Како лажат инфлуенсерите

Не е едно вакво видео, и не е некоја тајна и „откривање Америка“, ама странските инфлуенсери, особено американските што преку лешеви газат за да стигнат до прегледи понекогаш се фасцинантни во своето лажење.

Пред сè, како главната цел да е да се прикаже живот многу подобар од животот на тие што ги гледаат - и најчесто многу подобар од животот што самите тие го имаат.

Па така, се собираат производи и сметки од работи купени во еден месец и се прикажуваат како да се купени во еден ден. Се снимаат спортски достигнувања и брзо, пред да се објават резултатите се лаже за второ место, а се работи за триесет и второ.

Хана Алонзо прави вакви студиозни видеа на Јутјуб за влијанието на социјалните мрежи и инфлуенсерската култура - ја имавме и со нездравиот консумеризам на „restock“ инфлуенсерите, а тука обрнува внимание на глупостите на кои што се спремни, само за да нè убедат (и нас, и себе) дека животот е онаков каков што изгледа на ТикТок.

6 август 2024 - 00:00