Кога била мала, Патриша знаела дека сака да биде актерка и на почетокот на ‘40-те почнала да глуми во театар. Татко ѝ ѝ помогнал да добие улога на Бродвеј во „Солитер“, а била главна улога и во „Вајолет“, исто така на Бродвеј, во 1944.
Во ‘49, нејзините родители доаѓаат во Лондон да работат на „Трема“, првиот британски филм на Хичкок по преселбата во Холивуд. Патриша не знаела дека ќе ја има во филмот до тој момент - бидејќи личела на ѕвездата на филмот, Џејн Вајман, татко ѝ ја замолил да ја менува Вајман во сцените што ќе бараат „опасно возење“.
Ја има и во „Странци во воз“ на Хичкок, како Барбара Мортон и во „Психо“ како досадната колешка на ликот на Џенет Ли - Керолајн.
Се има појавено во три епизоди од „Алфред Хичкок Презентс“, и во филмови каде што Хичкок не раководи, но сепак највисоките точки во кариерата ги има доживеано преку него.
Хичкок има затворено едно шоу со мала шала во врска со неа - откако ја поздравил публиката и тргнал да излегува од кадар, ја враќа главата назад и забележува:
„Мислам дека малата главна глумица беше доста добра, нели?“
Овде како Ели Марш:
Овде со драгоцени информации од прва рака: