Прво беше Анастасија Беверли Хилс, па дојде микроблејдинг, па сега операција.
Микроблејдингот е полутрајно решение, а методот е со правење ситни резови во кои влегува пигмент, постои над 5000 години и тоа не само за веѓи. И трансплантацијата на веѓи не е баш нова работа, бидејќи самото пресадување коса (вклучувајќи ги и веѓите) датира назад до ’30-те во Јапонија, каде техниката почнала да се користи како третман за жртви на изгореници кои не можеле веќе да израснат влакна на зафатените делови.
За луѓе кои ги изгубиле веѓите поради претерување со кубење, повреди, старост или други причини, како и за луѓе што едноставно не се задоволни од дебелината или поставеноста на нивните природни веѓи - има неинвазивна операција и ова е најтрајна и најскапа опција досега. А според некои - сосема вреди.
И не е бизарано како што звучи. Непознавачите може да замислат како цели веѓи се калемат на лицето, како за чудовиштето од Франкенштајн. Фала богу, реалната процедура е научна, без фантастика.
Донорски влакна од задниот дел на скалпот се вадат индивидуално, во процес што се вика FUE (follicular unit exctraction - екстракција на фоликуларни единици), или во прамени, па се делат во секции и се трансплантираат. Потребна е прецизност за внимателно да се оформи природна веѓа и хирурзите треба да внимаваат во кој правец расте влакното. Обично хирургот собира и трансплантира околу 250 влакна по страна, што се разбира е долг процес - некогаш и по 8 часа.
Не знаеме дали на едно легнување се 8 часа, ама некако целосна анестезија зазвуче добро во моментов.
Овде ја имате процедурата на видео, само внимателно - има операција, малце крв, и слично: