Уште ова за отворањето на Париз 2024 и готово

Сцената на отворањето што го преплаши светот и го увери дека „доаѓа ѓаволот“ е и „Тајната вечера“ и баханалија. Барем така е ако се слушаат и двете страни на организацијата.

Уште се зборува за отворањето на Олимписките игри и сега продуцентите и дизајнерот на церемонијата Томас Жоли дадоа одвоени, и навидум спротиставени изјави околу тоа од каде доаѓа инспирацијата. Не помагаат ни игрите на зборови кај „крунисаниот диџеј“, каде што ги игра сите што обвинуваат и што фаќаат сеир со текстови на stories како „Новиот геј завет“.

Многумина, меѓу кои и официјалниот Твитер профил на Олимпијадата и Жоли кажаа дека сцената е „интерпретација на грчкиот бог Дионис, што нè освестува за апсурдноста на насилството меѓу луѓето.“

Други, меѓу кои и официјална изјава од продуцентите на Париз 2024, велат дека сепак било инспирирано од славната фреска на Да Винчи - варијација на религиозните елементи што го вознемири христијанскиот свет.

„За тој сегмент, Томас Жоли се инспирираше од славната слика на Да Винчи за да ја креира сцената,“ велат продуцентите во изјавата. „Јасно е дека немаше никаква намера да се покаже непочитување кон било која религиозна група или верување… Жоли не е првиот уметник што ја прави таа референца на нешто што е светски популарно уметничко дело. Од Енди Ворхол, до Симпсонови и Сопранови, многумина го имаат тоа направено пред него.“

Во интервју за француската ВФМТВ, Жоли призна дека сакал да биде театрален и токму тогаш е изјавата што излегува дека е спротивна на онаа на продуцентите:

„Не ми е тоа инспирацијата, и треба да е очигледно. Доаѓа Дионис на масата. Зошто е таму? Па, првенствено затоа што е богот на прославата во грчката митологија, а таблото се вика Прослава,“ рече Жоли. „Исто така е бог на виното, што е една од скапоценостите на Франција, и татко на Секвана, божицата на реката Сена. Идејата беше да се прикаже паганска прослава, поврзана до боговите на Олимп, и со тоа и со Олимпијадата.

The Sopranos' Last Supper
byu/Bushy-Top inthesopranos

Жоли е француски актер и режисер кој работата за Олимписките игри ја доби уште во 2022.

„За Париз 2024, назначувањето на Томас Жоли како уметнички директор на церемониите е амбициозен избор, конзистентен со нашата визија. Со неговата импресивна кариера, Томас Жоли е предводник на младата, креативна и амбициозна француска уметничка сцена,“ објаснува Тони Естанге, претседател на Париз 2024 во тоа време.

„Неговите исклучителни претстави се доказ дека знае да крши норми и да ги носи на повисоки нивоа. Томас Жоли ќе може да замисли невидени уметнички концепти за церемониите за Париз 2024, без разлика дали ќе биде тоа во срцето на Париз, на Сена за отворањето или на Плас де ла Конкорд.“

Види и:

Ваква Олимпијада му личи на Париз

Се истрчавме малку со „Тајната вечера“, а?

31 јули 2024 - 12:50