За важноста да се биде човек што вика „не“

Како родена во семејство на луѓето сакаат да угодуваат, имам потешкотии да кажувам „не“. Се потресувам од помислата на конфронтација. Се фиксирам на тоа како да одговорам на порака од најдобрата другарка, за да не звучам дрско. Треба да излеземе во сабота, и навистина не ми се оди, но секако, ќе дојдам. Списокот на обврски има да го решам, иако веќе крварам од очи! (Хипотетички, но… Јасно ви е.)

Пишува: Кетрин Гилен

Сè што ми требаше беше една пандемија, да научам дека има значителна важност во тоа да се биде човек што вика не.

Според архетипите, човек што вика да е позитивен, лесен за комуникација и мотивиран; тие со не се негативни, тешки и не се тимски играчи. Да-луѓето искористуваат шанси; не-луѓето се мрзливи. Не верувам дека некој ќе ме етикетираше како да-човек, но многу ме бива за глумење ладна и справување со одговорности додека внатрешно паничам, па, за сè.

За мене, како човек што сака ред, глобалната здравствена криза ги направи одлуките со да и не многу едноставни. Одеднаш, нештата беа црно-бели: Или ќе одиш на настанот и ќе разболиш некого (а може и ќе го убиеш), или ќе останеш дома и ќе помогнеш сите да останат безбедни. Мојата анксиозност ме натера да почнам да кажувам не на одредени социјални обврски како свадби и патувања. Откако го извежбав малку тој мускул за не, односно, барем го стегнав, одеднаш ми беше многу подобро кога кажував не и за други ситуации.

Првичниот страв ми беше дека со несогласување, ќе бидам означена како мргуд. Но, откако се навикнав да кажувам не, ја научив и разликата меѓу рефлексното користење на „не“ како изговор и кажување „не“ внимателно, што прави голема разлика. (Понекогаш сепак треба да направиш нешто што не сакаш и да ќутиш.)

А архетипите пак, навистина не навлегуваат подлабоко во кажувањето да или не. Да си хронично лесен за договор може да е ефикасен начин да се прифати позитивен став, но истовремено е и ефикасен начин да си ископаш дупка од прегореност. Кажувањето не може да е страшно, но често значи дека си автентично свој и внимателен кон сопствените потреби - нешто што особено вреди во време кога хасл-култура и продуктивност се вреднуваат повеќе од сè.

Колку повеќе кажувам не, толку посамоуверена станувам во отпорот кон моите тенденции да им удоволувам на луѓето. Излегува дека резултатите никогаш не се ужасни. Луѓето што ми се блиски ги почитуваат моите граници, а во најмала рака, никој не ме нарекол мргуд (барем не во лице). Во големата слика, мислам дека сè се заснова на баланс - да знаеш кога мораш да кажеш да, ама и кога треба да поставиш граница.

Веќе две години поминаа, а мене ми е добро со сознанието дека буквално не можам да постигнам сè. Кој може? Ако некој друг го сфати ова следејќи го мојот пример, уште подобро.

„Кажи да на кажувањето не“ звучи како излитен слоган на маица, но тоа е маица што сигурно би ја носела.

21 април 2022 - 00:03