Лорд Ивар Маунтбатен, втор братучед на кралот Чарлс изреагира на протестирањето на Меган, кога на Минди Кејлинг ѝ рече „Сега сум Сасекс“.
Во првата епизода од „Со љубов, Меган“, Меган Маркл направи мала тензија кога ја пресече Минди Кејлинг и ѝ рече „Многу ми е чудно што викаш Маркл, сега сум Сасекс“, па одржа беседа околу тоа колку ѝ е важно што сега дели презиме со нејзините деца.
Сепак, Лорд Маунтбатен вели вака:
„Интересно е, затоа што е комплетно неточно. Нејзиното семејно име - презимето, не е Сасекс, семејното име ѝ е Маунтбатен-Виндзор. Децата ѝ се Арчи и Лилибет Маунтбатен-Виндзор; не се Арчи и Лилибет Сасекс, затоа што Сасекс е титула.“
Хари и Меган се војвода и војвотка од Сасекс. Но, Хари официјално е Хари Маунтбатен-Виндзор, што значи таа е Меган Маунтбатен-Виндзор, ако веќе го зема презимето на мажот (и децата).
„Брат ми е маркиз од Милфорд Хејвен,“ продолжува лордот, „но презимето му е Маунтбатен, така што тој е Џорџ Маунтбатен, маркиз од Милфорд Хејвен.“
Признава дека не нашол време да ја ѕирне серијата.
„Не сум гледал,“ вели тој. „Можеби ќе ме интересира; може и да не потрае тоа долго.“
На Меган не ѝ е прв пат да се гордее со „заедничкото презиме со сопругот и децата“, и друг пат го има спомнато Сасекс како нешто што е пресреќна што го делат со „Арчи, Лили и Х“.
А сепак: