Коктел на денот

Одличен ден да се научи за Хемингвеј Даикири.

Хемингвеј е еден од најзначајните автори не само во американската туку и во светската историја. Многу од неговите дела, меѓу кои и „Старецот и морето“ ги напишал додека престојувал во Хавана. Живеел на периферијата на градот и секојдневно ја живеел кубанската култура и создавал длабоки конекции со локалната заедница. Дури и Нобеловата награда ја има донирано за кубанскиот народ.

Тука некаде се раѓа и овој класика-коктел. На шпански се вика Папа Добле, а на Хемингвеј му била омилена оваа верзија заради посилниот вкус и минималната благост.

На видеото прават две - Хемингвеј Дак и Ла Флоридита Хемингвеј.

The Hemingway Daq:
45мл бел рум
7,5мл марашино ликер
22мл сок од цитрон
7,5мл свеж сок од лимета
лажичка симпл сируп (1:1 шеќер и вода)
прстофат сол

La Floridita Hemingway:
60мл бел рум
15мл свеж сок од лимета
15мл сок од цитрон
1/2 лажичка сок од цитрон
1/2 марашино ликер
1/2 лажица шеќер
1/2 шолја мраз

Сè ова се става во блендер да добие структура како фрапе, па во чаша.

Да не промашиме нешто, еве видео:

5 февруари 2025 - 11:43