Кога се радувавме дека се повеќе луксузни брендови отфрлаат кожа и крзно и дека одат на cruelty-free варијанти, или дека Стела Макартни направи вегетаријански Стен Смит патики, не ни текна дека ќе дојде до овде.
Еден дизајнер, Мет Ромбо (Ромбаут? Кој да го знае како се изговара сам себе.) кој е инаку веган, плус работи вегански, му текнува да ги измисли папучиве!
И не би биле папучите (за во купатило, за на базен…) стигнати до Вог, да не ги има забележано стилистката на Бела Хадид, па да ги сподели.
Концептот е базиран на скулптурите од чевли направени од зеленчук, од истиот автор.
„Сакав да го комуницирам брендот како вегански. Ги направивме скулптурите од зеленчук и стававме постери насекаде низ Париз како покани за ревијата. Оттогаш го правам ова,” објаснува дизајнерот. „Отсекогаш сакав да ги направам и во нослива варијанта.”
Со можност за нарачка се пуштени 50, по цена од 122 долари (а бе, 100 евра за папуча со марула, животе!), а најавен е уште еден модел - исто папучи, ама од виолетова зелка.
…
Единствена јака финта во целава приказна, кога веќе мора да ја има, е што ги пакуваат баш како зеленчук од супермаркет, со налепница „супер зелено” и „темелно измиено и спремно за носење.”
А вие собирајте пари за Ван Гог Ванс кога сте глупи.