Јапонската уметност на бивање сам

Во Токио, луѓето чекаат во редици - по некогаш и по еден саат - само за да јадат чинија нудли сосема сами, напикани во мало дрвено сепаре каде што никој не може да ги види. За остатокот од светот, да се криеш и да седиш сам звучи како некаква казна. Во Јапонија е привилегија кон која луѓето се стремат.

На западната страна од светот, осаменоста е толку раширена и страшно се доживува, што ја викаме епидемија и ја сметаме за сериозна закана по јавното здравје. Тогаш, како најдруштвено ориентираната култура на планетата станува светски шампион во уметноста на осамувањето и како успеа да се помири со тоа?

Има овде видео што го истражува јапонскиот концепт на охиторисама - „почесниот гостин што доаѓа сам“ - и целата култура што е изградена околу соло-живеење - соло караоке, седење на скара со едно столче, хотели со капсули... А зад сето тоа стои една моќна дистинкција што западната култура ја има изгубено - разликата меѓу самотијата и осаменоста. Да се разбере ќе значи и засекогаш да се промени начинот на кој ги гледаме сопствените тивки моменти.

Не се ни работи за изолација, туку за отстранување на срамот да се биде сам и учењето сопственото друштво да го третираме како добро друштво.

28 јули 2026 - 21:56