Наметката за невидливост на Хари Потер може да стане реалност

До скоро беше само редовен волшебен предмет во фантастика, а сега со искривување светлина околу предмет, без разлика на неговата форма може да се направи невидлив. Нови истражувања покажуваат дека со комбинирање на два типа нанотехнологија може да се дојде до првата, функционална, универзална наметка за невидливост.

Уште откако се пишува и снима фантазија, митови и научна фантастика, една од најчестите желби на фановите е невидливост. Меѓу најпопуларните - Хари Потер и наметката за невидливост што го спасуваше во милион ситуации.

Сега нов развој во метаматеријали нè доближува до оваа замисла затоа што се дошло до искривување на светлината околу предметите што ги прави вистински незабележливи.

Во нормални услови, кога ќе бомбардираш било каков материјал со светлина од било која бранова должина, типичното однесување е или апсорпција, или рефлексија. Ако светлината се апсорбира, тогаш било каква позадинска светлина и сигнал ќе биде затемнет и добиваме дразба од неговото присуство. Со други зборови - предметот нема да биде проѕирен.

Ако се рефлектира светлината, било каков сигнал што би го пратиле, ќе ни се врати назад, ќе го осветли предметот и ќе дозволи директно да го забележиме. И пак нема да биде проѕирен.

Единствениот начин да се постигне реална проѕирност е ако светлината доаѓа од зад предметот и стигне пред него, но како да поминува низ него. Само на овој начин би функционирала „направа за прикривање“, или како што си ја знаат sci-fi фанови - cloaking device.

Е сега, се стигнало до повеќеслојна супстанца позната како метаматеријал, што се развива веќе дваесет години и овозможува електромагнетно зрачење на одредени бранови должини да помине слободно околу еден предмет. Ова е различно од проѕирност - структурата на метаматеријалот ја води светлината од околу и ја враќа непрекината во истата насока од која што дошла.

На помош овде доаѓа и нешто што се вика металеќа и во комбинација со метаматеријалот се надминува пречката што досега не дозволуваше да се стигне до нешто што би функционирало.

Не се само фанови на Хари Потер - и на Стар Трек се радуваат. Таму „беа потребни векови да се усоврши технологијата“, но овде „кај нас“ само две децении, како што пишува Big Think.  Звучи симпатично, ама не и кога ќе прочиташ дека веќе се користи како воена опрема.

Ние наивните да се потсетиме:

3 ноември 2024 - 21:11