Ќе го преживее ли Ана Винтур движењето за социјална правда?

Може ли да се промени култура која е изградена на елитизам и исклучување?

Во понедленикот, Адам Рапопорт даде оставка како одговорен уредник на магазинот Бон Апетит, откако се појави негова слика од некој Халовин каде што е „маскиран“ во рамбовка, дебел синџир и претставува „папи“ за неговата сопруга.

А и онака веќе активно страдале неговите вработени од неговото однесување кон нив, особено оние во боја различна од неговата (белец е), но овие примери не биле доволни за клоца - бидејќи излегува дека постојано овие структури на моќта бараат физички доказ за кога тие, или барем нивните, се обвинети за расни двојни аршини.

Вака и завршува Рапопорт. Бон Апетит припаѓа на Конде Наст, медиумска империја на која ѝ нема рамна на светот во однос на посветеноста на имиџот. Со децении и на ниво на корпоративна култура и на брендиран поглед на светот, списанијата од оваа компанија се држат до ставот дека има „вистински и погрешни луѓе“ и тоа се одредува од раѓање. Имаш богати и имаш лесни за отфрлање, згодни и осудени - парадигма што сега е опасна, а и компанијата се труди да ја смени.

Во рамката на Конде Наст, автократските шефови правеа што сакаат - многу нешта добиваа изговор во името на убавината и профитот. Една поранешна уредничка на Лаки Магазин, Ким Франс има изјавено дека „Да си тежок човек значи да си брилијантен човек“ таму.

Никој во Конде Наст нема пораспространета репутација за тиранија венчана со вроден талент од Ана Винтур, уредничка на Вог, уметнички директор на компанијата и од неодамна советник за глобална содржина. А Рапопорт 20 години ѝ одговараше на нејзе. Како би требало да го менаџира? Нејзината репутација баш и не ја става во некоја добра позиција да го разубедува дека на пример, не би требало да бара од неговата асистентка (инаку црнкиња со диплома од Стенфорд) да му ги чисти палките за голф.

Расата опасна тема во Конде Наст. Неколку вработени (во боја) кои биле отпуштени во последниве неколку години отворено зборуваат за предизвиците со кои се соочиле. Се мачеле да им се чуе гласот, да добијат ресурси потребни за работа дури и на највисоките нивоа; се соочувале со игнорантност и мрзливо стереотипизирање од бели шефови кога ќе се спомнело покривање на црна култура и биле преморени од цело време трудење да се објаснуваат. Иако отпуштени од Конде Наст, никој не се чувствувал слободен да зборува на темата од страв да не им се одмаздува компанијата, или загриженост дека ќе ги гледаат како „кукачи“ и со тоа ќе им биде потешко да најдат работа.

Меѓу 10-те лидери на Вог, сите се белци. Според еден претставник на Конде Наст, луѓето од другите раси прават 14 проценти од постарите менаџери. Од 5-ти јуни, сред глобални протести поради смртта на Џорџ Флојд, самата Винтур им испрати писмо на вработените, признавајќи дека „Сигурно не е лесно да си црнец и вработен во Вог,“ и дека списанието „не нашло доволно начини да ги подигне и да им даде простор на црните уредници, писатели, фотографи, дизајнери и други креатори.“

Иако Вог се потруди да има црнкињи на корица (Ријана, Серена Вилијамс, Лупита Нјонго), почесто пушта бели жени таму. А и овде нешто како да не се снаоѓаат до крај - кога го имаше Леброн Џејмс како прв црнец во историјата на Вог на насловна, во 2008, просторот го делеше со Жизел Бундхен, која му беше како плен во раце, со, според некои, непогрешива референца за Кинг Конг.

Винтур претседава со Вог 32 години и во тој период има направено многу повеќе да ги донесе на пиедестал вредностите на наследство, педигре и привилегија од кој и да е во американските медиуми. Една кратка листа на нејзините асистенти вклучува ќерка на многу важен танцов режисер од Мајами, едуцирана на Јејл; потомок на претседател на огромна банка, едуциран на Дартмут; ќерка на сценарист со Оскар, едуцирана на Принстон и така натаму. Централниот етос на Конде Наст многу долго време значи да си слаб, прекрасен и со беспрекорна позадина - сѐ за да трчаш по нечие еспресо макијато.

Дури и сега, како што продолжува да имплодира издавачката индустрија и има фантастични писатели на кои им е многу важно да работат (или барем да го имаат Вог во сиви), на содржината на Вог придонесуваат луѓе како германската наследничка Елисабет фон Турн унд Таксис и многу други „од јако семејство“. Пред пет години, г-ца Турн унд Таксис објави фотографија на Инстаграм од една бездомничка како чита Вог на троторар, со зборовите „Париз е полн со изненадувања“. Вог брзо се извини и гестот го нарече невкусен, но продолжи да ја пушта девојката со невкусот уште 10 пати најмалку.

Минатата година, Грејс Кодингтон, уште еден придонесувачки автор со огромно влијание на тема што Вог ќе слика и како, беше фотографирана со нејзината колекција „Мами тегли“, расистичка керамика со афроамериканки претставени како сервилни слугинки.

Г-ѓа Винтур е јасно дека верува дека ќе се спаси од минатото и ќе ги закопа врските со еден систем вкоренет во вредности на кои таа им станува корпоративен аватар. Јавното извинување од Бон Апетит беше крајно изненадувачко во признанието на неуспех, а особено на признанието дека „продолжуваат да ги користат како симболи“ и тие малку луѓе во боја што ги вработуваат.

Андре Леон Тали, кој неодамна напиша мемоар за неговата комплицирана врска со Винтур како црнец и долгогодишен уредник на Вог, има многу за кажување. Неделава, во радио интервју со Сандра Бернард, го понуди своето мислење за наводната трансформација на неговата поранешна шефица.

„Ќе кажам една работа, г-ѓа Ана Винтур е колонијална женска, колонијална дама е,“ ѝ кажува на Бернард. „Не мислам дека некогаш ќе дозволи било што да се испречи на нејзиниот пат до белата привилегија.“

16 јуни 2020 - 17:33