Фасцинантната историја на гробиштата

Мрачни се и мракот доаѓа од два правци - едниот, потажниот е дека сите знаеме што се гробишта. Другиот е филмскиот, каде што по дифолт се претставени како место каде што не само што има мртви со потенцијал да оживеат, туку и ти можеш да им се придружиш ако не се тргнеш одма, или ако си глуп да ги вознемируваш. Сепак, сте знаеле ли дека некогаш, гробиштата биле живо, ведро место?

Порано луѓето имале поинакви начини за ослободување од своите мртви (некогаш и по дрва ги оставале), а првите закопувања биле резервирани за проблематични луѓе, како казна за бељите во животот, со намерно одземање на правото да добијат соодветен ритуал за испраќање. Кога се видело дека се исплати, затоа што телата биле заштитени и од елементите и од лопови, плус семејствата биле заштитени од траума, настапува нова проценка на бенефитите.

Следи тоа што се случува денес.

Зборот cemetery, или „одаја за спиење“ прв пат го употребуваат Грци, кои правеле цели дворови за закопување на нивните мртви на границите на нивните градови.

Католичката црква знаела да си организира пазари и панаѓури на гробишта, а се носело и стока на пасење, затоа што сметале дека тревата од таму придонесува кон послатко млеко. И да, луѓето оделе на гробишта за погреби, но знаеле да одат и за годишнини, родендени, па дури и за фина прошетка или излетче во природа.

Од моментот кога почнуваат да се појавуваат јавни паркови и градини наменети за шетање и разонода, гробиштата стануваат сѐ позапуштени.

Иднината? Па, има и муабет за тетоважи. Видете си:

12 јули 2021 - 15:09