Сме имале такви во друштво - пријателот што постојано зборува за своите проблеми без да запре и да помисли како им е на другите. И понекогаш, навидум наивен разговор за љубовни проблеми знае да забега во многу помрачен за трауми од детство или токсични родители.
Иако отвореното зборување за трауми не е самото по себе проблем, Карла Манли, клинички психолог и автор, вели дека проблемите настануваат кога информацијата се споделува без дозвола, кога не е ни време ни место и со човек што можеби нема капацитет да ја прими таа информација.
Ова експертите го нарекуваат „истурање трауми“.
За разлика од „вентилирањето“, истурањето трауми се прави на „неповикан, неподготвен начин, кога некој ќе фрли трауматични мисли, чувства или енергија на човек што не го ни очекувал тоа“, без разлика дали е близок или недолжен Фејсбук познајник.
Според Манли, „често имаме многу фрустрација, иритираност и бес набилдани во себе и ни треба место да ги оставиме, но истурање трауми врз другите не е најдобриот начин за тоа.“
Во здраво пријателство, секогаш е важно да се изразуваш и да прашаш дали некој е подготвен да ти ги слуша проблемите. Манли забележува дека е во ред да се изназборуваш за површни и ситни проблеми, како работа или социјален живот. Но, најкежуал да фрлиш информација за некоја своја траума во краток разговор е непродуктивно и проблематично. Во таков случај, повторно ја преживуваш траумата, и ти треба обучен терапевт кој ќе ти помогне да ја разбереш приказната, да научиш нешто од неа и да одиш напред. Освен тоа, психолошки нестабилен човек не само што те слуша, туку и ја апсорбира траумата.
Во ред е да се креираат граници со тие што постојано споделуваат трауми и важно е да се истакне дека иако ти се важни, важен ти е и сопствениот мир.
Џудит Орлоф, психијатар и автор на „Водич за преживување за емпати“ вели,
„Како психијатар, луѓето секогаш ‘ми истураат’ на забава. Секогаш. Само се насмевнувам и велам, ‘Извини ако имаш мака, ама ако сакаш да зборуваме за решенија во друго, поадекватно време и место, тука сум‘,“ вели таа.