Пробуваше повеќе работи, ниедна некако не се фаќа, а сега и од The Cut пишуваат дека баш и не мора да се троши време на нејзиниот најнов проект - серијата на Нетфликс за „создавање на мали моменти на радост за гостите“, и не дека нема по некој фин совет низ осумте епизоди, ама тие „моменти на радост“ никако да зачестат.
Секоја епизода има гостин и некаква тема. Понекогаш темата е „пријатели ти доаѓаат на ручек“, а понекогаш е „пријатели ти доаѓаат на друштвена игра.“ Гостите ѝ помагаат на Меган да се спреми и низ флешбекови гледаме како таа се спремала и за тие гости од епизодата, давајќи ни инструкции за аранжирање цвеќиња и правење домашни соли за бањање. Она што серијата никако не може да го одлучи е дали Меган е експерт што ги учи другарите на по некоја финта, или ученик што посветено прима знаење од професионални готвачи. Веќе до третото аранжирање цвеќиња, мораш да се запрашаш која е поентата овде.
Сето тоа настрана, секако те тера да гледаш; или тоа, или имаш планина алишта за пружање, па сакаш нешто да мрмори во позадина. Во втората епизода, со Минди Кејлинг спремаат „чај во градина“ за нивните мали деца. Прават мали сендвичи, Меган спрема порција овошје и кростини што личат на бубамари. Сѐ е ова жива досада, само Кејлинг ја спасува епизодата.
Го решава главниот проблем - дека баш и нема за што да се фатиш во самата серија. Може сте го виделе клипот каде што Меган ја поправа Кејлинг за презимето - еден од ретките интересни моменти во шоуто. Открива дека многу јадела Jack in the Box (некои грицки?) како дете, а Кејлинг, внесена во улогата на „обична жена“ одговара: „Не знам дали некој во светот знае дека Меган Маркл јадела Jack in the Box и уживала.“
„Многу е чудно, упорно велиш Меган Маркл; знаеш дека сега сум Сасекс,“ одговара Меган.
Еве и клипот ќе го гледаме, да видите колку е тензична оваа срамотна грешка:
Her name is Meghan Sussex, and i love it too 💖💫#WithLoveMeghan #MindyKaling #WithLoveMeghanOnNetflix@netflix pic.twitter.com/l1mYNEWiaO
— sunrayleo - HouseOfSussex 🌴🕊 (@sunrayleo1) March 4, 2025
Ова е еден и единствен момент во сите осум епизоди каде што воопшто се доближува до тензија, како и до ѕиркање во тоа што мисли Меган за што било.
Кејлинг е успешен сценарист и продуцент и знае дека со малце драма се прави добра телевизија - често коментира на тој начин, иако на шега. Може и со ѕид да создаде дијалог, па често успева и да ја направи Меган поинтересна отколку што реално е.
Ако случајно се одлучат за втора сезона (а најверојатно нема), треба повеќе такви гости, како што заклучува Оливија Крегхед од Д Кат.
„Не може човек вечно да ја слуша Меган како повторува дека и најситен детаљ ќе го крене искуството во нешто спектакуларно, пред да оди да вади мед од личните пчели. На серијата ѝ треба инфузија од харизма итно.“