
Ви се појавиле? Кинези, мажи и жени, во природна средина, далеку од фабрики и погони, изработуваат кутии украсени со седеф, порцелански чајници, земјени чинии, рачно боени платна со рачно правени бои... Да, јасно ни е дека се опкружени со камери и светла, со помош и режија, ама процесот секако не може да се лажира.
Оди, пере во река, во фурна соѕидува нешто што треба да се пече и да отстои, крши школки, сече кожа... Овој пат прави руж за лице, розевкаст, од шафраника - растение што не треба да се меша со шафран, иако слично изгледа, и обично служи правење масло и црвена и жолта боја. Поретко служи и за лажење дека јадеш нешто со шафран, за луѓе што не знаат да го разликуваат вкусот.
Руменилото од шафраника е најкласичната природна шминка во древна Кина. Донесено е од Западните области за време на династиите Хан и Веј и се изработувало со извлекување црвен пигмент од ливчињата на шафраниката. Во древни времиња, ливчињата повеќепати се миеле и ферментирале за да се добие нежна паста за руменило, погодна за нанесување на образите и усните, а истовремено и блага кон кожата.
„Производството“ го достигнало својот врв за време на династиите Танг и Сонг, кога руменилото секојдневно го користеле благородничките и обичните жени, особено за свадби и свечени пригоди. Симболизирало виталност и нежна убавина и за разлика од западната козметика, која често се изработувала од минерали, руменилото од шафраника го отелотворувало суптилниот ориентален естетски идеал.
Но, да видиме - макотрпниот процес за изработка на руж од шафраника. Видете само колку пати мораше да го „оджолти“: