден од најзелените, најбогатите и најпожелните делови за живеење во Лондон. Се наоѓа на Темза, со многу паркови и отворен простор, старински улички, пабови, театар... Деновиве таму сред бел ден беше изведена спектакуларна пљачка на златарница. Како? Со препреден и до детал разработен план како во филмот „Единасеттемина на Оушн?“ Не. Со токмак.

Сипај од тоа отровот да ги прославиме поразите

Откако цела деценија прописно го исчашуваше вкусот на цела една генерација со симулирање егзотика, пари, коли и брендови, раперот и продуцент Слободан Вељковиќ Цоби („Тешко сељачиште и исто толку непретенциозен и врхунски талент“ - Адо) јако врти („Кажи кад окреќеш да се држимо, испопадасмо!“ - Ѕинго) накај реализмот на јужњачкото секојдневие. Наместо лажен гламур, реален живот. Во таквиот живот поразите не се бројат туку се подразбираат. 

Сме го јаделе

Moltbook е социјална мрежа создадена исклучиво за агенти на вештачка интелигенција. Таа за ВИ агентите е нешто како Редит и слични платформи за луѓето, место каде автономните софтверски агенти, без човечко учество, разменуваат пораки, коментираат, гласаат и формираат заедници. Има пар загрижувачки информации од тој свет. Накратко, од автономни, вештачките агенти веќе одат накај тоа да станат автокефални.  

Разводот на Бил и Мелинда Гејтс станува појасен

„Само имам вечерано со него и тоа е сè“, викаше Бил Гејтс кога го прашуваа за неговиот однос со озлогласениот Џефри Епстин. Во најновата транша фајлови се спомнува епизода кога Бил Гејтс закачил трипер или слична сексуално пренослива болест од „руските девојки“ на Епстин. И барал совет каков антибиотик може да ѝ подметне на својата сопруга без таа да забележи. 

Вонредна песна на Брус Спрингстин

„Песната ја напишав во саботата, ја снимив вчера и ви ја давам денес,“ напиша деновиве Брус Спрингстин за протестната песна која ја посвети на „нашите невини мигрантски комшии“ и на семејствата на двајцата луѓе кои настрадаа од агентите на Бирото за имиграција. Налик на насловот на неговиот можеби најголем хит за Филаделфија, оваа песна се вика „Streets of Minneapolis“ 

Како не му е срам на Иран

За да го оправда сè поголемото воено присуство во тој регион, американскиот државен секретар Марко Рубио објаснува дека САД имаат 30-40 илјади американски војници на Блискиот исток кои можат да бидат потенцијлано загрозени па татковината мора да ги брани. Да го довршиме насловот: Како не му е срам на Иран да биде толку блиску до американскиоте бази? 

Путин кај братот кој никогаш не го виде

Малкумина знаат дека една од жртвите на опсадата на Ленинград бил брат на рускиот претседател. Виктор Путин бил роден 1940, умира на само две години, од изгладнетост и дифтерија во детски центар каде бил пратен за посигурно. Детето е погребано во масовна гробница. Многумина знаат (ама се прават на будали) дека само за одбрана на Ленинград, Русија дала повеќе жртви отколку комбинираните воени загуби на САД и Британија во целата војна.    

Забранетата реченица во Германија

Пoлицаец предупредува демонстрантка да не го изговара политичкиот ерес кој гласи „Слободa за Палестина, од реката до морето.“ Просто, забрането. По потпишувањето на прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас лани во октомври, канцеларот Мерц рече дека „веќе не постојат причини да се демонстрира за Палестинците.“ Од тогаш до денес, од страна на Израел се убиени околу 490 Палестинци. Од реката до морето.

Го чувствувате ли пингвинот во себе?

Пингвините се жилави суштества. Преживуваат во едни од најбруталните услови на Земјата благодарејќи на микс од социјална кохезија и тврдоглавост. Имаат големо его, хаотичен сексуален живот и обично, жесток нагон за преживување. Но, понекогаш, пингвинот едноставно знае да пукне. Наместо со своите, знае да се упати во спротивен правец, далеку од храната и заштитата, во сигурна смрт. 

Прогресивци, каде сте, кај отидовте?

Низ солзи, девојка од Авганистан вика дека би сакала господ никогаш да не создадеше жена, бидејќи таму тие се полошо третирани од животните. Тие барем можат слободно да се движат, овие од куќа не смеат да излезат. Талибанците забранија школо за девојчиња постари од 12 години а во кривичниот закон неодамна воведоа термин „роб“. Ја нема Грета Тунберг, нема протести на Запад, нема ставање профилни слики за поддршка на Фејсбук...

Да осетат како им е

Повеќето возачи немаат идеја колку блиску е блиску кога поминуваат покрај велосипедисти. За да го осетат тоа, возачи на автобуси во Мексико се ставаат на статични велосипеди за вежбање, додека автобус проаѓа на сантиметри покрај нив. Не за да се казнат туку за да ја осетат перспективата и ранливоста на другите за која обично не водат сметка, заштитени во големите метални кабини.

Толстој помага да се разбере Европа

Првата реченица во Ана Каренина на Толстој, во оригинал гласи:"Все счастливые семьи похожи друг на друга, каждая несчастная семья несчастна по-своему." На нашки: „Сите среќни семејства наликуваат едно на друго, секое несреќно семејство е несреќно на свој начин.“ За професорот Мајкл Кларк, тоа е идеален опис на денешна Европа: збир на семејства, секое несреќно на свој начин.  

Цело време знаеја

Имате институт кој се занимава со експриментирање со коронавируси во Вухан, Кина. Во истото место се појавува нов, дотогаш непознат коронавирус. Не само што не беше дозволено да врзеш два со два, туку секој беше сомнителен ако не верува во приказната со лилјаците. И не е толкав проблем кога политичари лажат (сме виделе), ама кога научниции ќе бидат дел од лагата, тогаш остануваме на бришан простор. 

Чикашкиот Сноупирсер

Градоначалникот на Чикаго постојано ги охрабрува луѓето наместо да влезат во автомобил, да го користат јавниот транспорт на градот. Некој решил да пројде, да сними и да покаже како изгледа тоа. Конкретно, на Сината „Л“ линија, долга 43,3 километри. Мечка страв, мене не страв. Да изгледа вака јавниот транспорт кај нас, ќе биде пиштење-вриштење по Фејсбуци.  

Блазе си му на Гренланд

САД се зафатени со силен зимски циклон, од Ново Мексико и Тексас до Нова Англија, кој им го комплицира животот на околу 200 милиони луѓе. Зафатен е и Далас каде изнаврнало меѓу 7 и 12 сантриметри снег. Но, тоа не е ништо за најнапредната технолошка земја на светот (која има и дискомбобулатор). Веднаш извадија силна механизација на терен. Кинезите се фаќаат за глава, на Стојанче лиги му течат....  

Марк Твен и Халеевата комета

Ноќта кога се родил Семјуел Клеменс, Халеевата комета блеснала на небото на Мисури. Било тоа на  30 ноември 1835 година. Кометата штотуку го извела своето најблиско поминување до Сонцето. Неговата мајка тоа го сфатила тоа како знак - можеби нејзиното мало, кревко бебе сепак ќе преживее и ќе биде долговечно. Не само што преживеа и беше долговечно туку и стана Марк Твен.

Лифтот не работеше?

40 годишниот американски алпинист Алекс Хонолд постигна неверојатно луд потфат. Сам, без сигурносни јажиња и друга заштита се искачи на небодерот Тајпеј 101. Тоа е 11-тата највисока зграда во светот, со 101 кат и 449 метри над земја. Се искачуваше точно еден час, триесет и една минута и 35 секунди. И таму најгоре направи селфи. Да му го знаевме бројот, ќе му вртевме дур се пентари.

Зеленски, чекај бе дечко

Зеленски жестоко ја нападна Европа во Давос. Дека не знаат да се бранат, дека се ништо без Америка, дека се салата, фрагментиран калеидоскоп од мали и средни парченца. Ги праша кога праќаат 14 или 40 војници во Гренланд, каква порака испраќаат со тоа? Му дадоа овации и не наjдoа за потребно да го прашаат, Владимир, од чии пари ти живееш?

Жена ли е, мачка ли е?

За да им долови на луѓето од некој прогресивен овразовен одбор дека човек не секогаш е она што се замислува дека е, жена се облекла и нашминкала како мачка. „Затоа што изгледам како мачка и ви велам дека се чувствувам како мачка, дали ми верувате дека сум мачка? Не ми верувате. Зошто? Затоа што сте нормални. Е, па...“

Америка го открива православието

Во време кога христијанството во САД континуирано губи муштерии, на една конфесија ѝ оди зачудувачки добро. Последниве пет години во православие преминале преку 100.000 Американци. Главно млади а ги има од различни профили; и верници од други вероисповеди и атеисти. Што е тоа што православието им го нуди на овие лиѓе а не го наоѓаат кај другите гранки на христијанството?

Не требало да ја викаме вакцина??

Во налет на задоцнета памет и совест, екс директорот на Американскиот центар за превенција и контрола на болести денес вика дека ковид вакцините не ни требало да ги викаме вакцини затоа што никогаш и не биле наменети за спречување на инфекцијата и трансмисијата. Требало да ја сметаме за лекарство, поучува Роберт Редфилд. Само што како лекарство, не можеше да биде наметната како задолжителна, јелда?   

Шарпланинец, наш чоек

Ромео е преубав петгодишен капиталец од моделот Шарпланинец. Го подвргнуваат на третман (тримање, педикир, како ли се вика тоа) кој обично е наменет за сватки мави кученца како померанци, малтезери, ши цуа и слични салонски експонати. И како на секој вистински претставник на балканските соеви, на Ромео од почеток до крај не му е јасно чуму сето тоа. А мирен, мек, памук.

 

Ако Србија е до Токио, Јапонија е до Скопје

Девојка од Јапонија се преселила во Естонија затоа што тамошна фирма ја ангажирала. Само 28 дена подоцна, фирмата рикнала и таа останала без работа. Во меѓувреме, на Малта таа запознава наш дечко и решава да се пресели кај нас, „најубавата земја на планетата“. „Јапонија, Естонија, Малта, Македонија,“ сумира комичарот. „Кога би се раскажала оваа приказна обратно, би звучело како успешна приказна“.