Како Лиам Нисон стигна до Шиндлер?

Првиот избор за улогата бил Харисон Форд, кој ја има одбиено со аргумент дека ќе има луѓе што нема да можат доволно да се одвикнат од Индијана Џонс за да ја примат важноста на филмот.

Неколку месеци пред да ја добие улогата, Лиам Нисон бил на аудиција, но претпоставувајќи дека нема да ја добие, прифатил понуда да игра наспроти идната сопруга Наташа Ричардсон во бродвејско оживување на „Ана Кристи“ на Јуџин О‘Нил. После една претстава, Нисон бил во гардероба и се појавиле Стивен Спилберг, сопругата Кејт Кепшо и нејзината мајка. Откако Спилберг ги претставил жена му и баба му, Нисон ја гушнал постарата жена на начин кој Кепшо го забележала и подоцна на Спилберг му искоментирала дека „токму така би направил и Оскар Шиндлер.“

Нисон една недела подоцна добива повик со понуда за главната улога.

За ликот се интересирал и Кевин Костнер, дури и го контактирал Спилберг за тоа, но Спилберг повеќе го сакал релативно непознатиот Нисон, за „ѕвездениот статус“ да не му пречи на самиот лик.

Нисон сметал дека Шиндлер уживал да ги надмудрува Нацистите, кои го сметале за малку будала - не го сфаќале сериозно и тоа го користел до максимум.

За да му помогне да се подготви за улогата, Спилберг му покажувал клипови од директорот на Тајм Ворнер, Стив Рос кој имал харизма што Спилберг ја споредувал со харизмата на Шиндлер. Нашол и лента од Шиндлер како зборува, што Нисон ја студирал за точно да го научи говорот и гласот.

Кога Спилберг се вратил во Лонг Бич да заврши факултет, 34 години откако се откажал, професорот по филм му го примил „Шиндлеровата листа“ наместо краткиот студентски филм што се барал за полагање. Филмот веќе имал добиено Златни глобуси и Оскари за најдобар режисер и најдобар филм.

17 јуни 2024 - 13:00