Како е да се омажиш за човек од различна раса во ‘40-те? Мери Џејкобс многу брзо научува дека повеќето луѓе што ќе ги сретне во животот размислуваат како татко ѝ. Првите неколку години од нивниот брак додека живееле во Бирмингем биле пекол - никој не разговарал со нив и немале пари. Но, не се откажале.
Со тек на време, животот станал полесен. Мери наоѓа работа како учителка и наскоро доаѓа и до повисока позиција. Џејк работи во фабрика, па наоѓа работа во пошта. Полека стекнуваат и пријатели, но не без потешкотии. Мери морала да им кажува на луѓето,
„Пред да те поканам дома, морам да ти кажам… Маж ми е црнец.“
По таа изјава, некои веќе не ѝ ни зборувале.
Крајот е среќен. Минатата година прославиле 70 години брак, сѐ уште се вљубени и никогаш не зажалиле за изборот.
Толку е веста. Малку ли е?