Операција „Божиќна пратка“

Се работи за најдолгата операција што американската војска некогаш ја спровела, а во неа цели 70 години американската авијација е глуми Дедо мраз за жителите на повеќе пацифички острови.

Во 1951 екипажот на WB-29 (авион адаптиран за следење на временските услови) од базата во Гвам го надлетува микронезискиот атол Капингамаранги. Кога здогледуваат дека локалците им мавтаат, американските војници собираат што имаат по џебовите, го пакуваат во кутија и на враќање со падобран им ја фрлаат кутијата на локалците.

Од тогаш, секоја година во периодот пред католички Божиќ, американската авијација не пропушта да го направи традиционалниот лет до микронезиските острови и да ги испорача кутиите.

Содржината на кутиите никогаш не е фиксна, туку се разликува од година во година и од потребите на островјаните. Во нив знае да има од рибарски мрежи и градежни материјали, до млеко во прашок, ориз, облека, ладилници, играчки, тетратки, лекови и.тн.

Се проценува дека до 2006 над 360.000 килограми подароци биле фрлени како дел од операцијата.

Главни учесници се војниците од Андерсен воздухопловната база во Гвам и од јапонско-американската база во Јокота. Освен нив во собирање на средства за поклоните во текот на целата година учествува ви локалното население, кое организира најразлични добротворни настани за собирање на фондот.

Секоја година даровниот авион е товарниот Ц-130 Херкулес а освен Микронезија опфатени се и островите на Палау.

Годинава, пред неколку денови, беше 70-то издание на Операцијата Божиќна пратка.


10 декември 2021 - 13:33