- Ова не е само заплетот во „127 часа“ со Џејмс Франко, туку вистинска приказна: Арон Ралстон - откако сам отишол да се пентари по карпи и никому не кажал - завршил без рака затоа што бил заглавен без храна и вода и ќе умрел ако не го направел тоа - и тоа со тап нож.
- Од другите неверојатни ужаси на кои луѓето биле принудени за да преживеат: Преживеана од авионска несреќа морала да си истури бензин на раната за да ги растера црвите од неа. Доктор на Антарктик морал сам да си извади слепо црево, затоа што немало кој. Жена што вереникот ја закопал жива го искористила баш вереничкиот прстен за да се ослободи.
- Некои и ќе ве изнервираат, како тој со кучето.
- Mushroom blonde е нијансата на „плава“ што веројатно треба да ја очекуваме да зачести. Комбинира беж, пепел и ладни кафеави тонови и така создава природен изглед со суптилни преливи.
- Не бара често фарбање, бидејќи постепените премини меѓу потемниот корен и посветлите должини го прават израснувањето помалку забележливо.
- Лесно се приспособува на различни тенови и бои на коса, особено на природно темнорусаа и светлокафеава коса, со можност за посветли или постудени варијанти.
- „Космополитен“ ја претставува листата Z-Stars за 2026 година, со 25 истакнати претставници на генерацијата З кои придонесуваат во различни области, од музика, филм и комедија до спорт, политика, наука, здравство и технологија. Заедничка карактеристика на избраните личности е желбата да создадат нешто оригинално и значајно.
- „Со својата креативност, политичка активност и автентични реакции на општествените промени, младите наоѓаат нови начини да се изразат и да влијаат врз светот, и покрај предизвиците што ги носат вештачката интелигенција и дигиталното опкружување.“
- Може не е за фалење, ама ние не знаеме ниеден.