Можеби се прекрасни, но мопсовите едноставно не се здрави животни - до тој степен што експертите сега алармираат да се престане со купување на кучиња од оваа раса за да се намали малку со размножувањето.
Мопсовите имаат големи ризици по здравје и веќе не се сметаат за „типично куче од здравствен аспект“, вели едно ново истражување. Се открива дека нивното здравје е суштински поинакво и многу полошо отколку кај другите кучиња.
Советот е да не се купува вакво куче додека не им се подобри здравјето и додека формата на телото не им се измени до нешто помалку екстремно.
Мопсовите речиси двојно повеќе имаат шанси да искусат нарушувања на годишно ниво во споредба со другите кучиња. Д-р Ден О‘Нил, професор по животинска епидемиологија вели,
„Иако се многу популарни миленичиња, сега знаеме дека неколку сериозни здравствени проблеми се поврзани со нивната екстремна форма на тело, што на многу луѓе им е слатка. Време е сега да се фокусираме на здравјето на кучето наместо на каприците на сопственикот кога бираме какво куче ќе имаме.“
Меѓу 2005 и 2017, во Велика Британија бројот на регистрирани одгледувачници за мопсови се зголемил пет пати. Но, карактеристиките што луѓето толку многу ги сакаат - сплесканото лице, испакнатите очи, збрчканата кожа и тенденцијата за гојазност - се всушност она што ѝ го отежнува животот на оваа раса и дури сега после истражувањето е јасно колку е голем ризикот.
Синдромот на брахицефални опструктивни дишни патишта бил со најголем ризик - мопсот има дури 54 пати повеќе шанси да страда од ова во споредба со друго куче. Ова се случува заради формата на лицето. Истовремено, ги мачат тесни ноздри, гојазност и инфекции на кожата.
Среќа па, имаат намален ризик од некои други состојби како шум на срце, агресија и рани.
За сето ова да се коригира, формата на телото на ова куче треба да се придвижи кон нешто поублажено и помалку екстремно - ако сакаме расата да ужива подобро здравје. И додека се чекаат ваквите промени што треба да настанат преку планско одгледување, експертите ја советуваат јавноста да размисли пред да побара да купи куче со сплескано лице.
За жал, претерувањата во физичкиот изглед кај некои кучиња кои создаваат здравствени проблеми, често се сметаат за „слатки“ или „нормални“ за расата, а она што уште повеќе загрижува е и дека сопствениците ги сметаат за „попожелни“.
Статистиката е шокантна но за жал, не е некое изненадување за ветеринарите, кои секојдневно се среќаваат со овие здравствени проблеми.
„Ова истражување јасно покажува како екстремните карактеристики што толку многу ги сакаат луѓето, всушност го компромитираат здравјето на мопсовите и водат до живот поминат во страдање.“
Ботом лајн: Колку помалку мопсови се купуваат, толку помалку ќе ги има, па ќе добијат време да се развијат во раса што нема толку да се мачи, само затоа што луѓето или немаат памет, или се неинформирани. Еве, сега се информирани.