Што има Линда Евангелиста во ташна?

Една од историски најубавите жени во светот, во уште една епизода на симпатичното „What's in my bag?“ на Вог.

Ташната ѝ е всушност првиот Биркин што го има уште од 1985. Уште веднаш го вади телефонот и дознаваме дека си го следи детето (што значи и Линда Евангелиста лично добива некое редовно „мамо, бе!“).

Толку многу ствари има што луѓето ѝ се смеат. Фластери за морска болест? Состојки за шејк? Да, Биркин е огромно ташниште, ама и карти за некоја италијанска игра со карти?

И Вог уредно ќе си ја најави:

„Што има во ташна? Сѐ освен кујнско лавабо. ‘Спремна сум за судниот ден и дома и кога сум излезена.‘ Од Ерејса СПФ што толку ја сака што спие со неа, до приврзокот за клучеви Тифани што го купила кога го родила син ѝ.“

Види и:

Линда Евангелиста се враќа во мода и

Линда Евангелиста нема намера да се крие повеќе

И други ташни:

Алекса Чанг

Ешли Греам

Хејли Бибер

20 септември 2022 - 00:01