Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Голема оставка во американскиот контра-тероризам поради војната во Иран

18 март 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Директорот на американскиот Центар за контра-тероризам поднесе неотповиклива оставка поради одлуката да се започне војна со Иран, кога таа држава „не претставува непосредна опасност за САД.“
  • Џо Кент, кој лани беше номиниран од Доналд Трамп и потврден од Сенатот минатата година, во оставката вели дека  „не може да поддржи испраќање на следната генерација да се бори и да умре во војна што не им користи на американскиот народ, ниту ги оправдува трошоците за американски животи“.
  • „Не можам со чиста совест да ја поддржам тековната војна во Иран“, напиша Кент. „Иран не претставуваше непосредна закана за нашата нација и јасно е дека ја започнавме оваа војна поради притисок од Израел и неговото моќно американско лоби“.
  • Тој е досега највисокиот функционер на администрацијата на Трамп кој поднесува оставка заради Иран. Станува збор за ветеран од редовите на специјалците од „Зелените беретки.“
  • И најдоверливиот човек на Трамп за ИТ и крипто, Дејвид Сакс, побара Америка „да прогласи победа“ и што побргу да излезе од војната со Иран. Не само заради сегашниот потрес на глобалната сцена туку и заради опасноста Израел да прибегне кон нуклеарна ескалација поради исцрпување на неговата одбрана. 
  • Претседателот го прокоментира неговото заминување во негов стил: „Мислам дека е добар човек ама слаб за безбедност. Многу слаб“.

 

извор

Со што ги прскаат јаболката во Преспа?

31 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Свештеникот Стеван Здравевски од Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ-ОА повторно ја нападна Владата поради процесите на дигитализација, овој пат реагирајќи на идејата за воведување дигитални возачки дозволи и лични документи.

  • Здравевски тврди дека со дигиталните документи, кои според неговото толкување го сведуваат човекот на идентификациски број, се брише личниот идентитет и човекот престанува да биде личност.

  • Свештеникот ја споредува дигитализацијата со системот на идентификација на затворениците и логорашите, кои, како што наведува, не биле препознаени по име и презиме, туку по број.

  • Оди и чекор понатаму, поврзувајќи ја дигитализацијата со сатаната и Антихристот. АПЕЛИРАМ ДО СИТЕ КРСТЕНИ ДА НЕ СЕ ЛАЖАТ ДА СЕ ДИГИТАЛИЗИРААТ БИДЕЈЌИ СО ТОА ВЛЕГУВААТ ВО ДИГИТАЛНИОТ ЛОГОР НА САТАНАТА И ГО ДОБИВААТ БРОЈОТ НА АНТИХРИСТОТ 666, ЗА КОЈ ШТО Е ПРОРОКУВАНО ВО СВ. ОТКРОВЕНИЈЕ, пишува Здравески на фејсбук.

извор

Почина Мишо Ковач

31 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Легендарниот далматински и хрватски пејач Мишо Ковач почина на 85 години.
  • Роден е во 1941 година во Шибеник и растен на истата улица од која се дојдени уште двајца хрватски музички великани, Арсен Дедиќ и Вице Вуков. 
  • Со над 20 милиони продадени плочи и куп хитови кои уште се пејат, животот на Мишо Ковач беше испреплатен со спектакуларна слава, преполни стадиони и тешки семејни трагедии. 
  • Се женеше три пати, еднаш со една од најубавите жени во државата, Мис на Југославија, Анита Бутурина.
  • Во 1992 година неговиот 16 годишен син Еди го губи животот под докрај неразјаснети околности. Мишо никогаш не ја прифати официјалната верзија дека се работи за несреќно самоубиство. 
  • Подоцна Мишо Ковач ги губи и мајка му и брат му. После неколкугодишна депресија, во 1999 година се обидува да се самоубие, пукајќи си во гради. Преживува.
  • Разгрлена кошула, наочари, мустаќ, златни ланчиња и дигнати раце. Доволен му беше еден замав со раката за цел стадион да ја допее песната.
  • „Има луѓе кои и за време на животот станале поголеми од себе, од збирот на сите свои плусеви и минуси.
    Дали и колку нивните дела ви биле битни, што мислите за нивниот стил и слични, во други случаи обично важни работи, за таквите калибри не важат. Таквите се баждарени поинаку и не се судат со овоземни мерки.
    Од таквите Хајлендери, ние го имавме Гоце Арнаудов, а Далмација го има Мишо Ковач.
    Повеќекратен шампион во областа на музиката и повеќекратен губитник во областа на животот, Мишо е некој за кој ви е јасно дека колку и да мислите дека грешел, за тоа можат да судат само виши инстанци“, пишавме во воведот на неговото интервју за Оффнет кое го водеше Ноне Ноциќ (види: Моите песни можете да ги игнорирате, сè додека не се вљубите).

Оди сега биди паметен па реши која песна да ја одбереш од него:

 

 

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Како се синхронизира српска серија на бугарски

Балканштина
2

Со што ги прскаат јаболката во Преспа?

3

Од утре нова такса од ЕУ за Тему

4

Се моли вештачката интелигенција АПЛА да ни попушта

Македонштина
5

Хаос во Полска по нападот на Туск врз Уставниот суд

6

По цена за околу 60 квадрати во Скопје

Видео
7

Не давајте лесно збор

Балканштина
8

За вечера ќе му направи попара

Видео
1

Со што ги прскаат јаболката во Преспа?

2

Од утре нова такса од ЕУ за Тему

3

Хаос во Полска по нападот на Туск врз Уставниот суд

4

Европските пари за Украина се губат по фантомски компании

Свет
5

Фолксваген не може да си дозволи „Голф“ на струја

Бизнис
6

Почина Мишо Ковач

7

Бесконечното крстарење се насука

Одмор
8

Во револуција меѓусебно се кинат глави

Балкан
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Не давајте лесно збор

Балканштина

Како се синхронизира српска серија на бугарски

Македонштина

Двојазичност на албански начин

Балканштина

Вучиќу, не си единствен

Балканштина

Стручна анализа на изборен пораз

Балканштина

Желботека

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Кој бира (повеќе од 36,8%), мастурбира

Кирил, Методиј и Зоре

Правило за состаноци: две пици

Зошто исчезна оваа фотографија?

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy