Има одлично видео-излагање спремено од страна на Д-р Ана Јудин - да не ве лаже изгледот, девојката е доктор по клиничка психологија и автор, и испровоцирана од псевдо-интелектуалец на интернет, одлучува да го разглоби проблемот, дури и да направи дистинкција меѓу подвидовите на оваа иритантна група.
Главно, псевдо-интелектуалецот од нормалниот интелектуалец се разликува во тоа што само „ја вози“ естетиката и енергијата што мисли дека ја воочува кај тие што го восхитиле.
Не дава аргументи, туку се повикува на неговиот статус и образование, а притоа е и таинствен околу квалификациите што ги има. Знае дури и физички да се преправа, како што мисли дека треба еден интелектуалец да изгледа и да се однесува - на пример да „го има на подкаст“, а всушност зборува со ѕид како тука. Има и мастерклас, а не е мастер за ништо посебно.
И задолжително мора да владее со длабоки разговори на маса.
Мајкл Шин како псевдо-интелектуалец:
Ајде на предавање: