Ако сте по cruelty-free, сега има кожа од печурки

Луѓето што направија вештачка пајакова свила, сега прават нов еколошки материјал: кожа од печурки.

Bolt Threads, создавачите на кожата, ја викаат Мило - скратено од мицелиум, компонентата од печурките што се користи за да се направи кожата.

Не само што изгледа како вистинска кожа, туку таква е и на допир. Во последните девет години, Bolt Threads користеле биотехнологија за да земат материјали што ги има во природата и да ги трансформираат во досега невидени текстили. Како што претпочита да каже и компанијата, Animal leather is so 1st century (нели, демоде).

Во соработка со Ековатив, една компанија за биоматеријали добиваат лиценца за технологијата. Клетките на мицелиум се развиваат во лабораторија и се контролираат различни варијабли како температура, влажност и нивоа на CO2, за да се создаде голема фиброзна мрежа што многу личи на кожа.

Стварно:

„Ја сечеме на парчиња и поминува процес кој е доста сличен со начинот на обработка на животинска кожа, само што овој процес е поеколошки,” објаснува Ден Видмајер, основачот на Bolt Threads.

Со мешање во процесот на обработка, се прават промени во цврстината и трајноста на кожата.

Можеби не звучи како најлуксузен материјал, но сепак овој производ веднаш налетува на сојузник во модната индустрија - и веројатно ви е веќе јасно дека ако не се фати Стела Макартни за ова, никој нема да се фати. Англиската креаторка направи ташна од Мило со име Фалабела прототип еден. Во моментов ја има во музејот "Викторија и Алберт" во Лондон, каде што има уште нејзини ташни, креирани за Париската модна недела, а за кои користела имитацијата на свила на Bolt Threads. Во обид да ја намали потрошувачката на вистинска свила, која подразбира убивање на свилени буби, Макартни направи и фустан од материјалот.

Мило доаѓа во време кога многу брендови одлучуваат да креираат поодржливи производи - Гучи почна без крзно минатата недела и извади очила за сонце од биоразградлив материјал, Версаче најави дека почнува со cruelty-free работење и главно се прати мода на еколошка освестеност. 

Дали е слепо следење трендови или искрен пристап не е битно - на планетата секако ќе и биде пофино.

2 мај 2018 - 19:21