Навидум безопасни фрази што се пример за токсична позитивност

Кога сме тажни и за никаде, имаме потреба да се потпреме на блиските за подршка, совет и љубов за да застанеме на нозе. Сепак, понекогаш позитивни обраќања предизвикуваат бес.

Токсичната позитивност е еден тип гаслајтинг што повикува на игнорирање на емоциите, девалвирање на проблемите и наметнува неразумен оптимизам. Како да знаеме што од тоа што го кажуваме или го слушаме е токсично?

Се разбира, секогаш зависи од ситуацијата и контекстот, но зборуваме за фрази од типот „Сѐ се случува со причина“, или „Она што не те убива те прави посилен“, што ако филозофираме, веројатно е точно, но во моментот, иако личноста што ги кажува нема зла намера, може да предизвика сосема спротивна емотивна реакција.

Ве оставаме со видеото и со „Ќути, има и полошо“:

16 март 2021 - 11:25