Си имаме ние на сајт Храна за возрасни, и многу ни е добра, ама тоа е сепак - храна за возрасни (доказ).
На Off Cafè одиме на поедноставно - храна за луѓе што ги мрзи да готват, храна за луѓе што сакаат да зготват нешто фино, ама природата не им била многу наклонета кога делела талент и луѓе што се „у реду“, ама сакаат да го постигнат тој ресторан-вкус. Е, бидете послушни со рецептот, и ресторанот нема да биде само ресторан, туку ќе биде семејно кафанче во полураспадната куќа на југот на Италија, до кое сте стигнале после целовечерни, пијани разговори со мештаните.
Да речеме:
Ете такво е.
Нека не ве буни „Џиџи Хадид“ во насловот на рецептот, некој само решил да го копира виралниот рецепт на Џиџи, и тоа без вотката како состојка и да направи нешто што ќе ви се прави секој ден.
Потребни се повеќе намирници, ама нека не ве плаши тоа. На првото правење ќе ви стане јасно дека е боза.
Бонус финта: макало од лук се продава во тегла и нема да треба да се правите бербат.